Јас не се секирам ама ич. Туку, зошто Панче два дена никој не го барал? Јас колку што знам имал и ќерка и пријатели.Тоа ми е многу чудно. Кој е Бунтур?
Не дека мене лично ме интересира, онака какви луѓе се, што се збореше после апсењето, кај биле тие денови, сигурно се знае повеќе во детаљи.
За Боре, цел град беше во шок. Градски лик, спортист, тренер. Ама имав слушнато и дека од кога почнал со "партијата" се сменил, само за тоа зборел.. Ко Јеховин, no offense. А другиов, преварант од стално. Бизнис има, квалитет слабо. Такви работи.. А Панче, градска легенда беше, фризер мислам, стар е за толку да знам.. Ама сите го знаевме. Малку ексцентричен.. Ама никој ништо лошо немам чуено да рече за него...
За ова зборам. Дека може да им се испрани мозоците од Палчо заради идеологија некоја. Секта ор самтинг Колку што знам и од логото може да се заклучи дека е ултра националистичка партија што отфрла други етницитети..
Сомнителното тука е што веднаш си споила два града. На кого веднаш тоа му паѓа на памет? Не паметам за ваков случај, кога се губи некој да си поврзеш два града туку-така.
Не е баш веднаш, значи ја забележале колата на камера со ВЕ таблици близу зградата. И кога предходно неколку денови имаше апели за исчезнат човек, нормално дека ќе им биде сомнително Бунтер е тежок дебил, проба тогаш да шири дезинформации и дека Албанци се вмешани во ова
Не поврзав, ама првата вечер кога се кажа дека е убиена, на маж ми му викам велешани има замешано.. Во се сме замешани велешани...
Уште дента кога ја пронајдоа изгорена колата (денот кога е киднапирана Вања) одма вечерта кажаа на вести дека тоа е колата на исчезнатиот Панче од Велес. Убаво се сеќавам, баш ми беше чудно.
Никаква секта не е во прашање. Група кутлеш имбецили налетуваат на Палчо, овој ги постројува, им продава филмови у стил ,,ела чичин сеа да ти каже како ќе ја праиме работава, ќе ја спасиме Македонија од предавниците'', овие свршаваат на неговите приказни и мислат дека се дружат со Дон Вито Корлеоне. Не е потребна некоја посебна дарба за овакви идиоти да собереш во твоето стадо и да ти бидат понизни. Реалноста ги треснала од глава ваљда откако се десило убиството, барем овој што пропеа, другите колку што знам негираат (не следам баш). Партијата е популистичка, екстремно десничарска, дувло на имбецили, рамноземјаши, антиваксери. Не ги познавам ликовиве, не одам по цркви, таму се шуњале, собирале некакви потписи за МПЦ, а и во црква ја формирале партијата. Се радувам што сум атеист покрај овакви духовно издигнати сограѓани лол.
Колку што си ти како атеист згрозена од палчо и остали, толку се згрозени и верниците. Христијанската вера нема врска со нив. Дури и мислам дека црквата требала одамна да се огради од нив. Не знам дали е вистина ова дека во црква ја формирале партијата, но ако е така, би требало да се упати критика и до МПЦ, и МПЦ јавно да се извини за злоупотреба на храмовите за политички цели.
А зошто да не ги спои? Вања ја снемува на 27ми, понеделник, рано насабајле. Веќе попладне објавија на вести дека цитроен кој припаѓа на Панче од Велес е изгорен на извесна локација. Понеделник вечер се јавува Кираца на фамилијата. Вторник бараат снимки, ама го бараат детето, не анализираат коли. Веќе среда се гледа дека од полицијата никаков резултат нема тоа што ја барале во Шведска. Почнале да гледаат коли на видеата и ги изанализирале сите што ги виделе пред зграда тоа сабајле на 27ми. Го виделе и реното и цинтроенот како се мотале таму. Ајде одма контакти во Сејф Сити. Реното од Десна, цитроенот велешки. Кој патем пред два дена е најден изгорен, а Панче го нема. Поврзале дека Панче ја грабнал Вања и е педофил. Пошла полиција во штабот заради реното. Кешишев ги пречекува со "Каде бевте досега, ве чекавме" Палчо во меѓувреме начул дека има трага која води кон него. На 1ви мислам беа приведени другите, а тој избега тогаш. Само што од приведување до признавање на двете дела поминало некое време, не е одма на врата. Двајца биле во штабот, еден од дома е соберен. Кешишев кажал кај е Вања, а другиот кај е Панче. И ги одвеле на лице место. Го кажале Александар како соучесник, така Палчо им кажал. Полицијата поима немала, ниту знаела нешто. Пошле во штабот заради снимките од реното и трасата на движење. Мене не ми се сомнителни Кираца и Гоце, по тоа што кажуваат, ми има логика да е така. Е сега не знам зошто Александар е кажан од двајцата исповедници. Третиот изгледа ќутел. Новинарите кога пишуваат, преку насловот наведуваат кон нешто што обично не е точно и јас не ги ни памтам насловите, туку читам текстови или транскрипцијата од судење, што некогаш знае и таа да биде збунувачка. Знам, следев на вести тогаш. Објави тој, набрзо и Спасовски излезе на прес дека се најдени... И после за овој никакви последици немаше. А требаше некој добро да го истепа.
@malerozna ти би ги споила пример да беше на нејзино место? Што би ти значело името Панче од Велес? А убиството е млада девојка во Скопје? Ај да биле пензионери двете лица и да дружеле сфаќам.
Ако го виделе цитроенот пред зграда, знаејки дека е на Панче, да би поврзал.. Па и ако Кираца и Гоце, знаеле дека во исти кругови се вртат Александар и Панче..
Првиот конгрес на ,,Десна" во црквата Св. Богородица - Бразда. https://infomax.mk/честитки-се-одржа-првиот-конфрес-на-де/ https://religija.mk/molkot-na-mpc-oa-nema-da-go-izbrishe-nejziniot-sram-za-sorabotkata-so/
Па колите ги споиле. Гледаш цитроен и рено се мотаат пред зграда во 7 сабајле, во 7ипол тргнуваат од таму накај Партизанска мислам беше. Го имале и сигналот од ајфонот а и снимки од каде поминале, знаеле по кои улици се движат. Од сејф сити им потврдиле на каде се движеле, на кајгана напиша еден дена од некоја златара имало чиста снимка каде и регистрација се гледа, а и лицата во возилото. Имаш сега регистрација, бараш чија е колата, си кажуваат тие дека вртеле на многу луѓе да прашаат чија е колата. Гледаат дека велешка кола е пред зграда, а колата е на Панче. Не знаеле тие дека е убиен, само дека е пријавен за изчезнат заедно со колата. Мислеле тој ја киднапирал и дека е педофил, зошто инаку би бил таму. Затоа што Панче бил исчезнато лице, а колата веќе изгорена пред неколку дена, пошле во партија да се распрашаат за реното, газдите на колата го собрале во станица, ама возилото било паркирано во штабот, па пошле и таму. Ама дури се оправале документи, неколку саати стоеле полицајците пред штаб. И ко тропнале на врата, Кешишев пропеал за Вања, а другиот за Панче. Така се поврзани двата случаја, преку признание. А патем ги кажале Палчо и Александар...