Изолиран случај е, не е полезен за јавност ама ич. Има право да бара приватност. Има уште едно дете. А кај нас ако не е ставена мајката на тапет.. Сами ќе си ја ставиме. Читам коментари, каква била дотерана на судењето, што носела.. Ако не по пижами нека оди. Ете толку сме долни и од се правиме сензација. Она и само она знае како и е..
Убиството се случува на 27ми ноември, нормално дека ќе носи јакна, и нормално е родител да советува дете добро да се облече.
Бара исклучување заради помалата ќерка, таа некогаш ќе порасне, ќе види на интернет и со оглед на нејзиниот проблем со срцето нема да е сеедно. Ни она досега не се појавува никаде. Таткото кога јас пишував дека е смрдибуба ме нападнаа овде, класичен наркоман кој сега без дрога е пропаднат скроз. Не, таткото не е воопшто чист, мајката била повлечена и мирна жена, не се дружела многу, немала пороци моментално, во минатото дали имала не знам, ама на работа важела за многу мирна и повлечена жена, голем професионалец.
Мене баш ништо не ми излезе на социјалните мрежи како е облечена, иако тоа е најмалку битно(?). Полезно зашто се работи за дете, убиено на свиреп начин. Оти ако имаш незавршени работи тоа се решава поинаку. Можеше и да остане случајов прикриен, па ќе шетаа меѓу нас.
Коментарите беа за како е облечена, сигурно новинар нема да пише.. Доволно е јавен. Знаеме многу работи. Битно е да се осудат. Се друго е приватно.
Готово, не видов дека си ти. Ама стварно многу си дозволуваме.. Мајка е бе.. Кујзнае колку ја боли.. Уште новинари во фаца да има..
Ехеее, махери сме за вадење муабети од контекст. И ние и србите. И тие коментираа за судењето на детево какви биле родителите. Овде ја распнаа оти никаде не се појавувала мајка и на Вања. Свашта. Да не си и во кожа на жената.
Doteranata bese advokatka. Majkata bese bas normalno oblecena. Taa so biserite kako na midna pista da odi a ne na sudenje za ubeno dete bese advokatka..
И јас од старт кажав за таткото.. се разбираме. Нов адвокат ќе го брани Љупчо Палевски-Палчо за убиствата на Вања и Панче
Мене знаете што ме чуди? Што никој од нив двајцата (мајка ѝ и татко ѝ) не го нападнаа Палчо, и продаваат ветер у магла со приказната дека не се познавале. Плус и ќерката на убиениот не го спомна Палчо. На крај, он ке си остане невин. Освен ако овие другите не ја кажат вистината за неговата улога во овие два случаја. Ама скроз ми е чудно што не го познавале… yeah right!
Полициски началник: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена - Република (republika.mk)
Началник од МВР денеска сведочеше на судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој го имал првиот контакт со родителите на девојчето, кога веќе постоеле индиции дека Вања е киднапирана. Рече дека таткото, Александар Ѓорчевски, на него и на колегите им бил чуден. -Мајката беше поприбрана и сталожена, а однесувањето на таткото на почетокот ни беше чудно. Беше конфузен, беше потиштен, при многуте изјави што го прашувавме, рече Музафер Каришиќ, кој во времето на убиството бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи. Тогаш почнала потрагата, односно сведокот барал со таткото и роднина на семејството Ѓорчевски. -Мајката кажа дека има стан во Капиштец, но нема клучеви, дека се кај таткото. Бараше да се оди, да се прави претрага, но тој рече дека веќе бил таму и нема зошто да се оди. Јас инсистирав и отидовме. Влеговме во гаражата и се качивме со лифт. Го отвори станот. Побаравме да не има некое писмо, но за цело време таткото велеше дека ќерката е киднапирана, дека е убиена, рече Каришиќ. Потоа потрагата продолжила кон паркот во Капиштец. -По пат цело време велеше, џабе одиме, џабе тука бараме, ама ајде ќе одиме. Остана во возилото, запали цигара и не излезе. Тогаш се запрашавме зошто не излегува од возилото како татко да бара. Го прашав зошто не излезе, повторно имаше конфузија, и пак рече, таа е киднапирана, таа е убиена, џабе тука бараме, посочи началникот. Биле и до Средно Водно и истото се случило и таму. Таткото останал во возилото. -Повторно со роднината коментиравме зошто не излегува од возилото, рече началникот. Тој појасни дека го прашал Александар зошто така мисли, дека девојчето е киднапирано, дали должи некому, дали има некои проблеми, закани, но тој негирал. И мајката кажала дека поранешниот сопруг е специфичен, тешко и било да го објасни.
Не го држат за џабе, плус еве мене не ми е баш нормално човек на негови години со 2 деца да не работи, без разлика дали неговите се имошни или не. Па маж што ќе правиш цел ден дома ќе црвосаш, да не излезиш да спечалиш денар за себеси и за твоите деца, да чекаш мама тато за кафе? Чудна ми е целата ситуација, особено после гостувањето на адвокатон уште повеќе верувам дека Александар е вмешан, можеби не бил свесен со кого си фатил работа
Мора да пропејат некако. Сус се сите. Мене ова за Зорица ми е чудно, не верувам. Ама Александар е вмешан и одма значи и пред да се дознае дека е убиена, и ја ви пишав дека дужел пари. Значи Скопје колку и да е големо, е мало. Поготово шо татко ѝ на Зорица бил директор на Царина, овој Палчо со политичари, ова она.
Оффф… не му е чист г’зот на татково. Ќе излезе дека знаел многу поише од само “наивно” споделена информација за кога излегува девојчето и дека бил вмешан многу повеќе. Не би да инсинуирам ама мајката инсистирала на префрлање на становите чисто оти знаела за прљави зделки и бизниси на бившиот. За жал тој си фатил работа со многу погрешни луѓе и исходот од тоа е црн.
Мајката кажа дека татково често знаел да и соли памет за тоа како децата се облечени за на школо кога одат во смисла да не им студи и слично..