Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Истрага за убиството на Вања и Панче

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 12 декември 2023.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Материјални докази?
    Парафинска ракавица нема, оружје нема. Рекла-казала.(facepalm)
     
    На Harper, Dilajla123 и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.366
    Допаѓања:
    126.294
    Пол:
    Женски
    Зорица работи во А1, ради тоа сама лоцирала каде е телефонот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Значи, кога следиш телефон и се губи сигнал- што помислуваш?
    Или дека корисникот го исклучил телефонот (доброволно ) или недоброволно. Претпоставка дека некој го грабнал детето не е некоја штознам колку чудна теорија. Или го грабнал или избегало. Полицијата верува дека избегало, и јас лично се надевав дека е тоа. Ама фамилијата си знае подобро, можеби/веројатно си постоеле закани од претходно.
    Размислувам гласно...
     
    На *Amethyst*, Ahoy, Dilajla123 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.385
    Допаѓања:
    171.591
    Фрлен е тел таму
    Ајфон и угасен дава локација
     
    На JuLleE, SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    88.470
    Пол:
    Женски
    Ама ај сеа рекла казала.
    Како ништо немаат?
    Тврдат дека имаат, зошто да не им веруваме?
    И Палчо беше убеден дека го нема на камера, ама го имаат.

    Мајката во сведочењето кажа дека не мислела дека е киднапирана.
    Таткото тврдел дека е киднапирана и убиена.
     
    На Bitter-Sweet и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.101
    Пол:
    Женски
    Таткото е некако вмешан, во тоа сум сигурна.
    Можеби не сакал таков исход, но сигурна сум дека знаел за киднапирањето.
    Тргнете од себе. Од каде снимки би барале? Зошто прво веднаш сомнеж да се фрли на киднапирање? Прво на сите нам ни текна дека избегала од дома, или со некој дечко.
    Ама киднапирање, во Скопје, сред бел ден? На недолжна малолетничка?!
    Имал сознанија некакви. Не киднапираат туку така луѓе, особено 14 годишни недолжни девојчиња затоа што така им дошло. Со цел да ја убијат.
    Само не знам зошто сите се прават на Тошо дека никој со никого не се знае.
    Така му текнало на Палчо. Баш Вања. Има зошто. И тоа огромно зошто.
    Не знам зошто глумат лудило. Секако јавноста ќе врши притисок и пошто зашто ќе скапаат во затвор.
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, Dilajla123 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    77.488
    Пол:
    Женски
    О – што велеше Александар, од каде се снимките?

    д – он како загрижен татко одел по истите места кај што одевме ние. Него му помагаше едно лице Гоце, кажа дека му е кумовска врска некоја, 20 години не сме се виделе ама сега се најде тука ама многу ми помага, ги знае луѓето, има луѓе по полиции, може да помогне, за Гоце кажа меѓу другото дека Палчо ѝ бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце. Палчо бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце и дека се познавале нешто.

    О – од каде ги добива тој камерите?

    д – не знам од каде, јас претпоставувам дека му ги дале на пријателска база. Подоле најдовме менувачница, рече биле таткото и мајката, можеби Гоце имал врски ги обезбедувал тие снимки ама ние ги имавме веќе.

    О – ве известија ли дека има камера на место кадешто ви предочил дека точно од некој објект се гледа влезот од згарадата

    д – мислите за другата страна имаше една црвена бутка нешто за кафиња

    О – кој ве извести за тоа, Александар?

    д – да, Александар ама со Гоце ја открил таа камера монтирана на монтажен објект. Рече дека има камера, ние отидовме таа вечер, кажа ќе обезбеди контакт со газдите, дојдоа вечерта касно и отидовме и таму да видиме. Камерата беше насочена натака, дали имаше домет не знаевме, земавме техничар, рече нема струја, газдата рече дека знаел дека има струја. Праша дали да го земеме ресиверот, ни го дадоа, направивме обиколка како нема струја и доле имаше пресечен кабел. Го земавме ресиверот, може снимило нешто, ама немаше ништо дури ни од претходните денови ни кога работел.И да имало струја може ќе сме немале среќа.

