нели на една од снимките кај Визбегово што излегоа во јавност, Палчо го имаше каде го возеше еден од автомобилите, а и според обвинението тој ги чекал на пола пат до Бразда. Како сега нема докази? Да,можно е да носел ракавици или слично за да нема траги (сигурно има и на тоа размислувано). Но дека го нема на ниту една камера нема шанси, па и уште само врз основа на исказите на другиве го имаат уапсено? Ноу веј.
Малку ќе излезам од темата ама, не верувам дека баш сите ја добиваат таа желба или барем не дека сите мораат да ја испочитуваат, тука во глава ми се уврте Thich Quang Duc како пример. Будист кој се самозапалува во форма на протест, има слики кои се доста графички на интернет, ама буквално половина човек е во изгорена состојба, а другата половина гори, а типот не е мрднат од првичната поза која ја има завземено. За Палчо, најголем доказ ми е тоа што го најдоа на автопат во сред Турција... како шета пешки...
Поточно од ова и нема. Случајот им е кристално јасен на багрите само на обичниот народ им се сервираат приказни за мали деца.
Не мислев дека случајот е монтиран во однос на Палчо, со цел истиот да се тргне од некаква сцена. Монтиран во односн на доказите, во однос на испревртена фактичка состојба, изобличени факти и тн. Ништо од украдено возило, убиен сопственикот на возилото со цел да се киндапира невино девојче кое по саат време е убиена, нема никаква логика и разумна поврзаност на настаните. Сепак се прикриваат нештата а на јавноста и се презентира сосем друга вистина..
Убија дете, има снимки, јас не верувам дека немаат докази, плус Палчо има доушници, кога се расчу дека е откриен проба да избега. Баш во тој период замина да се лечи. Коинциденција?Мислам дека на снимката имаше дека Палчо вози зад колата во која е Вања. Сите знаат од кој калибар на човек е, а и тие другите ако беа нормални личности немаше да одат по умот на еден психопат. Никој ништо не му мести, на крај уште да не треба да го сожалуваме. А кој е мотивот сигурно се знае, според мене нерачистени сметки со семејството на Вања, или пропаднат план за извлекување на пари. Ниту е испревртено ниту е изобличено туку имаш една група на мизерни, ниско интелегентни луѓе, психопати, кои не ни размислуваат за ништо. Кој нормален би бил во партијата на Палчо?
Пишав јас и пред тоа дека тие што ги нарекувате амеби , наивни кои ги лаже палчо ич не се наивни изгледа и не се ,туку се тврдокорни ладни убијци Токму оној Велибор што го штити ојо неговата днк е насекаде и во Реното за кое вели палчо го возел, и траката со која на Вања и била устата залепена, и кај Панче, Панче му должел пари идел да го тепа па Панче го пријавил во полиција и добил забрана да му се приближува, но потоа е најдено дна доказ по смртта на Панче, па велешката судијка го штитела, изгледа тој е вистинскиот убиец, па уште и вели Вања била грешка требало некоја повозрасна жена, ... Ако Вања била грешка зошто татко и е обвинет? Ако требало друга кој е нарачателот? Тој другиот обвинет вели инспекторите така му рекле да каже дека татко и им кажал кога излегува Вања.. Тој Велибор изјавил се јавил палчо на Александар но по вештачење на мобилните нема никаков разговор? Јас реално ништо не им верувам на нашите од ојо , не му верувам ни на палчо но се ми е ова сумљиво.
Адвокатот на Александар кај Ландов, дава детали за убиството на двајцата, многу нелогичности има. Фала на корекција. Во живо е сега, цело време објаснува адвокатот
На која минута? Преантипатични ми се двајцата за да го гледам цело. Spoiler Редактирај си го мислењето, аутокорект место Ландов - Лондон.
Раскажува дека таткото не се познавал со Палчо, дека е киднапирана со цел да биде ликвидирана поради ископаната дупка, дека немало план за барање откуп..
Ај некој нека ми го напраи муабетов, шо ако дупката е претходно ископана? Го ставаш заложникот у дупката врзан и праќаш слика со која се закануваш. Не знам што толку се фатија за дупката кога имаат материјални докази.
