Не знам, што е дефиниција за мафија? Криминогени структури нека бидат.И баш дека знае како да манипулира со едноклеточни мозоци. И дека баш немаме појма кој со кого све е поврзан. Сдк со моето искуство на живеење во мк, и јас би се плашела на нејзино место.И би ќутела. А не сум била ни блиску до такви структури, само знам дека постојат.
Све ок ова, ама нели е малце претерано како баби на чешма нечиј живот вака да се изнесува? Па уште, точна сума за мајка и колку пари имала, колку продала... Малце осет имате ли?
@Anonimnna5 јавно е достапно то, кажано, го имаше по портали, тоа е изјава од мајката, никој тука не изнесе нешто што не е кажано, плус судењето е отворено за медиуми. Не се сумите од ракав извадени или од чаршиски муабети, исто како и за таткото што се лечел од зависност тоа го потврди и неговиот адвокат на поткаст
Мајката убаво се изјасни, Палчо ЛИЧНО не го знаела, туку го познавала дека постои како лик преку татко и. Не знам шо е тоа толку спорно, па и да живееле во зграда каде тој има станови. Додека, за останативе кажа дека воопшто не ги знаела, ни дека постојат. Помеѓу овие два искази има разлика, но секој си толкува како шо му одговара.
Мислам дека е кон родителите, можда кон татко и на Вања. Мислам дека тој знае и зашто, со кој мотив. Затоа и самиот на полицијата и зборувал како што и' зборувал додека ја барале. Нема три чисти, дури и да не е соучесник.
Душата ми се кине секој пат кога ќе слушнам некаква вест за Вања. Жалосно е. Сопствен татко да ти направи такви нешта. Да ти е страв деца да родиш, маж ти не знаеш што може да им направи на децата.
https://plusinfo.mk/oruzh-eto-so-ko...komunikaci-a-me-u-palevski-i-tatkoto-na-va-a/ и на инфомакс ги има..
Најверојатно заради таткото на Вања е убиена,а не дека тој потпомогнал во истото,едноставно не верувал дека овие ќе ги реализираат заканите,речиси сум сигурна дека е така,во спротивно ќе молчеше и ова ќе беше уште една мистерија. Бидејќи тој пред нос им ги донесол доказите,јасно е како ден дека знаел кои се киднаперите но не го знаел крајниот исход...