    Судија: Поспоро, со имиња, да биде јасно

    д – се вративме назад, ги лишивме од слобода Кешишев и две лица од седиштето на Десна, не им ги знам ден денес имињата.

    О – по кој основ ги приведовте лицата, заради кои сомнежи?

    д – мислам дека основното ни беше за предизвикувања општа опасност, поради возилото, немавме поврзаност и мислевме дека ќе го расчистуваме Панче

    , не знаевме што е со него, дали е инволвиран или е жртва, имавме верзија дека можеби Панче е сторител и затоа го пали возилото. Во станица разговаравме со трите лица и во исто време беа Лита и сопругот нејзин, сабајчето видовме дека двете лица од Десна не ни беа интересни, едниот беше телефонџија нешто се сеќавам и ги пуштивме во координација со јавен обвинител, ги ослободивме и Лита и сопругот.

    Остана уште Кешишев, правевме проверки, Кешишев велеше не знам ништо, ретко го напуштам објектот, не се сеќавал кога бил подалеку, рече не бил во Велес. Ние претходно одржавме состанок со колегите од Велес, за тоа исчезнување. Ни кажаа дека одел во Будва, Црна Гора, не било чудно да исчезне.

    Во разговорите со Кешишев, тој се гледаше дека нешто крие, ние сме со илјадници случаи, почна да спомнува, со кого се дружи, што со Палчо, рече му готвам, таму живееме, јас спијам во таа куќа. Имал подкасти Палчо, правел кафе кога има гости и демек не сум слушал муабети, Спомнуваше некој Веља, некој од Велес, па не знам како се презиваше. Моите го побараа кој е Веља, по систем утврдивме Велибор Манев од Велес, му покажавме и слика од системот, рече тој е тој. Видовме дека еден од колегите рече, овој Веља невоља живее на иста адреса, на иста улица со Панче. Дојде нешто сомнително и интересно, некаква поврзаност. Цело време се координиравме јавниот обвинител, да не повторувам. Одлучивме да пуштиме распит до СВР Велес, да се пронајде лицето и изврши претрес, тоа беше многу касно околу 12 ноќта отприлика, на втори вечерва ваљда не знам како му доаѓаше, Кешишев е уште приведен.

    Велешанецот падна во несвест кога полицијата отиде на претрес кај Вељо. Велешани ни кааа дека кога отишле таму, паднал во несвест, кога ги видел. Го собраа, го приведоа и го донесоа во Скопје.

    Сами се окажале што направиле.
    Додуша Кешишев прв кажал за Вања, па после другиот за Панче.
    Полицијата уште трагала, овие и камери собрале и ја погодиле приказната дека е Палчо и другарите.
    Видеото од Велес излегло од нигде.
    И кога излегле на терен, детективите мислеле дека Панче го бараат, а испаѓа Вања дека е таму.

    Цело време полицијата ги има снимките, ама не поврзуваат дека и двете исчезнувања се поврзани.
    Александар и Гоце им даваат на тацна.

    Нормално дека да не кажел Александар, немало да знае полицијата.
    Според мене, не знам со кој мотив, ама таткото е вмешан.
    Знаел се.
    Затоа бил спремен.
    Затоа кога пошол кај Силбо, не излегол од кола, најверојатно на телефон бил.
    Затоа од таму тргнал накај селото, па се вратил.
    Затоа и после цело време викал дека е убиена. Демек филмови гледал. И ние сме гледале, ама сите беа изненадени кога го приведоа и него. И никој не сакаше да поверува дека татко може тоа да го направи.
    Епа можел.

