Истрага за убиството на Вања и Панче

Discussion in 'Политика и настани' started by RainBow, Dec 12, 2023.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,788
    Likes Received:
    15,599
    Gender:
    Female
    Жена не може да не знае, него не е импулсивна. Плус сигурно ја советуваат како да одговара.
     
    SummerGirl and Adidas888 like this.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    6,429
    Likes Received:
    27,555
    Gender:
    Female
    Абе знам оти ја советуваат, ама во нејзина полза би било да каже дека го знае него. Зошто да каже дека не го знае? Зошто би ја советувал адвокатот да каже дека не го знае? Нема причина.

    Или стварно не го знае или и се заканувал.
     
    Dilajla123, *Amethyst* and SummerGirl like this.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,300
    Likes Received:
    189,856
    Затоа што го знае.Затоа што е психопат и долги пипци има насекаде. А таа има уште едно дете.
     
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,788
    Likes Received:
    15,599
    Gender:
    Female
    Може за да се ,,расчисти“ така за пред јавноста, а на толку роднински испреплетани врски просто не е можно да не знае. Закани можеби добивала, не дека не. Нешто упорно се премолчува. Или едино во позадина да е правен друг договор.
     
    Dilajla123, SummerGirl and Adidas888 like this.
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Joined:
    Jul 28, 2020
    Messages:
    3,464
    Likes Received:
    12,263
    Gender:
    Female
    Како што разбрав имале некој договор Зорица и учителката некое недоразбирање имала Вања со друго девојче требало да го решат на првиот час, и кога не се појавила и пишала порака дека Вања не дошла, можеби заради таа комуникација со дечкото мајката си изреагирала и пријавила во полиција. Не ми личи мене како одмазда поради некој нерасчистени сметки со дедото, повеќе ми личи како да се нерасчистени сметки со Александар. А и реакцијата на чичкото на Зорица "отепај се" кажува дека не бил баш омилен во фамилијата. Млад човек, а се гледа дека е тотално изгубен, делува многу постаро од годините ваљда и дрогата си го направила своето. Како што напредува судскиот процес се повеќе мислам дека има некој долг, немал средства да го наплати, оставете фамилијарна историја, човеков е невработен, не плаќал алиментација, оти како што кажа Зорица немало потреба. Немал пари да им даде, за станојте не сфатив, али можеби долгот се натрупувал, ако нема пари за да го отплати, и да продаде имот треба време. Не е тоа така баш лесна процедура. Сигурно му истекол рокот за отплата и добивал закани. Ако имаше човеков пари немаше да кажува Хари ќе ни даде... Кузнај Палчо како се има претставувано, Александар изјавил мафијаши да барале....Целото негово однесување е сомнително, на мајката не. Тргнал да вози, се вратил, не излегувал од кола да бара, кажувал дека е киднапирана и убиена, човекот знаел нешто, но можеби не бил свесен дека заканите на Палчо ќе се остварат. Во делот да бараат мафијаши, оние 3цата немаат ни м од мафијаши, ошле по умот на едно ретардирано створење, сигурно им било кажано едно, на крај испаднало друго. Велибор кога му дошла полицијата се онесвестил, тоа не е баш одлика на мафијаш. Палчо е тежок манипулатор, и по фаца му се гледа дека се надева оти ќе се извлечи, мислеше го нема на снимки. Со снимките и Александар како така се прибавиле со посредство на некој Гоце, сигурно и тој е во таков круг, не дава секој снимки на секого да не се лажиме. Александар не бил свесен со кого си фатил работа, а очигледно и оние 3цата не биле свесни се додека Палчо не го убил Панче, сигурно им се има заканувано со оглед на реакцијата на Кешишев, самите се издадоја. Зорица изјави дека знае кој е Палчо, но не го познава. Не значи дека ако нејзиниот татко имал бизнис со Палчо дека таа лично се знае со него. Мене таткото ми е сумлив. Особено со тоа што напишал во viber групата не ќе да е баш случајност, а во такви моменти кога сме под притисок знаеме колку лесно може да се згреши и да се пиши на друг. Сите ќе добијат казна, само за таткото не знам како би го квалификувале можеби човекот не кажал за кога излегува ќерка му, тоа Палчо лесно може да го излаже, човекот е тежок психопат и лесно може да манипулира безмозочници
     
