Судењето како целина, од сведоци до изведување на докази. Јас сум за јавни судења, не ви ја сфаќам поентата да биле забранети. Зошто? Сега се сведочењата, потоа се доказите
Не знам, мене ми се сите сомнителни таму. И сите лажат. Таков впечаток имам. Ќе видиме што докази имаат.
Па нормално дека лажат. И ги извртуваат фактите. Се надевам дека имаат докази за сите што се таму. И признание имаат, нека ги осудат на доживотен и ајт. Секако се сите над 50 години, џабе леб ќе јадат в зандана.
Овие ќе треба да ги чуваат посебно, како "народните борци" од Диво Насеље. Ќе им е*ат мајката инаку, та Палчо, та свети Палчо, палци ќе му се гледаат. А џандарине колку па сакаат вакви, може случајно во кофа да се удави едино. Фаци психопатски, оној па старион, мислам е најстар, тој да го видам на улица би бегала каква фаца е. Не знам, таков бес ме фаќа, а не ме фаќа бес лесно, мислам дека би ги тепала да можам крвнички, само кога ќе се сетам на последните мигови на девојчено.
Јас не знам што ви е филмов со пријавувањево во полиција? Особено ти на мајката како си и се запнала?! Што требаше да прави, според вас? Мртва ладна да си седи дома и да чека да и се јави детето? Објаснето е едно сто пати, ама ај уште еднаш: Класната ја очекувала Вања на класен час бидејќи требало да расчистат некакво недоразбирање што имале со некое девојче од одделението. Кога не се појавила на часот, ја алармирала мајката. Мајката, (познавајќи си го ваљда детето) се јавила на таткото и двајцата најпрво почнале да ја бараат, па дури потоа се јавиле во полиција. Значи скоро по 1,5 час пријавиле. Да додадам и дека Вања се допишувала со некој сомнителен тип од Шведска, па и тоа им било можеби и главен сомнеж и мотив да пријават веднаш. За да осудат некого, мотивот не мора да е јасен ниту пак да е утврден. Јас така знам. Доказ не е само материјален, изјава исто така е доказ на суд, без разлика дали е дадена пред истражен, во полиција или на судење. (нека ме поправат правниците ако грешам)
Не знам шо сте се запнале толку за пријавувањето одма. Значи мајката ја испратила сабајле во 7:20 и знаела дека ќе оди на училиште. И после класната се јавува, НЕ отишла. И ѕвонела, телефонот исклучен. Што ќе направевте вие?
Од кога усмена/писмена изjaва е валиден доказ на суд? Дали би било во ред ако најдеме 10 сведоци каде што ќе изјават (лупам сега - само да сфатиш поента), дека ти си го извршила делото? Дали ќе те затворат - не, и не треба.
Мене ми е јасно тоа, ама муабетот е зошто судењето е/треба да биде јавно. Еве, за транспарентност било. Која е транспарентноста? Да му бројат колку станови имале, на чие име биле, колкав кредит имале, колку плата имале, кој кога се земал, кој кога се развел, кој на кого бил кум , колку долго не се виделе... све муабети за на порта, освен зошто е убиено девојчето. Бабата, дедото, кумашинката, комшиката од трети, дечкото од трафиката... Моменти на воајеризам во рамки на реалити шоу. И, колку долго ќе трае ова фамозно судење?
А зошто тогаш се земаат изјави, ако не се доказ? Зошто уопште сведочат? Епа како иначе народов ќе ја задоволи својата морбидна љубопитност? Ги читаш, малку им била драма? Родителиве требало да се тепаат на суд
Истото дојдов да го прашам. За јавно да е, претпоставувам заради што случајот е специфичен, па да не помисли јавноста дека нешто пробуваат да скријат. Тоа дека муабетите се ко за на селска чешма скроз се сложувам. Одоколу прашања ехееееее ... Вртено вртено ко киша око Крагујевца, а никако да се поентира. Баш без врска.
Изјава како изјава треба да е поткрепена со материјален доказ. Јас можам да кажам дека ти си го извршила делото, но ако немам снимка, днк, парче облека, оружје, лопати најдено од тебе, тоа паѓа во вода. За лажна изјава се одговара кривично. Да, некој ќе лаже но не знаеме дали ќе го фатат во лагата. Изјава се зема како насока во кој тек да се движи судењето, пред да се изведат доказите. Заедно со доказите се комолетира целиот случај, и ако се поклопуваат изјавите со доказите, се решава случајот. Некогаш праведно, некогаш на штета на едните или другите.
И досега, колку и да трае денови судењето (10, 20) разбравме дека ја барале под дрво и камен. И на Маск дека му пишале. Со ова темпо до наредно лето ќе трае и ќе заборавиме за што е судењето уствари.
Убиства се во прашање, не кражба на кола. Што мислите вие, на едно рочиште се ќе заврши? Штом се викнати како сведоци значи не се таму за да расправат муабети како баби на чешма. И да, транспарентноста на едно судење е доста битна работа. Башка што јавноста и треба да биде и те како информирана за вакви громорозни убиства.
И запнав да. Од сегашен аспект со право. Уште тогаш па и сега, за тинејџер и баш не е чудно да го снемува. Ама како што се откриваат детали, станува јасно зошто паничеле од почеток.
Мене татково не ми е јасен. Ид прв момент знаел дека е киднапирана. Значи точно знае и зошто и како. Зошто седи свиткан ко глушец во дупка. Зошто не отвори уста и каже? Палчо е пореметен. Сигурна сум дека ги измислува шпекулацииве дека наводоно бил во врска со Зорица, никој тоа не го тврди освен тој самиот. Седи ко паун и се смешка. Станот кде живееле Зорица и децата а е сопственсот на Александар( тоа ми е најголема енигма, зошто станов гласи на него) денес вреди над 200.000 тоа итекако може да биде мотив за убиство.
Некаде по транскриптите од судењево мислам дека имаше изјава од некого, дали од мајката, дали од инспекторот.
Еве, мене не ми е јасно ама баш ништо т.е никакви скриени сценарија не гледам од постапката на мајкава. Јасно е зошто пријавила, да не се повторувам пишав претходно. Ти имаш некои други сознанија? Инаку, како што тече случајов, иако на почетокот ми изгледаше нелогично зошто ја украле колата на Панче, сега со изјавиве сметам дека има смисла планираното. Колава ја виделе на снимка, поврзале дека е на Панче и помислиле дека он ја киднапирал Вања, токму како што и сакале да мислат. И овие шупациве да не пропеале, тешко дека некој ќе ги најдеше телата некогаш или дека ќе поврзеа дека они се убијци.
Затоа што има/ат уште едно дете. Ваљда е доволно. Мене ми е доволно. А со кого и за што се имаат закачено, они си знаат. И толку за потребната транспарентност.
Ама тебе. Очигледно замисли недоволно за да се затвори случајот. Киднапираат дете, свирепо го убиваат и вам ви е доволно оти молчел за да ја заштити другата ќерка. Па и да е така, не треба да има правда, не треба тие луѓе да живеат во мир, а не во страв? Мотивот и те како е битен и целата вистина за случајот.