Е баш тоа. Па и синов на Кираца добил паничен напад. Друже 2-3 ги добивам на ден некогаш и функционирам. Не го ставаат на сведочење да не излаже нешто.
https://sdk.mk/index.php/naslovna/k...-povrzala-ischeznuvanata-na-panche-i-na-vana/ Ај да ја земат у ФБИ оваа. Види како знае да решава мистерии. Сведокот Кираца Трајковска не верува дека Палчо ја убил Вања И вака ќе се спаси.
Според мене Палчо е извршител по наредба на оваа фамилија Трајковски и после овој со панични напади као се правел дека му помага на таткото
Била во Белград! Она дала насоки кај и што да бараат. Зошто она? Овие знаат уште од самиот почеток кој ја грабнува и зошто, затоа и сами ја насочуваат истрагата натаму. Штом е и она во игра, овде е нешто големо во прашање. Или она е нарачаталот!
Шо сакате да кажете за Зорица? Ама не од околу, кажете директ мислење. Сметате дека учествувала во киднапирањето и/или убиството на Вања?
Јас сеуште не можам да го сварам моментот дека мајката е вмешана, за таткото да, ама за мајката не. Можеби сега нешто знае, ама од луѓе кои биле со неа цело време од прв момент велат дека жената кога станало јасно дека нема надеж многу била потресена и со денови се менувале кај неа да ја чуваат зошто се плашеле да не си направи нешто. Можеби сега се плаши и молчи заради другото дете, тоа ми има логика да. Она била таа која од почеток викала дека ќе се најде а таткото дека е киднапирана и убиена, тоа го кажаа и инспекторите, бар тоа не е рекла казала.
Ангел никој не вели дека е она вмешана директно. Детето е убиено заради нив двајца. Зошто молчи, не знаеме. Ама и двајцата знаат се. Не зборуваат. Имаат однапред испланирани изјави и како треба да се однесуваат. Ми паѓа на памет зошто и ми има логика и зошто молчат. Детето е грабнато за да биде убиено, Палчо е извршителот за пари. Причината е одмазда или некој долг. Чиј само, на кого?!
Освен што е во кумско сродство со Ѓорчевски, на Трајковска обвинетиот Љупчо Палевски ѝ е зет за втора братучетка. Со Ѓорчевски рече се во старо кумство и во добри односи. И професионално контактирале, таа како поранешен заменик-генерален директор на Фершпед, каде работел и обвинетиот Александар, татко на Вања
Многу самоуверено изјавуваш, дајбоже да не е така за мир на душата на тоа во земја и за мирен живот на ова живото дете. За одмазда не може да се рече дека е крива она ако одмаздуваат за дедо, за татко, така да не знам пак вината кај е нејзина. Побогу работи во А1, не е дека работи на работно место кое е до толку опасно. Ако е виновна само за тоа што молчи, па не знам искрено дали би молчела мајка, ќе најде начин, ќе им каже на инспекторите... Бар јас така би постапила.
Зависи што класифицираме под вина. Јас лично не мислам дека таткото ја убил или киднапирал. Полека се отплеткуваат работите, ама поради некои имиња, не мислам дека ќе дознаеме се. Не верувам сега да исплива се во јавноста, особено после сведочењето на Кираца. Она всушност кажа многу и веќе може да се претпостави зошто е убиено девојчето, зошто родителите молчат, зошто таткото барал начин да им каже каде е и слично. Едно знам, овие се и те како вмешани.
Море сите ќе излезат. Овие ќе се прават дека исто биле послушни (додуша и сега е веќе така според изјавите), ќе им дадат некоја поблага казна. Толку, ќе се стиши. После година дена, мизерни се вакви изјави.
Изјави се едно, докази се друго. Ако не се лажам, сега даваат изјави, се слушаат повиканите/сведоците. Ваљда на крај ќе се изнесат доказите, па наспроти исказите ќе се донесе заклучок кој лажел, кој криел, кој што направил и зошто. Ваљда?