    crimson, TammiB5, *Amethyst* and 2 others like this.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,462
    Likes Received:
    183,592
    Gender:
    Female
    Па ова.
    Замислете колкав гнев има во еден родител откако ќе му убијат дете. За да седиш таму и да си така смирен нели е сомнително? Ноншалантно да кажеш дека не го познаваш Палчо, којзнае под колкав притисок треба да си. Да не сме и во кожа, апсолутно и е советуван секој потег, ама да, сомнително е и нејзиното однесување.
     
    Harper, Skorpija25, Ahoy and 8 others like this.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,454
    Likes Received:
    25,105
    Може има фрка околу становите.
    Зависи што му следело кога граделе.
    Може дедото има земено плус стан за без пари. Може смучкале некој договор, па дедото го нема испочитувано.
    Може откако е дедото умрен, Палчо да барал од мајката. Може мајката затоа има препишано стан на Александар, да ги распределат.
    Може не сакале ништо да дадат, нивно си е, гајле им е.
    Може го доизнервирал фактот дека мајката еден стан продала, па си купила кола, па патувале. За него ништо.
    Може им се заканувал долго време, видел не пали, му скурчило, па го напраил ова.
    Може тогаш да сфатил Александар у кое срање се, па рекол колку пари треба. Ама доцна.
    Може ќутат сега поради второто дете.

    Може, може. Само теорија моја.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,289
    Likes Received:
    259,254
    Ама вие го направивте Палчо како да е кум на сицилијанска мафија.
    Во притвор е, он веќе и не е опасност. Да беше баш толкава фаца, немаше да биде во Десна и да има такви соучесници за убиството.
    Му мина времето на Палчо.
    Туку како што реков, да не е Палчо само извршителот, а друг да стои во позадина?
    Мајкава, исто како таткото, има сомнително однесување.
     
    Harper, Bubce38, Ahoy and 5 others like this.
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Joined:
    Jul 14, 2015
    Messages:
    1,577
    Likes Received:
    5,689
    Gender:
    Female
    Парите легнати на негова сметка, телефонски разговор со х особа пред егзекутирање - ако не се шпекулации тогаш и повеќе од јасно е дека е само нечиј потрчко. Мислам цел живот е потрчко, ништо нетипично за него.

    Кој од обвинетите всушност кажа за наводниот разговор на Палчо?

    И што би се случувало натаму на рочиштата откако ќе бидат сослушани сите сведоци? Која е постапката, испрашување на обвинетите ли?
     
    *Amethyst* and JuLleE like this.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,375
    Likes Received:
    78,123
    Gender:
    Female
    Ги разделивме мајката и таткото и посебно зборувавме, особено со Александар, кој тврдеше дека е кидапирана, јас велев, тогаш ќе треба да се очекува повик… На терен отидовме пред зградата, направивме круг околу зградата, ги мапиравме сите камери од Сејф сити и утврдивме дека излезот на зградата е во мртов агол и не го фаќа ниедна камера ни од Сејф сити ни од околните објекти. Од тоа заклучивме дека нема шанси девојчето пешки да ја напуштило зградата. Излезена е со возило, затоа што пеш веднаш би ја фатила некоја камера, по првите чекори. Значи, излегла со возило, па на камерите ги проверувавме сите возила, баравме девојче во возилото, мислевме дека доброволно е влезена во некое возило. Мислевме во првите денови дека таа намерно избегала со некого за да ги казни родителите. Но, немаше девојче во возилата. Гледавме и регистрации, да не има некој со фалц таблица… Ова е сѐ во дел на истрагата за исчезнато девојче, без индиции дека е грабната, освен изјавите на таткото – реле Димовски.

    Тој додаде дека истовремено во одделот крвни деликти се водела уште една истрага за запалено возило кое било најдено во Бразда.

