Не сум правник,ама не може врз нејзина изјава да се руши обвинението,зошто ако не е треба да приложи доказ,а вака е само обична изјава,може што сака да си каже. Врз основа на изјавиве се повеќе ми се гади,Кираца како баба Ванѓа врз основа интуиција поврзала дека колата пред зграда без регистрација била од Панчета за кој видела на тв и магично добила,,визија,,која станала реалност.Кираца го брани Палчо,кој патем и е близок дека не би убил а истовремено се кренала на нозе да помогне на семејството со кое патем е исто така блиска .Сите меѓусебно се знаат а никој никого не познава. Валкана игра и изгубен детски живот.Ова е престрашен случај со голема позадина за кој мислам се ќе се направи да не излезе на површина.Не знаете колку се чувствувам згрозено.
Мајката не е должна на јавноста да ѝ разглаба зошто се случило ова. Кажала кај што требала, на нас ни останува да ги следиме вестите. Мене Кираца ми смрди. Како да е ангажирана да фрли сенка врз случајот и со тоа да помогне во вадењето на Палчо.
Колку што се разбирам во право, од филмови - невин е дури не се докаже виновен. Со сите овие изјави досега, све е рекла казала. Ако е обвинение- мотив користољубие, ваљда обвинителство треба да го докаже тоа. Што е битна Кираца и снимките не знам. Криви се затоа што им дале снимки на полицијата?
Не е крива, само тоа е и' уделот во целиот настан. Секој повикан е со причина повикан, да објасни нешто за да се добие подобра слика и за случајот и за профилот на луѓето. Зошто загрозено? Не дека сакам да се заплашам, ама ме интересира - небезбедни ли сме? Ништо не разбирам.
Dolzna e. Poso i go ubija deteto. I Zorica i majka i na Danka ne mrdnaa so prst. Ednava znae so se desilo so deteto, drugata ne. So praat drugite majki
Не загрозено,туку згрозено.Ми се превртува желудникот од небулозите што ги кажуваат сведоците.Имам чувство дека лажат,замајуваат,да прикријат нешто големо.Кираца презентира видовитост,конфузна скроз,синот и припаѓа пред судење.
Згрозено рече колешката , не загрозено. Причините кој зошто е повикан ич не ми се јасни. Во која функција се они, сведоци во корист на обвинети, на обвинителство, или што? Профилот на луѓе- многу пари и комплицирани односи во игра. Секој со секого поврзан и никој никого не знае. Освен тие мороните од Велес, тие се боранија.
Леле Феминка, ама некогаш живееш во тешки филмови. И како да го убиеш Палчо е решението при уште едно дете, чив татко е веќе во затвор?
Ја сум мн реална за разлика од вас. Затоа и ви идам на нерви. Не реков да го убие. Ни она ни мајка ѝ на Данка не гукнаа. Која мајка ќе седи мирна у ваков случај? Очите ќе му ги ископам и преку судија ако треба. У Америка врзани од клупа рипаат тепаат све живо. Очите ќе им ги ископам, не па да лажам дека не го знам. За Александар шо го бранеа пола форум, искочи вистина. И наркоман и неспособен и дека се знае со Палчо
Ништо не ми е јасно, никој со никој не се знае, а Вања ја нема. Александар барал на Илон да му пишат, можи грешам, но не ќе да е при здрав разум. Кираца од Белград фаќала врски за да се земат снимки. Ќе испаде оваа Кираца шо ти МВР подобра е од нив. Не знам мене се ова ми смрди...
Не ми одиш на нерви, ама не живееш во реалноста ама ич. Да си мајка, а немаш што да изгубиш, можеби опцијата за одмазда како што ја имаш прикажано е логична. Но, имаш многу да изгубиш, уште едно дете на кое баш сега моментално си му најпотребна. Зошто мајката не излегува во јавност?! Нам ништо не ни должи мајката. Доколку целосно е невина. Мајката е должна да каже се што знае за случајот. На суд. На тебе или мене, ама ни зрно не е должна отчет да ни даде. И ако излегува во јавност, ќе каже една проста реченица, од таа проста реченица, ние ќе си сфатиме проширена реченица со детали излезени од нашите глави. А за што? Драма во медиумскиот простор. Нас ни е должна полицијата и судот да не заштитат и да ја извадат вистината на виделина. Таму барај си должници.
Гледајќи колку свирепо ја убиле Вања, малолетно девојче, а може покрај Палчо да се вмешани уште луѓе кои воопшто не се познати, со цел заштита на другото дете, можеби прикрива одредени детали. Пример, дека не го познава. И ја разбирам. И јас би. Го ставија на обвинителна клупа, јавноста врши притисок, ќе го обвинат. Но, таа треба да живее со другата ќерка. Подобро да прикриеш детал, отколку цел живот во криење и страв да живеат. Ако е така. Бидејќи и јас се сомневам дека баш се познаваат. А кој ќе те штити? Македонската полиција? Да не ставам милион смајлиња, ама ако дојде момент да ме штити македонска полиција е еднакво да сум помножена со 0.
Zatoa so mora ednas vakvi desavki da se skroz javni, sfakas? Umre dete Vie so ste roditeli ne vi e strav za vasite deca??? Ovie go ubija Pance pa si setaat na raat niz Sk. Seedno vi e?
Добро, сега малце претеруваш. Сто пати е повторено, случајов е изолиран, немаше да биде било кое друго дете, ради одредена цел е Вања. Не гледам ни поента судењето да е јавно, други работи се кријат овде и се подлабоки од што мислиме.
Не е проблем тука секој да си каже што мисли кога цело обвинение и сведочење во процесов е базиран на претпоставки. Без мотив, без клучни докази, ко да се бара само да се осуди некој. Сите исповрзани меѓу себе ама глумат не се знаат. Само знам и убедена сум дека Мвр не го квалификувале делото правилно зошто нема шанси да е за пари сторено делото. Со ископана дупка и пиштол плус одма сурово убиена само што дошле до Бразда мора да има појака причина т.е омраза. Ми боде очи и изјавата на еден од овие будаливе дека Палчо се јавил негде и додека бил на линија побарал да каже Вања име и презиме и потоа пукал.
@JuLleE овде не е напишано како што треба ,или обвинетите имаат право да поставуваат прашања на сведоците ?