Ќе се коригирам, во однос на мое претходно мислење. Се уште се надевам дека таткото нема вмешаност, туку тоа шо го тврдел дека Вања е киднапирана и убиена е поради закани кои ги добивал од Палчо и верувањето и веројатноста овој човек да направи такво нешто.
Туфекџиќ е на Александар. Овој Палчо зел уште еден да го брани, сега има двајца. Овој Александар мора да има некоја вмешаност. Тој знаел кај да бара снимки.
Моја грешка сори. Ама нели и он имаше некој со звучни име адвокат или грешам. Јас не се сомневам во вмешаноста на таткото, никако, тој ако не бил вмешан немаше да биде толку мирен. Кому му убиваат дете и седи вака мирен бре.
Според исказот на инспекторот,кој истовремено е жестоко напаѓан од Туфекџиќ,снимките ги обезбедил Гоце,пријател од Александар.Му приложил и снимка од бензиска од Велес на која е Панче.Нај запрепастувачки по исказот на инспекторот е дека во тој момент полицијата поим немала за поврзаност со двете убиства. Исчезнато е дете во Скопје ,а ти доставуваш на полиција снимка од бензиска од друг град и замисли на неа е Панче.Зошто? Ќе биде и сведок Гоце ,па ќе објасни ,ќе разјасни ,да видиме.
Дали има нешто официјално, дали е пронајдено оружјето со кое се убиени? И дали се работи за исто оружје?
Разоткривањето на мотивот е најбитно. Испаѓа дека девојчево е навистина жртвувано, којзнае со каква приказна се заведени малоумнициве. Можеби семејството на Вања ја имаат пошироката слика, но во сета своја болка, од страв мораат да ќутат сега.... Најлогично е да се работи за одмазда која има корени во минатото, но во тој случај мајката и таткото не би ја криеле својата поврзаност со убиецов...
Според тоа што успеав да си го склопам во умот од читање по секакви портали: Договорено е што е договорено, рекоа по мотороли, што значи токи воки станица ... Секој си го извршил својот дел. Таткото споделил инфо, овие ја зеле колата од Панче, за жал Панче е убиен и со неговиот автомобил е извршен транспортот. Ја чекале во зграда, се погрижиле за камерата од спротива што снимала директ во влез, го исекле кабелот. Панче од 22ри, ова се дешава на 27ми, значи 5 дена се во акција секој да го одработи својот дел, кој нафта ставал, којзнае кај спиеле, сигурно полицијата знае досега. Стигаат пред зграда, влегуваат внатре, знаат дека камери нема, ја киднапираат, носат по тој Качански пат чинам беше. И пред 10 се случува убиството. Во меѓувреме, Вања ја нема. Зорица е известена од класната, крева паника, кажува на Александар, роднини, пријатели, сите бараат, полиција, во друг стан се оди, парк спомнаа, накај Водно, детето го нема. Александар одел да бара, а знаел што се случило, затоа седел в кола, сигурно има комуникација на Телеграм со некој. Затоа после неколку дена со овој кумот Гоце доставиле видео снимки од цитроенот заедно со пикапот од партија, за да ја наведе полицијата кон тие со кои се договориле. Не можел тој директ да каже Палчо и овие се, оти е сомнително во старт. Ама као јас сум родител, ми дадоа снимки, паметен сум, приметив кои коли се мотаат во маало... Знаете колку е тешко како прво да се соберат снимките, па да се анализира кој е, што е, да се исклучи секој од листа на сомнителни и да се дојде до десетина осомничени. Само тој викал дека е убиена, сите други имале надеж дека е нешто друго. Полиција не апси за џабе. Плус мислам рекоа дека и од овие го посочиле дека со него е договорено киднапирањето. Признанието е од нив, ги одвеле до двете тела и кажале што се случило.
Затоа овој адвокатов на Александар,повторува само дека татково по инстикт барал снимки и као коментирал коли кои секој лаик би приметил дека чудно се движат.И само повторува дека Александар не е убиец,ама не вика и дека не е соучесник. Оружјето не е пронајдено, овие лејкиве прво признаа ,ама изгледа ги подучија адвокатите дека немаат многу докази ,па повлекоа изјавите ,сега негираат вмешаност Исто како случајот со Данка. Обвинението дека е убиство од користољубие се темели врз признанието на обвинетите од самиот почеток. Силно се надевам дека имаат во меѓувреме обезбедено поцврсти докази,за живи да не излезат од затвор.
Мене не ми е јасно зошто татково зборел дека е киднапирана и убиена. Мислам родител до крај чека последна надеж за дете, дека ќе е живо.
Затоа што најверојатно се скарал со Палчо и сфатил што се десило. Мислам, секој се плаши од најлошото во ваква ситуација, ама ретко кој се осудува да го каже. Детето го немаше неколку дена. Снимките се дадени во полиција ден-два пред да ги најдат. Мислам на 1ви декември беа приведени овие и почнале да пеат. Ќе ги осудат. Има тело, има признание, да не ги дал тој Гоце снимките, полицијата уште ќе трагаше.
Многу се одградуваат од одговорност, расцепкано е. Или ќе добијат колку да се рече, демек еве соработувале.
Врз основа на што овој гоце дал снимка од бензиска? Зошто при потрага за девојчето овој носи снимка од панче? Реално да си кажеме, полицијата не го ни барала панче, имаа кажано и сами дека не го барале а не ни претпоставувале дека двете исчезнувања се било како поврзани. И овој од нигде никаде ќерка ми ја барате ама јас снимка ви носам од еден друг чоек шо исто така е исчезнат. Глупо до даска. ... Не успевам да сфатам ете...
Зошто не е чист.Знае со каква бранша на луѓе се вплеткал. Знам Игор Јуриќ во изјава кажуваше ,кога доаѓала дома полицијата да го извести за смртта ,доаѓала и Брза помош.Си помислил ,можеби ми ја носат Тијана повредена.Се погледнал дека е во тренерки и си помислил дека не е соодветно облечен така да ја пречека,дека треба да се дотера.Така мисли родител кој има чиста совест и се согласувам до последна секунда има надеж . Јас си мислам дека можно е да е поголема работава од што се чини.Палчо може е само извршител,може има нарачател. Палчо градел станови,но дали тие што се водст како сопственици ,се вистинските сопственици?Пари,политика,што се не е во игра.Може не сум во право,всушност сите сме ние дрвени адвокати,си кажуваме само мислење ,зошто случајов на сите не допре и сакаме да ја знаеме вистината и виновниците бел ден да не видат .
Родител нема да губи надеж се до последен момент, нема никогаш пред време да кажува дека е киднапирана и убиена. Тоа ќе е најпоследното нешто што би го кажал. Исто така и изјавата на началник во СВР кој кажува дека Кешишев го фатил за рака и му кажал дека има доверба во него и ќе каже каде е само колегите инспектори да не му кажат на Палчо. Ова кажува многу, ова кажува каде се нема пипци пуштено скотов
На пропалитетот многу веројатно е и лихвари да му се заканувале штом од сам старт тврдел дека станува збор за киднапирање, плус изјавил барајте ги мафијашите, според денешнава изјава на инспекторот. Палчо можеби извршувал туѓа наредба со амебиве и информациите да ги добил од друга страна. Лик како него сигурно има дебели услуги за враќање со оглед на неговото минато. Ви текнува како имаше шпекулација дека добил голема сума на пари на сметка од Швајцарија мислам? Каша попара е случајов ама полека полека клопчето ќе почне да се отплеткува.