    После неколку дена, за да се "одмазди" нафрлил докази дека цитроенот и кангото ги видел пред зграда. Па чекал на полицијата да и текне што е работата. Да препознае дека е Палчо и другите.
    А Палчо имал доушници во полиција, затоа и избега прво за Србија, после за Турција.

    Има и други транскрипти, ги читав сите јас. Ќе ги споделам овде
     
    На ideniki1, Skorpija25, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Конкретно, немаат оружје ни парафинска ракавица. Поминало многу време. Значи клучни материјални докази нема, кој пукал ќе биде рекла-казала. За другото, ќе видиме.
    Песимизам или оптимизам не е никаков доказ, шпекулација е. Зошто таткото носел видео снимки во полиција, тоа не ми е јасно. Фактички ги приморал да бараат виновник, инаку ќе си свиркале уште и ќе прогласеле ,, избегала за исил,,. Како знаел што да бара, и тоа не ми е јасно.Со тој кумот, син на балдза се изгубив скроз.
     
    На Harper, SummerGirl и Dilajla123 им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    77.488
    Пол:
    Женски
    О – во времето кога се случија предметните настани каде работевте?

    д – началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, се уште сум на истата позиција

    О – на какви предмети сте работеле

    д – сум работел, во основа работам 22 години во МВР, од тие 22 години околу 20 работам во областа на крвните деликти, таму знате кои предмети се, кривични дела против животот и телото, слободата и правата на граѓаните, најтешките кривични дела, убиства, силувања, грабнувања итн, имало двојни, тројни убиства, сериски убиства

    О – кога бевте известени за настанов, какви дејствија преземавте првично?

    д – тоа беше 27 ноември 2023 година, јас имам три одделенија, за крвни деликтни, за насилен криминал и за семејно наислство, бидејќ во делокругот на работењето спаѓа и грабнување и противправно лишување од слобода, ние имавме информација за исчезнато девојче во Скопје, надлежноста не е во рамките на мојата единица туку во инспекторатот на потраги и бидејќи во тоа време девојчето живееше во центар надлежноста беше на евр Центар. Колегите постапувале цел ден, во текот на вечерните часови некаде, околу 17 часот добив телефонски повик од Музафер Каришиќ дека ќе мора да се вклучиме и ние, да се помогне бидејќи има изјави од страна на родителите дека може девојчето било киднапирано, немаше такви индиции но сепак да се вклучиме. Веднаш ги повикав повеќе колеги и отидовме во ПС Центар. Таму се собравме, беше и тогашниот началник на СВР Скопје, помошинкот Каришиќ, јас, тогашниот началник на ЕВР Центар и полициски службеници и од инспекторатот за потраги. Одржавме состанок со нив, да ни пренесат информации што ги имаат и одлучивме дека има доста нелогичности, одлучивме веднаш да почнеме со работа иако веќе беше 21-22 часот. Ги повикавме и родителите и директорката на училиштето, педагогот и не знам дали класната раководителка, ги водевме разговорите со нив. Не ни беше јасно зошто веднаш се алармира дека девојчето било грабнато или киднапирано и зошто мајката уште во 8 часот утрото пријавила во полиција дека има исчезнато девојче. Мислевме нормално би било да видат да не е негде, да отишла кај другарка, не веднаш да известат дека е исчезната, меѓутоа од разговорот видовме дека класната претходната вечер разговарала со мајката на Вања, рекла дека ќе се расчистат некои проблеми. Класната имала пракса, вообичаено било доколку некој не присуствува на настава, а да не е известена од родителите, после некое време да ги извести родителите. Така мајката добила информација околу 7.45 дека девојчето не е на училиште.

