Истрага за убиството на Вања и Панче

Discussion in 'Политика и настани' started by RainBow, Dec 12, 2023.

  1. Kir

    Kir Активен член

    Joined:
    Aug 19, 2023
    Messages:
    20
    Likes Received:
    10
    Gender:
    Female
    Воопшто не е чудно што се јавила веднаш.Таков им бил договорот.

    Јас одев во школо за странски јазици и мојата професорка се јавуваше дома ако не отидевме на курсот или ако не сме напишале домашно.Во училиште сме немале таков договор и родителите дознаваа последни дека сме бегале.

    За најневажната работа се фаќаат повеќето.Класната се јавувала кај секој родител доколку не се пријави детето дека нема да дојде однапред. Ова се расчисти уште на почетокот.
     
    L.i.n.a.a likes this.
  2. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    299
    Likes Received:
    1,087
    Gender:
    Female
    Јас во ниедно мислење не кажав дека сакам сите судења да се затворени за јавност, за конкретново зборев.

    И кај Денис Тот беше убиство, Јован или како и да се викаше дечкото исто така го усмрти девојчето на пешачки кај Сити Мол и нивните судења беа јавни.
    И бев тогаш за да биде така, ете може ќе послужат за пример како не треба во афект да се напаѓа некој, посебно ако си конзумирал алкохол или да возиш така како што возел, ако застане колата пред тебе на пешачки не ја заобиколуваш да поминеш, туку застануваш и ти. Не знам, ете, се надевам дека на некој нешто ќе му влезе во глава од тоа затоа што и двата случаи завршија фатално и најлошо можно.
    Исто како што заврши и Вања ама тука причините се други, испреплетени сите нивни односи кои траат со години излегуваат на површина само што тука освен задоволување на љубопитноста на народот, нема друга причина ова судење да е јавно.


    Денис Тот можеше да биде било кој таа вечер, девојчето на пешачки исто. Во случајов немаше друго дете да биде на местото на Вања, некој однапред решил дека ќе биде она.

    Прелично е за разлика од другите две и затоа според мене, требаше да е надвор од очите на јавноста. Јас вака гледам на работите.
     
    Last edited: Nov 19, 2024
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    17,009
    Likes Received:
    130,733
    Gender:
    Female
    Кога имаш дете со нарушено здравје, скроз разбирливо е судењето да не биде јавно.
    Пошо тоа дете кое и онака е во длабока тага поради загубата на сестра си, ќе тоне во уште подлабока ако во медиумите може да гледа видео. И сите деца па и некои возрасни (невоспитани, без грам емпатија) околу неа ако го гледаат тоа, уште бетер ќе ѝ зборат на девојчето. А, којзнае што веќе слуша...
    За јавноста е доволно да се каже дека врз основа на тие и тие докази, тие се виновни и ќе лежат толку и толку години. И стварно така да биде, не да се извлечат.
     
    Mumoftwo30, SummerGirl and Amelia. like this.
  4. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    299
    Likes Received:
    1,087
    Gender:
    Female
    И тоа исто така, посебно затоа што сѐ што е напишано и објавено, ќе остане.
    И ќе може секој што го интересира и по неколку години да најде и прочита.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,979
    Мајката објасни дека некоја книга била спорна, дека вечерта претходно се слушнале со класната и било договорено на прв час тоа да се реши меѓу девојчињата.
    Кога не дошла Вања, а не само што немало најава дека нема да дојде туку било потенцирано дека ќе дојде, и' паднало сомнително на класната и затоа се јавила на Зорица толку брзо, а и затоа Зорица па изреагирала толку брзо.

    Инаку саат ипол да нема дете, да не се јавува на телефон, да го следиш телефонот и наеднаш гледаш кај се губи трага, се јавуваш по другарки, роднини и никој ништо не знае, апсолутно е правилно јавувањето во полиција.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,288
    Likes Received:
    259,242
    Вие изгледа немате престава што значи затворено за јавност. Тоа значи дека некој слушнал, па ќе се прераскажува, па куп приказни во јавноста и уште полошо за другото дете. За жал не постои начин да се заштити, да не чита за сестра и и слично.
    Вака барем не може да се извртуваат до толку сведочењата и да се прави додатна драма.
    Што е уште поболно.
    Ама ко ќе запнете, детето да се заштитило. Како само не знам.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,871
    Likes Received:
    109,981
    Gender:
    Female
    А пази, сите ја нападнаа мајката дека она ќутела, а никој не го напаѓа таткото дека се потсмевнуваше на приведувањето, дека на судење седи ко мисир и а не кажува, додека ова монструмот Палчо измислува дека бил во врска со Зорица и што ти јас знам... Мајкава зошто молчела, зошто жената е ни на небо ни на земја, заборавате дека има луѓе кои работат со неа, ја познаваат, а Скопје е мало, се се дознава, дека едвај фукционира еве цела година ќе направи, дека малата е во агонија, дека е сама на светов без никој и дека се плаши и за нејзе...

