Никој не го осудил на азил... ја кидна ко му кренаа обвинение. Па му застарело. И така. Заради тоа и тепачка се има десено на времето на царина. 2002.
Тоа мислев де. Измешано е ептен. Може и затоа Палчо не ја р'чка мајката и вели дека не го знае таткото. Ама нема шанси да не ги знае.
Да било одмазда некаква со дедото, овој татково ќе кажеше веднаш на полицијата и немаше да лежи затвор. Повторно ми нема резон на починат човек да му правиш одмазда со внука. Но таткото од некои причини цело време бил на прав траг. Некако мислам е едноставно, заглавил со комар, се вплеткал во црни кругови со Палчо, и овој психо ко што е, го убива девојчево. Го гледате кој психолошки профил е? Ко да ја поседува судницата. Тие велешаните со пола мозок којзнае што знаат и мислат дека знаат.
Можеби намерата секогаш била да биде убиена за заплашување за неплатени долгови. Логика нема да е за поткуп, ако ја убиваш веднаш. Или е одмазда или е заплашување за да не настрада уште еден член на семејството ако не си ги помири долговите. Така се киднапира дете сред бел ден и се убива за ситна пара. Која патем никогаш не е ни побарана. На Палчо треба некој посебен сапун да му купат во затвор. Екстра лизгав. И така секој ден, додека чмарот не му пропее.
Случајов инспирираше клетви, што не знаев дека ги имам во мозокот... Гледам и кај сите вас.. Што и да било, имало друг начин. Не недолжно дете...
Вие не сте чуле клетва-да му се сотре семето? Од кај мислите идат такви клетви? Одмазда нема резон, одмазда е одмазда-маваш кајшто боли најмногу. Многу матни типови држи земјава. Дека не се знаат-утре сабајле. Сите се знаат со сите во тие кругови. За таткото уште не ми е јасно- ама дека должел, не знам што- ич не ми држи вода. И тоа од погоре- не влегувала Вања сама во лифт. Мислам, 3 спрата е зградата-не мора со лифт да оди.
Да,ама одмаздата треба да го боли тој кому е наменета, во овој случај тој е умрен. Пред 20 год бил директор на царина дедово, сега нашол да го одмаздува ? Само крвна освета во фамилија нема рок, ова не е таков случај. Мене многу ми има резон дека е заглавен татково. Ако заглавил во комар, а знаеме не работел,многу лесно влегол во лихварско каматарски кругови. Само не очекувал дека ке му го убијат детето, во тоа уште не верувам. За лифтот не ми е чудно, тоа е фобија од затворен простор, фобија да не падне лифтот, а ти сам внатре, нема кој да ти помогне. Затоа не одат сами,многу е реален и чест тој страв. Познавам луѓе кои се возрасни, а имаат фобија да се возат сами во лифт.
Не беше ништо логично. Се очекувало телото никогаш да не се пронајде. Ако оној не пропееше, може уште во Шведска ќе проверувале која е поврзаноста.
Косми, 3 спрата е зградата, не ни мора да има лифт. Не ми е тој профил за комари и лихвари, штознам. Кој што одмаздува исто појма немаме, можда нешто било договорено па не било испочитувано, можда не ни била таргет Вања, лупетам, сешто е можно. Умно болно во секој случај.
Ќе видиме, мене татково ми личи од оние пред луѓе насмеани и кротки, а всушност лабилни и скриени вулкани. Зградата е 4 е со високо приземје 5 му доаѓа. Чудно е што немала повеќе заштита во вид на камери, аларми чуда бидејки видни луѓе живеат тука. Ама Вања може и се симнала пешки. Низ подрумски простории ја пренеле, а клуч од подрумот имал Палчо и таткото. Не го држат татково во притвор за џабе. Нешто има.
Клуч од подрум имаат ваљда станари. Небитно. Значи вистина е дека татково им носел видео материјали на полицијата? Зошто би го правел тоа, ако е некако вмешан? Како е воопшто вмешан? Муабетот-им кажал кога Вања оди во школо е за забавачиња. Теоретски секој знае кога почнува школо и кога се излегува од зграда. Со 2 недели посматрање од улица, можеш да предвидиш нечие предвидливо движење. Овие џаболебари платеници може и од 5 сабајле до 5 вечер да дремат таму, не дека имале друга работа. Нешто ми е многу нелогично... https://puls24.mk/сведоштво-на-братот-на-дедото-на-вања-а/ Живееле во тој стан од летото, фактички само што се преселиле. Мајката некако знаела каде последен пат имал сигнал телефонот. Цела фамилија ја барале околу силбо, таткото бил таму со полицаец?
Ама од изјавите на началниците, матерјален доказ нема. Само претпоставки. Се чудам зошто го држат воопшто. Еве посочете еден доказ. Нема. Да се надеваме дека кога ќе бидат изведувани доказите ќе бидат доставени материјални докази.
Мајката мислам дека работи во А1 така и знаела каде е последен пат фатен сигналот и затоа таму барале.
Бубевски кажа дека материјалните докази ги поткрепуваат изјавите против таткото. Ваљда не лаже. Затоа не му дозволија домашен протвор.