Буревесник не е ич за вервање, не го земајте здраво за готово, многу бујна фантазија има, само за Тоше како изјавуваше дека бил жив... по тоа можи да заклучите од каков калибар е "новинаров"
Случајот не е монтиран. Околината има очи. Едниот одлично познат на јавноста поради политички сплетки, другиот на Скопјани поради својот порок. Тоа што првиов ја правел зградата и користел просторија во неа е доволно за паметен да укопча дека приказната дека не се знаат со Александар не проаѓа. Адвокат на Александар е Владимир Туфегџик (буквално милијарда пати кажано и пишано, како не знаеш), еден од јаките адвокати.
Може цел живот да поминам во една зграда и да не го познавам инвеститорот на истата. Тоа дека живеел во таа зграда/ имал сопствен стан/ови не повлекува дека морал лично да се познава со Палчо. Милион луѓе купуваат станови и не сите се познаваат со инвеститорите. Така да, тоа уопште не мора да значи нешто. Друго, дал имал порок не знам меѓутоа ето и така да е, тоа исто така не подразбира ништо со убиството. Наркоман/ алкохоличар не мора да е убиец и убиец(помагач во убиство) не мора да е наркоман/алкохоличар и сл. И да, нормално за вакви дела се избираат адвокати со искуство и тоа не е апсолутно ништо чудно или необично. Сосем нормално. Не го бранам таткото ниту осудувам некој друг меѓутоа случајот е многу комплексен и се случил да, убиена е Вања ( на огромна жал) меѓутоа според мене ептен намонтиран, извртени факти, изобличени ептен - приказни за мали деца - украле автомобил, го убиле сопственикот на автомобилот со цел да киндапираат дете ЗА ОТКУП и да ја убијат после еден саат а притоа ја влечеле таму рано наутро додека сите одат на работа. Во лифт рано наутро се среќаваш минимум со два/тројца комшии кои одат на работа/ у школо и итн. Судот треба да почне да си ја работи работата и државата да почне да функционира оти ако за дете не истераме правда што поише може да очекуваме. А со вакви докази кои им се еден со друг контрадикторни ја вреѓаат интелигенцијата на обичниот народ.
Земјата на која е изградена таа зграда е по денационализација даена на дедото по мајка на Вања, дедото ја дава на УПА инжинеринг ( спственост на Палески) да направи зграда.Упа ја гради е и онаа жолтата кај Тифани ( кај што е Диор, Сакам книги и слично.. Не тресете работи кои се случувале пред ваше време и за кои и птиците знаат.
Убаво и самата си кажа дека бизнисот се одвивал со дедото по мајка, така да мајката малце поише логички е “поврзана” со настанот и односите дај/земи што си ги имале со дотичниот. Така да од ова ти што го тресеш не произлегува апсолутно никаква одговорност за таткото на Вања. Пред да напишеш дека некој “тресе” ако можеш размисли ти што ТРЕСЕШ.
Станот во кој што живеат е на име на таткото на вања, татко му и таткото на мајката беа порано ептен блиски бизнис и фамилијарни пријатели. Кој знае знае.. и каква и што е поврзаноста на фамилиите. Прашајте некој кој живеел во тие години пред 15-20 се ќе ви каже кои се и што се. Да ј боже да не е вмешан ама Туфегич да не може да го извади,да го држат толку во затвор?? Не верувам да нема нешто. Мене жал ми е само за сестричката и за мајката
@Dreamsdocometrue имаше мислам и на Код, за тоа како се познаваат. Палчо се знае и со двајцата родители, и со дедовците на Вања. Не е ништо случајно, и не е местено, ако некој му намереше на Палчо да го нема, ќе го снемаше, немаше да се влечка по судој. Има начини како да исчезни од планетава, или "случајно" да му се случи некоја несреќа. Многу влијателниот Палчо па сега ќе го местат. Човекот е тешка пропалица и психопат, тоа е докажано, и сигурно ова не му е прво убиство..
Сите срања им ги знае на политичариве пошто сите си соработувале со него. Сега види ти какви ни се политичарите. Едно време се тепаа да си докажат која партија му била поголема поддршка.. Затоа сме овде до кај што сме заради луѓе како Палчо и неговите пријатели политичари.
Бомбите не се ни веќе интересни, а ги имаат доста луѓе. Се зборува и дека мајката му била швалерка. Секакви муабети има низ скопјани. Он овие ги изигрува, за да се одмазди. Зошто, не знаеме. Ама ова е класично убиство со умисла. Таткото е излажан. Како и тоа не знаеме. Ама да знае дека ќе ја убијат, немало да соработува. А и како соработува, не знаеме. Не го држат без врска. И не се прашувајте како се нафаќаат адвокати за вакви случаи. Кривичари се и од вакви случаии заработуваат. Е сега Палчо ради многу фактори не би го бранела, ама таткото да, оти тешка пара ќе извлечеш од таму. Ама јас не сум кривичар. Случајот е личен да, ама јас не би ја исклучила јавноста. За да нема и манипулации. Нека слушне цел народ. Знам дека е траума за мајката и сестрата, ама пак и муабетите кои се шираат се уште потрауматични. А има ли полошо од тоа што девојчето е убиено и таткото е некако вмешан? Нема.
Очигледно тоа поминува кај добар дел од јавноста. И да го осудат, истите ќе мислат дека е наместен. Иначе, знаел доста за сите гарнитури, им ги вршел прљавите работи, во ред. Сегде има такви. Дур им користат. После тоа ги ликвидираат. Зошто некој би го местел да лежи, кога сите од него корист повеќе би имале ако е слободен? Ама нему не му е сигурен животот во затвор. Да не се повтори историјата пак со кофичето со вода.
Кога бевме во Судска медицина на пракса, ова прво го прашавме Дума, за кофа вода. Вели невозможно и во пракса и теорија да се самоубие, затоа што им се јавува желбата за живот и лесно може да ја тргне главата. Без исклучок, пред да умрат сите ја добивале таа желба за живот.
Корумпирана полиција, судство, криминалци шетаат слободно. Забегана држава. Уште кога рекол дека не чувствува вина, одма на доживотно треба да оди. Па тие паралелно нека си барат докази. Жално у каква држава живееме, какви луѓе ја водат државата. “Неспособни” да откријат убиство или да најдат докази. Па 10 души од форумов да ја водеа истрагата, до сега ќе беше завршен случајот. Па уште ке објавуваат секоја година конкурс од МВР за полицајци. Да не беше трагично, ќе беше комично.
Мене едно не ми е јасно. Како може да нема ниту една биолошка трага од Палчо а во обвинение го товарат дека тој пукал, тој дошол со реното, го возел и цитроенот? Нели Оливер Спасовски кажа во еден прес тогаш дека пиштолот е најден?(или грешка сум?)
Затоа што се се базираше на изјавите на овие тројца они немаа физички доказ колку што се сеќавам.А изјава да смениш е лесно.Е сега тројцава ги има на камера итн.