Знаеш што е индикативно, девојчето е крстено по дедото Ванчо. Него надимак му бил Вања. Незнам што да кажам, човек кој има сили да убие девојче од 14 години без никаква видлива причина, по мене не е човек, туку е демон.
Ау овој Палчо го гледам на судењево,какво надмено,нарцисоидно држење,прав психопат,0емоции.Еден пак од лејкиве жвака дури мастика на судењево.Одвратни. Туфегџиќ по изјавиве ,дека помагал Александар со снимките како да сака да извлече по поволна пресуда . Ме плаши овој психово,професионалниов убиец ,да не се спаси.Полицијава како да нема докази освен изјавиве на лејкиве,нема оружје,парафинска ракавица не е земена,листинзи нема . Се надевам дека дополнително ќе извадат цврсти докази.
Татково пратил порака во погрешна група и одма ја избришал која гласела во смисла - кажете колку откуп сакате?. Дефинитивно од прв момент знаел што се дешава. Се повеќе верувам дека и тој и мајкава имаат добивано закани и им се барани пари претходно. Само колкава е улогата на татково во целиот случај останува да видиме. Се испотресов и изнаплакав денеска пак за девојчево. Од прв ден тврдам дека е одмазда. Палчо ги има наместено да веруваат дека е откуп, а тој психопатот си има испланирано се.
Сопруг на Гоце мајка му, 1ва братучедка- зет на мајка му за 1ва братучедка. На сватот сват брат е работава.
Девојката се допишувала со Албанец од Шведска кој на својот профил имал содржини од ИСИС. Палчо примал пари од Швајцарија. Зошто не се истражат убаво овие работи? Што ако Палчо е само извршителот? Таткото е уценуван. Колку е вмешан, ќе видиме. Цврсти докази досега немаат, освен сомнително однесување, а за тоа не може да се осуди некој.
Нормален татко ако е уценуван оди да пријави во полиција. Или на крај иде и се жртвува за своето дете. А не како пичка под кошула да седи и да кука откако детето дозволил да му го убијат. Може сум сурова ама извинете не можам да најдам смисла во однесувањето на татково.
Никако не сфаќам што е мотивот. Одмазда ми нема логика, заради што на пр одмазда. Заради бизнис, мафијашки плен не бил татково ништо од тоа, гилиптер. Зошто детево жртва да оди.
Не се секирајте, и да се извади некој од овие, не верувам дека нема да биде линчуван. Исто како што Танески се удави сам во кофа вода, исто ќе завршат и овие...
Абе види вака сега,има и друго дете,реално е и да се плаши.Еден од обвинетиве се плашел од полицијава,Палчо има и внатре доушници.А дека е говно од човек,види по исказот од чичкото на Зорица.Кога му рекол Александар ќе се отепам ако ја имаат убиено Вања,овој му рекол отепај се.Би му рекол некој така на татко на кој му е исчезнато дете,ако не го знае кое дно од човек е ?
И јас ова се замислив кога прочитав. И пикапот кој го користеа на партијата (Десна), бил дониран и гласел на некоја жена од Исланд.
Ќе се убиел наводно,ама ќе почекал да заврши судењево,да придонесел во решавање на случајов.Така изјави кога бараше куќен притвор.Ќе кажел имиња и презимиња.Да видиме.