    На 27 ноември 2023 година кога било запалено возилото, ние бевме известени во вечерните часови дека е најдено целосно изгорено возило и, според процедурите, баравме дали има услови за увид, но бидејќи беше ноќ, увидот го направивме следното утро. Вечерта ја нашле таблицата и провериле дека е велешко возило и сфатиле дека возилото е на исчезнато лице. Вечерта, сепак, се органиизраше пребарување на теренот, со кучиња, не најдоа ништо, утредента се направи увид. Возилото беше подигнато и однесено на вештачење. Колегите што го истражуваа запалениот „цитроен“, бараа камери по патот. Најдоа камери на општина Чучер Сандево, еден ден се мачеа за да ги отворат снимките и тогаш покрај „цитроенот“ забележале и пикап. Немало други возила, прво помина „цитроенот“, па другото возило, но на снимките не се гледала таблицата на другото возило. Бараа и други камери во реонот, кон Шутка за да ги најдат двете возила на други снимки. На Сејф сити е виден „цитроенот“ на 23, 24 и на 27 ноември 2023 година, па баравме каде се движел – рече Димовски.

    За сето тоа време тој имал интензивна комуникација со родителите. Таткото Александар цело време давал сугестии, видете ова, видете она.

    Еден ден ми се јави, рече „имам едно сомнително возило, да го проверите“. Ми прати слики од камери кои веќе сме ги провериле, од козметички салон, ми посочи едно сомнително возило. Пратив порака кај колегите да ја проверат снимката и траекторијата на движење. Александар рече дека му е сомнително, дека има комбе со него, не ни беше јасно што му е сомнително. Но, кога ја проверија снимката во Сејф сити, каде има подобри камери, ми рекоа дека тоа возило што му е сомнително на Александар е велешкиот „цитроен“. Ги најдовме таблиците на тоа што мислевме дека е пикап, излезе дека е „рено кангу“, сопственост на Рита Ќириќ. Ја повикавме на разговор. Александар ми се јави и ми рече „мило ми е што ви помагам, ама од информацциите што ги добивам од другарки на Вања, видете да не е некое лице постаро вклучено, да не е некој од Охрид, од Велес“. Ние веќе го поврзавме „цитроенот“ со „кангото“, а тој го спомна токму Велес – рече Димовски.

    Сопственичката на „рено кангу“ Рита Ќириќ дошла со сопругот во полициската станица во Кисела Вода. Таа рекла дека живеат во Исланд, а сопругот го дал возилото на користење на партијата Десна.

    Во Сејф сити утврдиле дека последното дижење на „кангуто“ е на 27 ноември околу 23 часот и дека се паркирало некаде кај Железничката станица во Скопје. Полицајците излегле да го бараат возилото пешки, го нашле кај некоја куќа на која пишувало политичка партија Десна. Изгуглале, виделе дека претседател на Десна е Љупчо Палевски. Димовски им рекол да останат таму пред куќата додека не се расчисти каква вмешаност има возилото. Го известиле Јавниот обвинител, барале да се изврши претсрес во тој објект и во возилото. Судиите и ЈО не им дале веднаш дозвола за претрес затоа што станувало збор за политичка партија, па барале кој е сопственик на куќата во катастар, и налогот за претсрес го добиле на име на сопственикот.

    Тоа беше на 2 декември, 1 часот по полноќ. Кога влеговме внатре имаше тројца, еден од нив Кешишев, вели „каде сте досега, ве чекавме“. Како нѐ чекате? Епа, видовме кола, ве чекаме. Ги идентификувавме, побараа адвокат, дојде еден адвокатот Васко и вршевме претрес. Ги прашавме „каде ви е претседателот“, Кешишев ни рече дека отишол во Белград, дека има проблеми со кичмата, дека ќе оди во Турција. Адвокатот рече „па јас го однесов Палчо пред два дена во Белград“. Проверивме, видовме дека пред два дена Васко и Палчо поминале граница. Раскажа дека по пат застанале во Ниш. И дека Палчо по пат му велел дека неколку дена го следи некое велешко возило „цитроен“. Ние мислевме дека сме на трагот на исчезнатиот Панче, во тој момент немавме поврзаност на случаите, нејасно ни беше зошто „цитроенот“ и „кангуто“ поминале пред зградата на Вања – рече Димовски.

