А бе дека е чиста мајкава не е, ама она не ќе да има врска со ова. А сигурно има нешто што не сака да се дознае кога барала рочиште затворено за јавност.. и дека не го познава Палчо.. а бе дај те молам. Скопје не е њујорк.. се знае се особено за тие категории на луѓе како нивните родители.
Како ги знаете сите пријатели на вашите? Јас еве, освен неколку, појма немам кои се другите, ниту ме интересирало. Ниту па моите знаеле во секој момент со кој сум се дружела. Имало неколку стални пријателства, останатото немало потреба да го знаат.
Овие муабети и маж ми ми ги кажуваше за мајката т.е дека со таткото били исти на времето. Мајкава очигледно престанала, ама татково изгледа не. Јас не ги знам луѓево, а генерација сме тука некаде, маж ми ги „знае„ од муабети на времето кога излегувале низ град. Којзнае што е вистина? А и колку од таа вистина е битна за случајов? Мене уште мозоков не може да ми испроцесира дека родител може на ваков начин да предаде дете!
Јас едно знам. Јес да сме дно држава ама ни овде не би држеле татко на свирепо убиено дете во затвор без цврсти докази. Има нешто. Што и како они си знаат.
Хипотетички и да му била Зорица швалерка на Палчо сигурно нема да убиеш дете оти те остајла швалерката. Онака испланирано грабнување со туѓо возило, можи да е заради пари. Сигурно им ветил % на оние неранимајковците и за пуста пара празноглавите гниди се нафатиле. Не ми изгледа како одмазда особено не спрема Зорица ако му била швалерка. Вакво нешто, ваков план се прави за пари, сепак не сме ни муслимани па да е некоја крвна одмазда. Или Александар знаел за париве на мајката и бил должник на Палчо па решил да си издаде сопствено дете за да спаси глава, или и него му требале пари па пола пола со Палчо. Мислам дека им пропаднал планот за откуп заради одма што била известена полицијата
И јас мислам има. Не знам, најлогично ми е дека татково со оглед на тоа што не работел должел многу пари на Палчо, но не верувам дека знаел дека ќе ја убијат. Мислам дека верувал само во заплашување, а ескалирало и затоа е тој таков пропаднат, го мачи и вина покрај тоа што си го изгубил детето.
Многу коинциденции некако. Заплеткано со становите нати го - дај ми го, во тој стан доселени 2 месеца пред да се случи убиството. Претходно го имал таткото и имал киријаши таму, чија кирија одела на негова сметка. Како да сакала мајката да му земе се, да ги заштити децата претпоставувам ако бил невработен и плус недомаќин по нашки. И оваа ситуација со становите се одвива последните месеци пред трагедијата. Од друга страна, сите некако сме фокусирани на “голема” причина за сето ова. А често пати се докажува дека убиство може да се случи и за многу побанална работа од што сме можеле да помислиме. @Biljarkata Биљо, и ја се сложувам. Според времето од киднапирањето до убиството, и претходно “наводно” ја испрашале кратко која е што е, се поклопува дека директно ја носеле кај дупката и друг план немало.
Палчо бара да не се вознемирува мајката. Мајката бара исклучување на јавноста од случајот. Таткото на Вања го направивте апла наркоман. Во ред, човекот имал претходно низа матни работи кои очигледно нема како да се негираат. Малку да се гледа поголемата слика. Мене ме интересира дали ако мајката излезе швалерка има и она делумно вина? Сите по малку се вмешани, на овој или оној начин.
Јас уште стојам при мислењето дека дупката е ископана да се чува таму детето додека се даде откуп... И на крај план Ш ако треба да се убие. .. Далеку е, нива е, не може да ја препознае локацијата, ниту патот до таму, нема луѓе у близина, нема камери и сведоци, легни ја у дупката, паркирај колата одозгора или фрли плех или даски и ете скриена е.... Сигурно мислеле дека брзо ќе се заврши работата. Не за џабе и рекол татко и да облече јакна, знаел дека надвор ќе биде.
Па добро мислам дека е во ред што мајката бараше да се исклучи јавноста. Има уште едно дете, девојче во пубертет и здравствен проблем кое треба да го изгледа. приказната за швалерка на Палчо ја измислија беспослени баби на чешма(фејс) Да му била швалерка, се некаде ќе излегле низ СК би ги видел некој. Татково е клучниот по мене.
@Cosmi немаше таков случај досега тука, па заслужува да е вклучена јавноста. Полезен ќе е за сите. Башка што е сето испомешано.
Да, јавноста треба да ја дознае вистината поготово што е вклучен контраверзен лик ко Палчо ама сепак сосема ми е логично барањето на мајката, сака да го заштити другото дете.