Ако мотивот за сето е нешто што направил некој од фамилијата на Вања не го прави виновен за убиството. Само извршителите се виновни.
Јасно е како ден дека сите наоколу добро ги искористувал зошто до последно незнаеле за што ги испитуваат. Плаќале сметки, шетале куче бе. Се ми мириса дека има некој нарачател во позадина, а Палчо е само извршител за пари. Бил заглавен до гуша, живеел буквално како куче на под во вреќа со еден куп извршители на врат.. Само не разбрав кој му ги пуштил парите преку Вестер унион кога бил во Србија? Ете и за муабетот за швалерка дека не е само измислици туку и обвинителството се сомнева.. Амо како ги закопа адвокатот со изјавата дека и двајцата доаѓале во партијата.. Додека они негираа дека не се познаваат. Искрено имав впечаток додека сведочеше Зорица, Палчо некако заштитнички се однесуваше спрема неа, без напади и прашања, а таа беше воздржана.. Премногу смрди, имам чувство дека ќе се случи некој пресврт на крајот и се ќе се дознае. Веројатно после нивните крајни сведочења. Малку офф, еве за пример/споредба со исчезнувањето на последнава женичка , мажот и и братот излегоа пред камера и се обратија, молат. Овие ги немаше никаде. Тоа е така кога ти мириса га*от.
Оној па Велибор Манев кога ќе го видам како џвака мастика под мустак насмеан ми иди телевозорот од тераса да го фрлам
Ми делуваат буквално на секташи,комуницирале преку телеграм, токи воки, чувале куче кангал, имале игли од шприц наводно за лекување на маче.. Језа ме фаќа. Немале за крај со крај да сврзат, а чувале и лекувале животни.
Еден од сведоците слушнал во емисија дека мајката и таткото биле во седиштето на партијата, а не ни ги видел нити ништо. Тоа буквално не е никаков доказ, така да не ја напаѓајте мајката без причина. Разведени со години ќе одат заедно во партија и нема доказ нити конкретен сведок што ги видел? Имајте малку осет.
Зорица и Александар. Ова го има изјавено потпретседателот на партијата или слично, не адвокатот како што напишав претходно.
Многу важен ДЕТАЉ, Плотников не бил сведок дека Александар и Зорица доаѓале заедно во партија, туку тоа го слушнал во емисија на ТВ! Во однос на станот, братучедата на Зорица сведочеше дека кога го купиле станот, односно кога татко и на Зорица го купил станот од Палчо, тие имале 20г и не се интересирале воопшто за тоа.
секаде различно пишуваат. Искрено ја повеќе ги земам за релевантни вестите со транскрипти од сведочењата отколку раскажаниве. ( чуено недочуено) Еве овде друго пишува.
Чекајте бре, двајцата родители на Вања биле у партија кај Палчо и иделе на состаноци? Овие уствари се знаат? Значи мајката дала лажен исказ???
Овој адвокатов 20 000 евра во рок од 3 години му позајмил на Палчо, бреј кај ги наоѓаат ваквите имошни и добродушни пријатели Мене најчудно ми е дека Александар барал помош од Маск
Дека не се знаат баш, не верувам. Посебно со ваква историја ко нив. Многу нејасни се релациските врски меѓу мајката и Палчо. Сега ќе се вадат дека таткото не е психички добар, Палчо дека е тешко болен, мајката дека има и друга ќерка. Мирно ќе се испозатвори, а другото белки они стварно си знаат.
Палчо изгледа е извршител ,на некој големец.Го видов човекот во трафика,ден пред првото судење.Ладен шприцер.Го има на камери се ,мозок на операција.Абе нормален човек да знае да го клеветат за нешто па е вознемирен не ова.Овие од партијата стварно навлечени испрани идиоти.После смртта на Панче,сватиле со што имаат работа и ги уценувал.Мислам дека они не ни знаат на што се нафатиле.Типот е тежок манипулатор и психопат.Буквално ги користи луѓето околу него за свои цели ,па така и Александар.Никој нема да убие невино дете ни за 50.000 евра. Од една страна заштитнични настроен спрема мајката ,а се товари за свирепо убиство на детето....Александар и да должел пари сигурно нема да ја убијат.А по се изгледа имало закани и пред тоа.Мајката е премногу категорична во однесувањето.Најверојатно од притисок.
Како бре си го видела во трафика во Септември?? Па тој откако го фатија уште во Турција освен железен кревет и ѕидови со влага ништо друго нема видено, а не па да се шета по трафики ко слободен ѓраѓанин.
Како сте го виделе, човекот е во притвор, плус избега, значи ризично е пак да ја кидни, како ќе го пуштат баш пред судење не ми е јасно