    Разговаравме околу профилот на девојчето, каков ученик е , дали има проблеми. Почнавме да разговараме со родителите на Вања, беа заедно и Александар и Зорица и малата Миња. Почнавме разговори и со нив, за да го видиме профилот на семејтсвото, односите, навиките на девојчето, дали и другпат се случувало да ја нема. Како траеја разговорите едно време се поделивме, помошникот Музафер отиде со Александар и со некој роднина да пребаруваат некои локации низ градот каде евентуално ќе ја затекнат Вања, биле во станот во Капиштец, тоа ми го пренесе помошникот. Тоа беше околу полноќ, кога се вратија рекоа дека нема ништо, пмошникот рече дека му било чудно што Александар не искача, не пребарува со нас, вика дека џабе пребарувате. Што е чудно почна да повторува дека е киднапирана, може убиена е, нелогично беше тоа, се вратија назад, се вреше проверка и во Охрид бидејќи имале стан и таму, но немаше никој таму.

    Ги одвоивме двеојчето со мајката и таткото посебно, нас ни беше нејасно зошто Александар вика дека е киднапиран, во еден момент се сеќавам рековме ќе имаме трага по што да одиме, ќе не контактираат, реков не верувам чим не сте добиле некаков повик досега.

    Тоа беше до касно понеделникот, сабајлето веднаш продолжовме и работевме на некои теории, имаше информација дека наводно Вања имала некој виртуелен дечко, што комуницирала со него, од Шведска мислам дека беше, на англиски зборувале, биле блиски. Помисливме да не случајно нешто се договорила со него, го проверувавме профилот по Фејсбук, видовме дека има знамиња од ИСИС, ни се вклучи алармот, повикавме и колеги од Интерпол, проверки се вршеа во Шведска, проверувавме на граница, негативно беше сето тоа, а изгубивме два дена, одземавме телефони, компјутери и слично.

    Тоа траеше два-три дена, а разговаравме цело време со родителите.

    О – што велеше Александар, од каде се снимките?

    д – он како загрижен татко одел по истите места кај што одевме ние. Него му помагаше едно лице Гоце, кажа дека му е кумовска врска некоја, 20 години не сме се виделе ама сега се најде тука ама многу ми помага, ги знае луѓето, има луѓе по полиции, може да помогне, за Гоце кажа меѓу другото дека Палчо ѝ бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце. Палчо бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце и дека се познавале нешто.

    О – од каде ги добива тој камерите?

    д – не знам од каде, јас претпоставувам дека му ги дале на пријателска база. Подоле најдовме менувачница, рече биле таткото и мајката, можеби Гоце имал врски ги обезбедувал тие снимки ама ние ги имавме веќе.

    О – ве известија ли дека има камера на место кадешто ви предочил дека точно од некој објект се гледа влезот од згарадата

    д – мислите за другата страна имаше една црвена бутка нешто за кафиња

    О – кој ве извести за тоа, Александар?

    д – да, Александар ама со Гоце ја открил таа камера монтирана на монтажен објект. Рече дека има камера, ние отидовме таа вечер, кажа ќе обезбеди контакт со газдите, дојдоа вечерта касно и отидовме и таму да видиме. Камерата беше насочена натака, дали имаше домет не знаевме, земавме техничар, рече нема струја, газдата рече дека знаел дека има струја. Праша дали да го земеме ресиверот, ни го дадоа, направивме обиколка како нема струја и доле имаше пресечен кабел. Го земавме ресиверот, може снимило нешто, ама немаше ништо дури ни од претходните денови ни кога работел.И да имало струја може ќе сме немале среќа.

    Судија: Поспоро, со имиња, да биде јасно

    д – се вративме назад, ги лишивме од слобода Кешишев и две лица од седиштето на Десна, не им ги знам ден денес имињата.

    О – по кој основ ги приведовте лицата, заради кои сомнежи?

    д – мислам дека основното ни беше за предизвикувања општа опасност, поради возилото, немавме поврзаност и мислевме дека ќе го расчистуваме Панче

    , не знаевме што е со него, дали е инволвиран или е жртва, имавме верзија дека можеби Панче е сторител и затоа го пали возилото. Во станица разговаравме со трите лица и во исто време беа Лита и сопругот нејзин, сабајчето видовме дека двете лица од Десна не ни беа интересни, едниот беше телефонџија нешто се сеќавам и ги пуштивме во координација со јавен обвинител, ги ослободивме и Лита и сопругот.

