Обвинението им се темели,барем од она што досега е кажано врз изјавите на тројцата потрчковци на Палчо.А и може не лажат ,нив голтари им рекол може Палчо ,ќе киднапираме девојче и ќе земеме откуп.Се молам од обвинителство да имаат обезбедено јаки докази во меѓувреме,зошто некој увиде дека немаат докази па ги поучи мрднативе и после сменаа плоча и се изјаснија за невини.Не е тоа случајно.Ќе се вадат после и тие како Палчо,не местат,под присила дадовме такви изјави.
Должна е пред институциите, не пред нас форумски Петранки и Петревци. Прво, советувана е колку да збори. Она се држи до тоа. Второ, мајка е на уште едно дете. Веројатно се плаши за животот на тоа дете. Не знаеме дали има некакви закани. Животот на таа ќерка е побитен од нашата љубопитност.
Овој Гоце имал паничен напад пред појавување во суд, но немал кога глумел инспектор за да земе снимки. А, бе, ај... https://sitel.com.mk/kumashini-na-gjorchevski-prvi-gi-povrzale-ischeznuvanjata-na-vanja-i-panche
Не треба мајката да зборува за да ја задоволи јавноста, туку правдата. Има инаку цела наука која се занимава со однесувањето на сторителот и жртвата. Секое едно однесување може да даде доста објаснувања и насоки. Што знаеме досега: Таткото престанува да работи во Фершпед, во станот се селат мајката со децата, чии стан е на мајката, ама префрлен на таткото. Родителите сакаат становите да ги префрлат на децата! Таткото работил во Фершпед. Кираца денес сведочи и излегува дека она го решава случајот, притоа била во Белград, во исто време со Палчо. Случаевите ни ФБИ не би ги поврзал без некој да им шепне, ама Кираца да. Со Гоце, таткото се нема видено едно 10 години, ама фактички му ја наоѓа ќерката. И најбитното, Кираца, стара кума, блиска на семејството, за обвинетиот вели дека не мисли дека ја убил за пари! Мајката во своето сведочење еднаш не кажа дека Палчо е убиец, дека таткото е вмешан. Премногу е воздржана и одговара како по книга. Смислено. Единствен кој нема мир, видно вознимирен е таткото. Сето наведено укажува дека се работи за многу подмолно дело, нарачаено убиство, за кое родителите знаат, ама молчат оти најверојатно се во опасност. Не се тие криви, ниту вмешани, само што детето е ликвидирано поради нив. Не се ни за тоа криви, што има монструми и вака се одмаздуваат. Во прашање е долг, каков,не знаеме. Некој сметал дека девојчето треба да биде убиено. Прашањето е кој, а ако добро прочитате се, го имате малтене виновникот или во најмала рака еден вид на соработник. Досега никој од семејството не го посочи Палчо како убиец. Никој.
Според досегашното не е вмешана, претпоставки се овие тука дека најверојатно знае поради која причина е убиена Вања. Ама нешто се прикрива во позадина, тоа е очигледно.
https://plusinfo.mk/kiraca-tra-kovs...ratila-sinot-goce-da-mu-pomaga-na-aleksandar/ Кираца одговара и на прашања на Палчо. Прашањата на Палчо
Многу чудно ми падна и мене . Не знаев дека обвинетите може да поставуваат прашања на сведоците. Леле, пробувам да му го замислам суратот на ПалчЕ дур "ја испитува " Кираца. Го замислувам како прашува : И ти Кираце ,што си мислеш, има ли шанса ЈАС ваков стокмен у волнен пуловер да пукам у детто?! Она : Неееее ,ни ми личеш на таков , поготово па не за пари! Бог да чува . Да не испадне дека мајтап тераме на темава,ама ептен ми се језиви веќе. И сведоците ,и обвинетите , и фамилијата.... Сите ! И адвокати и судии ... Белким ќе се задоволи правдата , само тоа сакам
Пак ќе кажам како што кажав еднаш. Мајката знае нешто,кое што вешто го крие. Можеби стравувајќи за другото девојче не сака да го открие што е тоа. Ама тоа гарантирам.
А како дојде уствари муабетот дека Палчо дознал од татково дека ќерка му ќе оди сама накај школо, а на суд, одеднаш не се знаат? На оваа Кираца не да и смрди од некаде. По интуиција и дошло дека баш овие два случаеви се поврзани. Жена што работела во Фершпед наспроти партиски некадарни вработени во МВР и по некој интелектуалец и експерт. Згора, син и нешто не бил близок со татково, ама ептен се вложил во снимките. Како Кираца, Александар, Гоце, Палчо и мајката се вплеткани едни со други е прашањето. Друга страна, овој живеел како улично куче, оваа тврди за пари не било. За што ја утепаа Вања?! Оние па другине послушници на Палчо, нешто некој ги прашува, што е нивната сторија?!
– Ве прашаа ли за мене? – Да, ме прашаа и прашаа дали Зорица е во врска со вас. – Дали ве убедуваше Гоце Трајковски да одите во полиција да кажете дека сте ја виделе Зорица во близина на Тинекс, каде јас сум имал простории, па да излезе дека јас сум причина за нивниот развод? – Не, вие не сте причина за разводот на Александар и Зорица. Разводот беше одамна. Гоце имаше една чудна епизода, јас една вечер бев кај мајка ми, Гоце ме викна да се сретнеме пред зграда и ми рече дека бил повикан од инспекторот Музафер и дека Музафер му рекол да го слика станот на Александар на Партизански одреди. Јас реков не можам да го направам тоа, затоа што полицијата беше веќе во станот. – Познато ли ви е дека Гоце Трајковски го има сликано брат ви Александар во станот и има праќано слики во полиција од станот на Н.Н. Борче како спие на кревет? – Не ми е познато. ??? ова ми падна во очи. што е со сликањево и теориите ?? А колку само некоординирано лажат сведоците на Александар. Еден вели постојано работел со исклучок 2 /3 месеци, друг дека после разводот престанал со работа, Зорица мислам дека рече после раѓањето на децата престанал. Тоа се сосема различни врменски интервали. ептен не памтат луѓево... Следно судење нека му дадат на Гоцка нешто за смирување и нека пропее како од цела Мвр само тој со мама успеал да ги сложи коцките. И баш сега после толку години се појавуваат во нивните животи и успевааат да ја решат главната мистерија.
Уште од самиот почеток смрдеше цела работа. Девојчето го нема кратко време и веднаш се објавува како исчезната. Уште од почеток знаат што се случува. Големи игри се во прашање и никогаш нема да се дознае точно кој, што и зошто. Со вакви смешни, небулозни изјави само се потврдува дека се ќе биде изрежирано колку да се затвори устата на народот. Жално, замина девојчето ни криво ни должно ..
Упорно ја мешате мајката, немаше да е уапсен до сега да е замешана?? Александар одма го уапсија. Може е на апови за смирување, па за тоа е ваква. И друго дете има.. Мора за него да е стабилна колку толку. Очи ќе вадела во судницата.. А дома кој ќе се врати за другото девојче?? Глуп збор, ама знам дека е интересен случај.. Судење почнува кога ќе се средат сите докази.. Да имало доказ за мајката, ќе била и она на клупа. Друго, или Палчо е невин, или годдамн добар глумец,или е најверојатно психо. Не можам да го гледам на судењето... Кај другиве можеш барем ронка поттиштеност да видиш..
Има пред неколку страници пост од @azelea каде што многу добро е опишан Палчо во кратки црти. Прочитај, ќе ти стане јасно за каков профил на личност се работи.