Е вакви како Палчо просперираат кај нас. Човекот пола Дебар Маало го унакази. Си беше врзан со партии на времето и се му беше дозволено. Да сме биле саглам систем овој до сега требало да биде во затвор одамна. Исто се чудам на адвокатот кој што го брани. Па има ли милост тој човек? Разбирам дека бранат секакви, ама ова бе. Ќе ми биде грозно да седам до него. Инаку за таткото. Ако веќе има порака од неговиот телефон, јасно е дека е кривец. Жално е навистина за девојчето, на кој начин го заврши животот. Искрено се надевам дека правда ќе има.
Мотивот само остана неразјаснет и само шпекулации има за него. Мое размислување: Ако се работело за должење пари тој што побарува ќе бара пари. Нему не му требаат човечки жртви зошто не носат финасиска корист, напротив носат поголем ризик. З Што би добил со тоа? Откуп не е побарано, не е ниту направен обид за тоа. Убиството е или поточно убиствата се со предумисла и со план кој има фази и кој е сложен, а не случаен. Намерно осмислен за да се сокријат трагите кои би довеле до сторителите. Целта на сите овие чекори што ги направиле не ми личи дека имале крајна цел да изнудат пари. Имале крајна цел да убијат. Затоа поверојатно ми е да е некаква одмзада причината за сите нивни постапки, отколку дека е мотивот финасиска корист. Тоа е мојата теорија. Истотака, без трагите од тој ликот што доставувал снимки до детективите, прашање е дали ќе ги поврзеле двете убиства. Трагите доставени од таткото (преку тој лик), кој цело време знаел каде да бара. Во најмала рака таткото знаел што е направено, кој е крив и заради што. Тој го знае мотивот. Дали ќе пропее некој од обвинетите за мотивот, не знам, не верувам, зошто тоа би било на нивна штета.
Немам дилема дека таткото е замешан.Мајката и во сведочењето посочува на него.Веднаш слегува на повик од мајката иако претходно каснел,значи облечен натокмен од наутро ,како за на работа ,а не работел .И ништо не ја потпрашува мајката ,туку само молчи и е потиштен.Секој да е и комшија ќе те праша нешто да не се скарале , нели си имале историја на конфликти.А тој молчи како мисир. Девојчето е ликвидирано .Гадна работа стои позади овај случај .Никој не убива за ситна пара ,а кога се работи за дете 30000евра остатокот од станот е равно на 0 денари.Многу поголеми пари се во прашање и нерасчистени сметки.Станот од оставина се препишал на таткото,нека крене два прста ако постои барем еден што препишал или би подарил стан од родители добиен на брачен другар.Ахм.Па после да бил на децата ,ако им се случело нешто на родителите,а по автоматизам посекако следува на децата.Освен да се плашела дека ќе го продаде вошкаров.Ама пак останува прашањето зошто му го подарила.Јавна тајна е и дека нашиве политичари имаат по еден стан и канта кола во анкетен лист,а по 10 се водат на ојлевци дојлевци,за да бидст чисти.Којзнае какви валкани работи стојат во позадина. Овој Палчо психопатов со умисла го има убиено девојчево.Обвинителство го води случајов дека е за користољубие по признанието на овие лејкиве со се татково заедно.Излажани се од психопатов дека ќе киднапираат дете и ќе изнудат пари,ама тој имал друга цел да убие,кога го извршил чинот станато им е јасно. И за Панче многу прашалници според обвинениево.За 500 евра ќе го убијат?За да ја земат колата им требала да извршат киднапирање?До канта кола дошле?Или знаел,дознал за планот па одбил да учествува,па решиле да го убијат.
Исто мислење делиме. Скроз. Во последниот дел не се сложувам баш. На обвинетите веќе им е јасно дека нема да добијат олеснување на казната ако ќутат за мотивот, па мислам ќе кажат ...
Од сите обвинети, само мастермајндот може да има мотив, другиве се извршители за ситни пари. Мое мислење. Се согласувам со твоето од погоре.
Не еден, двајца доброволни адвокати? https://fokus.mk/palcho-angazhirashe-i-vtor-advokat/ Вистина е ова или па некоја новинарска патка?
Абе женски, таква е работата, неблагодарна професија. Адвокат не е суперхерој да спасува луѓе, туку да брани или да намали казна при осуда, па макар бранел и сериски убиец. Ниеден адвокат за својот клиент нема да каже - да бе, он ги испоуби сите, јас предлагам да му дадете смртна казна. Туку, тој ќе се фаќа за сламки и дупки во истрагата за да ја ублажи казната на својот клиент. И хирургот може да го оперира убиецот ако е повреден, тоа му е работа. Најлесно е да кажеш епа нека цркне кога убива луѓе, ама хирургот тоа го гледа како операција плус, и пари плус. Палчо ако го убијат во затвор, ако фамилијата сака да си го закопа во гроб, ќе мора да купат ковчег и да го закопаат. И сеа вие ќе му се ставите на тој од погребално - ама глуп си ти, остај го, не им продавај, нека скапе на нива некоја на сред пат. Значи тоа си е бизнис. Дали е инспектор, новинар, судија, адвокат, полицаец, чувар, или што и да е, работа си е работа и во бизнис нема емоции.
Никој вина не признава, а интерно со полицијата сите кажале по нешто за случајов, кој како директен сведок, кој како "претпоставки", а и еден за друг, па после не се познавале Нема шанси да е за пари. Односно САМО за пари. Има нешто друго скриено зад тие парите сигурно, оти дискутабилно е и најголеми мафијашки групи дали би покренале олкава организација и би ликвидирале две лица, од кои едно дете целно, а другото лице маж во години, веројатно колатерално. Со сè киднапирања, крадени и палени возила, возење низ пола држава, ископани дупки... Овие тројцава слепци па, сигурно дека тие не организирале, ама дека не учествувале и егзектурирале, сигурно, еве поверував. За таткото веќе е јасно дека има вина, е сега дали свесна или несвесна... Овој ЉПП несакам ни да го коментирам. Немам соодветен речник за него.
Обвинителството на главна расправа ќе ги приложи доказите и до тоа ќе и одговори на јавноста за мотивот. Така да, се ќе биде јасно кога ќе се изведат доказите. Таткото го решил случајот, ама не ја признава својата вмешаност. Стојам на тоа дека нема врска со убиството. И да, за адвокатите ова е прилика и тоа им е работа на кривичарите.
Јас мислам дека штом менува адвокати овој Палчо веќе е во страв и почнува панично да делува. Зошто менува адвокат како Туфекџик и тоа носи двајца нови недокажани.