    Остана уште Кешишев, правевме проверки, Кешишев велеше не знам ништо, ретко го напуштам објектот, не се сеќавал кога бил подалеку, рече не бил во Велес. Ние претходно одржавме состанок со колегите од Велес, за тоа исчезнување. Ни кажаа дека одел во Будва, Црна Гора, не било чудно да исчезне.

    Во разговорите со Кешишев, тој се гледаше дека нешто крие, ние сме со илјадници случаи, почна да спомнува, со кого се дружи, што со Палчо, рече му готвам, таму живееме, јас спијам во таа куќа. Имал подкасти Палчо, правел кафе кога има гости и демек не сум слушал муабети, Спомнуваше некој Веља, некој од Велес, па не знам како се презиваше. Моите го побараа кој е Веља, по систем утврдивме Велибор Манев од Велес, му покажавме и слика од системот, рече тој е тој. Видовме дека еден од колегите рече, овој Веља невоља живее на иста адреса, на иста улица со Панче. Дојде нешто сомнително и интересно, некаква поврзаност. Цело време се координиравме јавниот обвинител, да не повторувам. Одлучивме да пуштиме распит до СВР Велес, да се пронајде лицето и изврши претрес, тоа беше многу касно околу 12 ноќта отприлика, на втори вечерва ваљда не знам како му доаѓаше, Кешишев е уште приведен.

    Велешанецот падна во несвест кога полицијата отиде на претрес кај Вељо. Велешани ни кааа дека кога отишле таму, паднал во несвест, кога ги видел. Го собраа, го приведоа и го донесоа во Скопје.
     
    На snegulkata и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    88.470
    Пол:
    Женски
    Па не е песимизам или оптимизам ,таткото се однесувал ко да знаел дека е киднапирана и убиена и затоа ги однел во таа насока, баш затоа.Чудно многу.
    Од психолошка гледна точка, родител секогаш се надева до крај, дури кога објективно нема надежи.

    Освен ако добивал закани подолго и сфатил дека ги реализирале.
    Тоа ми е најлогично.
     
    На *Amethyst*, SummerGirl, Dilajla123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Првиот транскрипт од Малерозна. Мајката во 8 сабајле пријавува исчезнато девојче. Не пријавуваш исчезнато, пред да провериш кај другарки, овде, онде-ко што вели полицаецот. Само мајката се надевала, овој не се надевал. Двајцата нешто биле под закана ми се чини.
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. iskeshiran

    iskeshiran Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Хари Костов..
    Па власи се родителите.
     
  13. iskeshiran

    iskeshiran Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Па имаат, дедото на Вања од мајка и е политичар на функција во времето кога Хари е премиер.
     
  14. iskeshiran

    iskeshiran Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Тие станови на дедото на Вања што му се у Дебар Маало сите се од Палчо купени во времето на транзицијата. Имаше 2 афери фирмата на Палчо во тоа време, Бастион и Тифани. Ваљда си правеле алаш вериш со дедото на Вања.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. iskeshiran

    iskeshiran Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Имало девојчето апликација, не ни морала да бара од А1.
     
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.366
    Допаѓања:
    126.294
    Пол:
    Женски
    Загрижена и очајна мајка го користи секој начин за да го лоцира детето. Имаше на вести дека и она така направила.
     