    Кога завршил претресот ги лишиле од слобода Кешишев и двете лица кои ги затекнале со него. Го подигнале возилото и отидоше во полицикста станица на разговор, под сомнеж за предизвикување општа опасност поради опожарување на „цитроенот“.

    Мислевме дека ќе го расчистуваме случајот на „цитроенот“, случајот за Панче. Разговаравме со тројцата, двете лица од партијата Десна ги пуштивме, не беа сомнителни, ги ослободивме Рита и нејзиниот сопруг, а Кешишев остана. Тој на почетокот велеше „не знам ништо, ретко излегувам од објектот, само до КАМ одам…“ Претходно, пак, на 1 декември, колеги од Велес дојдоа во Скопје за запаленото возило и ни дадоа информација дека два дена по исчезнувањето на Панче е пријавено, ни кажаа што работеле, каков профил е Панче, дека знае да излезе и да го снема, не е чудно за него да го снема – рече Димовски.

    Тој додаде дека Александар како загрижен родител ги барал снимките од околните објекти, му ги давале, а тој ги носел во полиција.

    Ние истите тие снимки веќе ги имамве. Нему му помагаше негов пријател Гоце, рече дека се старо кумство. Рече дека Палчо бил зет за прва братучетка на мајката на Гоце. Еден ден го затекнавме кај фризерски салон, ние отидовме по снимки, тој веќе беше таму и заеедно ги гледавме снимките – рече Димовски.

    Александар им кажал на полицајците дека со Гоце откриле камера што гледа кон влезот на зградата а е поставена од другата страна на Илинденска, на монтажен објект, за продажба на пици.

    Отидовме, имаше камера, насочена кон влезот, не знаевме до каде има домет камерата, земавме техничар, ама тој ни рече дека нема струја. Ни го дадоа ресиверот за да провериме. Прегледавме и видовме дека кабелот за струја е пресечен. На рисиверот немаше видеозапис ни од тој ден ни од претходните денови. И да имало струја, можеби ќе сме немале среќа, исто така, не се знае дали камерата достигала да снима до влезот – објасни Димовски.

    Мислам дека овој текст е најразбирлив од сите досега.
    Александар одма укапирал што се случило, затоа и после неколку дена ги дале снимките од Панче и цитроенот, постар маж од Велес, за полицијата да ја наведе накај Палчо.

    Се надевам полицијата им ги одзела телефоните и нашла комуникација на Телеграм и дека имаат докази против таткото.
    Јесте и коинциденција и се, и видеа да му дадат оти е татко на исчезнато дете, ама како тој и Гоце укапирале дека овие возила се сумљиви, а полицијата не.
    Или да ги земат за главни детективи нив двајца и сите детективи да ги пратат дома, штом толку ги бива.
     
    *Amethyst*, FridaodaMk and Mumoftwo30 like this.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    6,429
    Likes Received:
    27,555
    Gender:
    Female
    И јас во тоа се сомневам. Палчо ко Палчо, обичен човек, нема шанси сам да е во играта и да има толку многу врски и луѓе за да се плашат сите од него. Мора да има грб.
    Друго, скоро 100 посто сум сигурна дека овие две убивства не му се први. Скоро совршено ги испланирал убиствата, да не пропееше тој Кешишев или како и да се вика, којзнае дали уопште ќе ги судеа.
    Се мислам дека е некој платен убиец и работи за некој од големото добро утро.
     
    Sielo❤️ and Dilajla123 like this.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,300
    Likes Received:
    189,856
    Па единствениот полујавен рекетар е. Не дека е кум на мафија, ама е мафија. А мафијата е сегде, не е он главата па да остане мафијата обезглавена. И по полиција и сегде се испикани пипци, се некој ,,новинар,, имаше истечени информации од полиција. И најпосле тој Бунтур шо го викате, ако не излезеше со истечени информации, може стварно ќе си останеше заташкано.
     