Го ислушав Туфегџиќ во поткастот конкретно за ова дело и моето мислење останува дека таткото е вмешан, а не невин како што тој тврди. Ако го слушате внимателно и му ги анализирате одговорите, ќе забележите како на конкретни прашања одговара околу, манипулаторски, дипломатски, you name it. Мислам нема потреба да си дотолку правно писмен за да препознаеш. Пример, прашан е конкретно како таткото од грижлив родител стана наеднаш еден од осомничените. Одговорот му беше дека девојчето страдало еден ден, а таткото од тој ден сѐ до сега. Мислам каков е одговорот? Прашан е зошто повеќе не се во контакт со мајката кога се знае дека заедно соработувале и преземале дејствија да го пронајдат девојчето, пак нема конкретен одговор. Друго, го праша дали ги познава останатите обвинети. Одговорот е не ги познава, станува збор за целосно спротивни профили на личности (алудирајќи на останатите тројца без Палчо). Кој е аргументот за Палчо, дека овој очигледно не е? Кажа дека од април 2023 бил невработен и потврди дека имал проблеми со недозволиви супстанци ‘90-91. (можеби важен момент во утврдување на мотивот) Имаше исто прашање за поделбата на имотот, искрено овој дел ми беше конфузен од неговите одговори. Препишано, непрепишано од немарност, не знам, не сфатив. И уште една работа, не помалку битна е одговорот на прашањето, кој го снима Александар како зборува додека ги прегледува снимките од возилата. Одговори со не знам, не ме интересира. А тврди за веродостојноста на гласот дека е тој. Како не го интересира, негов клиент е? Моментот дека и Палчо и Александар негираат дека се познаваат ми е причината да верувам дека едниот е соучесник, а другиот извршител. Беше пишано и претходно, најверојатно таткото е изигран дека ќе биде само заплашување за да даде информација и да извлечи некоја пара, а Палчо свесно го планира киднапирањето со цел ликвидација. Причини најверојатно нерасчистени сметки од претходно и одмазда. Не мислам дека му е од корист на Туфефџиќ што излезе јавно во поткаст да зборува за ова дело.
Го изгледав подкастот и адвокатот потврди дека денот кога е киднапирана Вања , сестра и губела час. Значи, еднаш засекогаш да расчистеме со овој дел. Сестра и губела час, а не правела операција како што пишувавте шпекулации. Затоа го вртам вниманието сега кон мајката , најсомнителна ми е од сите. Се крие од јавноста, глас и немам слушнато, а новинарите по порталие можат се да пишуваат секакви лаги. До сега сите настани што ги имам изгледано каде им исчезнува дете , го убиваат дете, мајката се појавува на камери, дава изјави. Само кај настанот кај Вања, мајката ќути , глас не и се слуша. Така да, чекам да видам како ќе се одвиваат работите кога мајката ќе сведочи. И добро е што судењето останува отворено за јавноста.
Сигурно е така и од адвокат советувана да молчи зашто нема уште судска разрешница, допрва треба и да сведочи…Јас не верувам дека е виновна мајката, ама дека е уплеткана цела работа со нејзиното семејство, е. За таткото не знам што да мислам. Пропаднат е ептен се глеа и дека пати. Сакам да верувам дека не е соучесник, се прашувам колку треба да си идиот да соучествуваш макар и само да е киднапирање за заплашување или за откуп барање. Дека ќе ја убијат сигурно не знаел гледајќи го како изгледа. Си го замислувам моментот кога овој му вика “ќе ја грабнеме ќерка ти да ја заплашиме жена ти и ќе ја вратиме” и овој му дава информации кога ќе оди сама. Кој здрав разум би го дозволил тоа? Му направија ли психијстриско вештачење?? Ги ставија на полиграф?! Ги читав од буревесник на Палчо писмата. Кој манипулатор човече. На сѐ има мислено до детал.
Ја сеа ќе слушам ама од тоа шо пиша @boo3 Туфегџиќ лаже. Мислам добро, за да си добар адвокат, треба добро и да лажеш. @Herrera од почеток беше дека малата губела часови, после смртта на Вања била на операција. Тогаш се јави мајката
Во ред, сакав да сме на чисто со таа информација. Значи , Вања сама има појдено на школо, а сестра и тој ден губела час, затоа останала дома. А не, како што се ширеа информации дека сестра и била правена операција па мајка и ја чувала и затоа не пошла на школо тој ден. Ќе видиме како ќе се одвива случајот понатаму.
Адвокатов малку се заплетка, користел татково недозволиви супстанци неколку месеци па бил на лечење? Зависник не се станва од неколку месеци... После не е вработен од април 2023, али неговото семејство биле добро ситуирани? Нели се разведени треба да плаќа алиментација, а човекот е невработен, значи да се здрави и живи мама и тато... Не се познавал со Палчо? Не би рекла дека не се знаат... Се сум посигурна дека Александар е вмешан, но сигурно не знаел дека ќе ја убијат. Другите психопати сигурно не се познаваат со Александар
Адвокатов кажа дедовците на Вања како биле поврзани со Палчо? Јас на почетокот стварно мислев дека претерувате со некои муабети. Сега како поминува време сфаќам колку сум била наивна и несвесна за некои работи.. Овде на темава имаше разно разни сценарија и повеќето бевте во право.
Освен она што и на дете му е јасно дека Вања е киднапирана за да биде убиена ништо битно не кажа Е сега ако Вања не влегувала во лифт сама или без да ја чека некој, како баш тој ден влегла? Татко и не бил во зградата,(или бил) а тие што ја грабнаа и убија не ги знае, тогаш кој ја чекал? Мајката, некој/а роднина или некој/а познат /а од зграда? Др работа, ако се знае дека тој Велибор го грабнал и пукал во Панче, а овој вели начинот на грабнување и убиство е ист , тогаш тој Велибор ја убил и Вања. Кој е нарачателот? Палчо? Таткото? Некој сосем трет? Јас некако се уште сум убедена дека таткото никако не е поврзан со убиството на детето. Кој е нарачателот и што ги поврзува Панче и Вања. Сигурно има некоја поврзаност.