  17. iskeshiran

    iskeshiran Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Не реков ништо, само кажав дека девојчето имало апликација за лоцирање.
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.458
    Пол:
    Женски
    Не знам по која логика Палчо би се одмаздувал на дедото. Не дека не е можно при конкретен конфликт и да му рекол дека жив или мртов ќе му “наплати” преку некој свој. Возможно е, Палчо точно има психопатско во себе.
    Нејсе, мене повеќе ми делува како насочено кон живава фамилија односно кон таткото ќе да е. Ем да му се “одмазди” ем да го намести демек откуп ова она. А многу возможно е и мајката да знаела за нивните конфликти. Многу станови и пари се во игра. И многу многу е јасно, во сите случаеви кога се дужи нешто, да се префрла се на друго име. Тоа се дешавало последните месеци и тоа е многу сомнително. Дури и да не е класична одмазда, а многу стои дека е, несомнено се работи за убиство со умисла. Според текот на настаните, девојчето не е киднапирано за да е држено за откуп. Само изгледа поголем дел од вмешаните не знаеле за тоа.


    Многу е наивно коментирањето дека Александар требало само да пријави во полиција.
    Прво оти знаеме дека дел од полицијата соработува со оној кој упатува закани. Друго, се работи за многу заплеткана ситуација, многу имот стекнат туку така, па наследен, па префрлан па враќан, родител со историја на матни бизниси. Никој никаде никогаш во ваков случај не пријавил во полиција ништо. И тоа само ова е јавно, а зад завесите уште што има, само родителите/екс брачните другари знаат.
    Ние тргаме од себе, исто и јас, не дужам никому пари, никој не ми оставил имот со можност некој трет да го бара еден ден. Нормално дека некој да ми се избаци со закани ќе пријавам во полиција. Ама во нивниот случај е многу повеќе заплеткано од тоа.
     
    На *Amethyst*, LiquidLuna, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.445
    Таткото е во домашен притвор.
    https://telma.com.mk/2024/04/25/tatkoto-na-vana-pred-vrhoven-sud-eho-od-chovek-ostana-od-mene/
    Они немаат ниеден материјален доказ за соработка меѓу Палчо и таткото.
    Тоа го зборував од почетокот, не е нормално за тинејџер, мајката по 15 мин да пријави во полиција. Они веднаш пријавиле.

    Однесувањето на таткото зборува дека знаел дека ќе ја киднапираат, потоа и дека ја убиле. Зошто?
    Тоа не знаеме, ама пиша погоре @Yowannty во ваков случај не се баш пее баш така.
    Станот во 2017/18, бил префрелн од Зорица на таткото, и тоа кога биле разведени? Причина кажаа демек да се префлило после на децата. Тоа може одма да се стори. Сега пак сакале да префрлат. Како им се дава само пари за префрлање и данок.
    Друго, мајката, пријавува одма. Ниту еднаш не го нападна таткото. Премногу смирена сведочеше против него.
    Еве паралелно е судењето во Србија за Коста. Погледнете ги родителите на децата убиени.
    Она има пред себе бивш маж обвинет за убиство на ќерка им.

    Од она што досега е јавно кажано, освен признанија, друго за таткото нема. Палчо го има на снимки да. Таткото нема ништо, освен што им ги поврзува двата случаи, ама ни тоа не можат да го докажаат дека знаел или е вмешан.

    Детето е убиено поради нерасчистени сметки на таткото, а можно е и на мајката. Или мајката нешто знаела.
    И она вели не го познава Палчо, а го знае.
    Не велам дека они ја убиле, ама е убиена поради нив.
     
    На Harper, *Amethyst*, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    23.060
    Пол:
    Женски
    Има нешто, причина заради која е убиена Вања. Е шо е, незнам ни дали ќе дознаеме. Можеби нема ни да ја кажат таа причина.

    Туку, јас верувам дека луѓето на Палчо и се имаат закането на мајката, и затоа она сега се прави дека не го знае.
    Нели Палчо имал луѓе во полицијата. Којзнае колку полиција има се извртено во домот на мајката од тогаш, доволно е еден да е бил човек на Палчо и да и рекол на неа да си ја затне муцката.
     
    На Curious cat, Antebellum, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.