    eliesaab likes this.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,422
    Likes Received:
    90,719
    Gender:
    Female
    Мене мајкава ми нема соннително однесување.
    Да, пребрзо пријави во полиција, обично не пријавуваш веднаш кога се тинејџери во прашање НО кога си обичен човек.
    Кога си дете на политичар, односно ќерка на некој од такви високи кругови , да веднаш пријавуваат, знам случај каде веднаш пријавија, а глупости излезе.
    На сведочењето секако е советувана што да каже, жената е сигурно и под некоја терапија.
    Дојде одговараше на прашања и замина, не знам што повеќе во судница можеше да направи.
    Единствено не ми е јасно зошто му препишала нејзин наследен стан на бивш маж.
    Татково апла знаел.
    Од прв ден, затоа и возел по качанички, кај е селото од Палчо?!
    и не учествувал во претрес на станот, си седел во кола, знаел џабе бараат.
    И од реакцијата .
    Бил потиштен тажен, молчелив.
    Би требало да реагира импулсивно.
    Александар го има одговорот.
     
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,454
    Likes Received:
    25,105
    Може. Можеби сега се плашат од другиот што стои во позадина.
    Може должел татково, и ем имале пари (продала стан, купила кола, патувале), ем не се раздолжувал (може нејќела мајката да му помогне, ама џабе кога и на двајцата се децата, не може она да ги заштити од последиците на срањата на татко им).
    Како да го натераат да им врати пари што должи?
     
    eliesaab and Adidas888 like this.
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    6,429
    Likes Received:
    27,555
    Gender:
    Female
    Абе може и имаат дадено пари од станот шо го продале. Ама изглеа не доволно.
    Знаете колку луѓе така праат кога продаваат нешто? На докумемти пишат една цена, на пример 10 000евра, а они дупло го продаваат нештото. Остатокот од парите на рака им го даваат.
     
    eliesaab and Mumoftwo30 like this.
  16. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Joined:
    Jul 28, 2020
    Messages:
    3,464
    Likes Received:
    12,263
    Gender:
    Female
    Го продала за 85000 евра, купила кола, реновирала стан и и останале 30000евра на сметка, сепак не е мала сума
     
    eliesaab and Mumoftwo30 like this.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,289
    Likes Received:
    259,254
    Каква мафија, рекетар беше, а ако мислеш и ти на бомбите, тогаш јас не знам кој уште остана да ги нема.
    Палчо мафија со клошарана без два грама мозок околу него.
    Помина неговото време оддамна.

    @Cosmi и мајката знае и го има одговорот зошто е убиено девојчето. Таткото знае од почетокот и тоа е јасно.
    Ако нема доказ за негова поврзаност, нема да го осудат. Затоа и молчи. Не ја кажува вистината и мотивот. За да не влезе во затвор.
     
    *Amethyst*, SummerGirl and eliesaab like this.
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    6,429
    Likes Received:
    27,555
    Gender:
    Female
    А кога ќе бидат испрашувани Палчо и компанија?
     
    SummerGirl likes this.
  19. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Joined:
    Jul 28, 2020
    Messages:
    3,464
    Likes Received:
    12,263
    Gender:
    Female
    Мајката да знаеше од сам старт ќе кажеше дека имала закани пред полицаец се се кажува, што и да скриеш тие ќе дознаат тоа им е работа, секоја поврзаност ќе ја испитаат, немаше 2 дена да се потроши во бркање на дечко од друга држава. Без разлика на се ќе сфатеше дека е загрозен животот на своето дете и ќе сакаше да ја спаси. Александар беше свесен во што е влезен и затоа неговото одесување е такво какво што е сигурно и му било кажано што ќе се случи... Не знам мене некако не ми изгледа дека знаела, можеби јас не сакам да верувам дека знаела..
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,454
    Likes Received:
    25,105
    Не верувам ни јас мајката да знае детали, меѓутоа не би ме чудело да има добиено закани некогаш, па да затоа веднаш пријавила во полиција. Не би ме чудело и да знаела дека бившиот и' е заплеткан во нешто, ама да нејќела да знае детали, не за џабе и' е бивш.
    Ама па е чудно како баш Палчо е умешан, мора да е нешто поврзано становите, тоа им е нзс.
     
    *Amethyst*, eliesaab and Biljarkata like this.