Ок фемина детективи.Човекот личеше скроз исто.Сигурно сум се препознала оти немав ни поима кога бил вратен од Турција.
И сеа шо искочи? Се знаат Зорица и Александар со Палчо, дури и во партија му биле?? Браво. Зашо не кажуваат уше одма? Не сфаќам? Кај има транскприти од вчера?
А кај кажаа дека биле, рекол дека слушнал на тв дека биле, не дека биле. Ако се они глупи и од рекла казала докази праат, да не бидеме и ние.
Таткото и мајката на Александар никогаш не се познавале со Палчо. Татко му бил богат и ги издржувал и Александар и мајка му, така разбрав од денешниве сведочења.
Ауу дедото ама подготвен. Како баш тој ден решил да се јави на бившата сопруга од која патем е разведен 40год. Не на синот не на ќерката на бившата сопруга се јавил, баш тој ден кога е исчезната Вања. Абе ајде. Не се сеќава кога синот бил зависник да да. Вообичаени проблеми во младоста мхм. Не знае колку пензија има бившата сопруга ама ја издржувал и неа и синот. Исказот нема никаква смисла, не знам што се прашувале адвокатите дополнително. А што е со работата на Александар. Работел па 2 -3 месеци не работел, па сега 1 година не работел. И од толкуте станови што наводно ги има со мајка му живеел. На прашањето со што се издржувал кога не работел, семејството помагало. Значи Александар немал скршена пара. Најверојатно становите се на негово име да ама сигурно има забрана од татко му да ги продава, пошто се познава дека татко му Зоран е главниот. Така да според ова ми држи вода дека е во договор со палчо да извлечат пари од зорица или можеби и од татко му, којзнае.
Добро не ми е јасно, зошто не го проверат докторот во Белград, во Турција, не можат на збор да му веруваат само дека бил на лекар...
Тоа Палчо треба да си обезбеди докази дека бил на лекар, пример судот му вика си избегал, овој вика не избегав на лекар бев, судот вика имаш доказ?, овој не го наоѓа доказот, судот вика чим немаш доказ значи си избегал и му става плус на терет кривично дело бегство.. Ако сака да докаже дека не избегал, него бил на лекар, ќе си најде извештаи, не е работа на судот да му наоѓа докази дека е невин.
Читав оваа недела од сведочењата и Палчо воопшто не се криел, зборел со адвокатов и полицијата и им кажал дека ќе оди во Турција, полицијата знаела каде е зошто и од Турција се јавил и кажал каде е. Значи непотребно Мвр правеше драма околу тоа а знаеле се. Него ме чуди што Зорица се јавила кај Кираца и ги умешала и нејзе и син и. Тоа ми пара очи, да ја умешаш една од најбогатите фамилии во Мк, со кои со години не си контактирал.
Да бе затоа го уапсија на сред автопат во Баликешир и баш таму ќе иде на лекар. А и Турција не држи така лесто затвореници одма ќе ти ги прати како поклон.
Кои филмови си ги правете, зарем не е јасно дека имаат пари и дека татко му го крепи финансиски и му плаќа доста скап адвокат? Забрана, ова она. Секако ќе знае што да каже на суд, нема да се плетка. Ваљда нема толку пари од што е глуп. Упорно ја иземате мајката од секакво сомнение, а кај нејзе колку смрди. Однесувањето најмногу. Не, не е својствено родител волку да молчи и да се оградува и да негира дека не се познаваат. Скопје е мало, се знае се.