Како поминува времето, по сите изјави до сега, мене ми личи дека Палчо ги прелажал глупациве, ама не ми е жал за ниту еден од нив, сите на доживотен затвор, па и таткото, убаво му направиле од социјална служба што има забрана за пристап на малата ќерка.. Казна татково голема нема да добие, барем не затворска..
Кога должи некој некому пари, нема убиство, има закани тепања и слично, со убиство никад нема да си ги врати парите.
Дефинитивно е некаква одмазда тука. Нема шанса, они во времето кога ја убиваат, немаат видено ниту социјални мрежи, ниту полиција знаеле дека е пријавено.
Рандом на муабетов, мене кога ми ја украдоа дебитната картичка видов трансакции од продавница до продавница низ цела Кисела Вода. Полицајциве не ме рецкаа кога пријавив, ми се смееја биле само 5000 денари, па отидов во првото тобако на рампа кај што беше злоупотребена и според износот најдоа саат и ми пратија снимки од камера на вибер и дури и детето ми го кажаа со име (локален багабонт). Сама го најдов кај живее и си ги вратив парите преку мајка му пошто он беше малолетен. Го кажувам ова дека лично имам искуство да ми пратат безбедносна снимка и тоа на вибер без налог од полиција, а не ги ни знаев. Лесно е кај нас, посебно ако имаш пријатели.
Како дознале дека пријавила Зорица у полиција? Ониу само што стигнале во Бразда ја убиле, немало како да дознаат.
Најблиску си до вистината. Јас мислам Палчо на луѓево им кажал дека за откуп, а он направил лична одмазда.
Мене па ова со одмаздава не ми држи вода. Ај, кон родителите да е одмазда, да разберам, ама читам теории за одмазда кон дедото за нерасчистени сметки?! Дедото е мртов, која е поентата одмазда кон него?
Полицаец кој бил инволвиран во истрагата, сведочел на суд денес и кажал дека Александар (таткото) во текот додека траела потрагата велел дека дознал (наводно од другарки на Вања) дека во исчезнувањето е вмешано повозрасно машко лице кое е од Велес или од Охрид. Изгледа цело време знаел што се случило, ама без да испадне сумлив немал како поинаку да ја насочи полицијата према исчезнатиот Панче (Велес), па другарки наводно му кажале дека во случајот на Вања е вмешан некој од Велес. Овој како што откриваат на суд понови и понови детали, се поголем психопат испаѓа. Па уште ко ќе ми текне дека пробаа да го исперат со документарци и емисии, ко демек тој го решил случајот, нашол снимки (yeah пошо знаел што се случило, знаел кај да бара ).
Какви монструми човече.. Се расплакав, многу ми е тешко и не можам да сфатам зашто, зашто тоа го направија на невино дете, па ако била крива мајката за нешто, таткото, дедото, па нив одмазди им се, зашто дете повредуваш, што е криво тоа дете?
Па кога викав ја нема шанси без јаки докази да го држат и да дигнат обвинителен акт.. вие не бе таткото го местат..
„Кога го извадивме телото, девојчето беше како живо. Рацете и нозете ѝ беа врзани со стега. Исто така, на устата имаше лента. Но, девојчето беше како живо и тоа беше многу чудно. Беше 3 декември”, раскажуваше сведокот. Како може некој вакво нешто да направи, како?