    Инаку многумина го прават истото со становите, за да не се плаќа данок дупло, како данок на луксуз, се прави договор на нотар соодветен и ајт. Којзнае колку станови имаат, мајка ми на една куќа и еден стан, данокот за станот и е 4200, за 65м2 стан во Ѓорче, а ова бил голем стан и тоа во Центар, а верувам не е и единствен стан, можеби им требало за некаква гаранција исто така, луѓето не биле во брак но имале добра комуникација во поголемиот дел од времето, мајката секогаш инсистирала на добра комуникација на децата со таткото и често медиирала меѓу големата ќерка и таткото кој често се карал со неа. И ова не е муабет од рекла казала, ова е муабет од нејзини колешки кои никогаш немале лош збор за неа, напротив кога се случило се што се случило се менувале со денови да и помагаат. Жената е сама, нема никој. Не знам дали она сведочела, дали е сослушана, мислам не.

    Инаку и мене ми е многу сомнително семејствово на Кираца, одеднаш од нигде никаде се јавуваат да помогнат и играат клучна улога....
     
    boo3, st-el, Amo.la.moda and 6 others like this.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Joined:
    Aug 7, 2012
    Messages:
    17,252
    Likes Received:
    118,914
    Gender:
    Female
    Кога е следно рочиште?
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,788
    Likes Received:
    15,590
    Gender:
    Female
    Утре.
     
    fana likes this.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,462
    Likes Received:
    183,589
    Gender:
    Female
    Изјавите на сведоците како и на обвинетите може да се менуваат низ целиот процес на судењето. Сепак, експертите можат да извлечат многу од тоа што се кажува, начинот на кој се кажува, гестикулации, контакт со очи итн итн.

    Физичките докази имаат најголема моќ при докажување на вина, ама моментално оружје нема, што е најнајнајбитниот доказ. Отпечатоци од прсти од главниот обвинет нема. Освен изјави на останатите обвинети кои нема како да се потврдат, не знам дали ви е јасно, ама моментално обвинителството има многу слаби докази против Палчо (освен ако постои нешто за што јавноста не знае, од она што до сега го знаеме, немаат ништо конкретно против Палчо).
    Иако мотивот често знае и да изостане, во овој конкретен случај, мотивот/мотивите би биле силен доказ. Особено поради што мотивот е директна причина оти убиството се случило. И лично сметам дека судот моментално е насочен кон тоа, изнајдување на мотивот/вите.
     
    Bubce38, fana, SummerGirl and 6 others like this.
  11. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2021
    Messages:
    724
    Likes Received:
    2,150
    Gender:
    Female
    Kir likes this.
  12. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Joined:
    Apr 9, 2016
    Messages:
    1,195
    Likes Received:
    2,941
    Gender:
    Female
    Леле овој Ерол да не е оној Ерол од твитер, крајно антипатичен лик и од почетокот се мешаше во истрагата. Сомнителен ми стана кога објави пост што стана вирален и сите го споделуваа, цела мрежа, постот беше нешто Вања чичин врати се се ќе ти биде опростено, ти ветувам. Цело време тврдеше дека е близок со фамилијата и кумовите. Би било подобро детално да се испита ако е тој истиот може да знае повеќе. Да не е алиби, не дојде ама те чекав на 27 баш на 28 го викнал за котелот после 10 години.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,768
    Likes Received:
    141,794
    Па и кога се карала со Вања она одела цел месец кај татко и. Мене многу ми се чудни сите. Некако сите се дисфункционални. Вања се самоповредувала.
    Може била супер колешка, ама некои работи со воспитување не се баш ок.
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,953
    Likes Received:
    36,972
    Gender:
    Female
    Леле Чка, аман!!!!
    Ти сигурно ќе бидеш најдобар родител! Од оваа перспектива ти изгледа лесно, ама во пубертет важат други правила. Додај на тоа дека имало и развод во семејството, добитна комбинација. Дајте имајте барем малку осет, мајку му стара!!!! Женава дете изгуби!!!
     
    Anyshka, eli25, eliesaab and 6 others like this.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2010
    Messages:
    1,347
    Likes Received:
    4,231
    Gender:
    Female
    Што мислиш дека реши, со која изјава?
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,768
    Likes Received:
    141,794
    Ова се работи кои се случиле пред да изгуби дете. Ако покасно изгубила, не значи дека е во ред тоа што детето се самоповредувало. Ако тоа е во ред во пубертет, не сум знаела. Или цел месец да си оди од дома, кај татко и, за после да пишувате дека мајка и ја поддржувала да оди кај тато и кога детето бегало. Не правете светица од никој.
     
    Angie1432, Bubce38 and JuLleE like this.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,871
    Likes Received:
    109,981
    Gender:
    Female
    А кое семејство нема проблеми со деца тинејџери? Биле скарани заради дечкото од Шведска што го запознала онлајн, тоа не го кажал никој рекла казала туку мајката го има изјавено и тогаш се самоповредувала. Дека детето било троа тврдоглаво било, љубопитно, бунтовно, се се тоа изјави на мајката кои медиумите ги пренесоа.
     
    eli25, FridaodaMk and Mumoftwo30 like this.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,768
    Likes Received:
    141,794
    Не биле скарани за тоа, за тоа мајката рече дека и она разговарала со дечкото. Не кажаа за што се скарале. Ама да дојде до степен на самоповредување, не е баш како што ја опишале колешките.
     
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,734
    Likes Received:
    13,586
    Gender:
    Female
    Тоа што детето било бунтовно и се имала карано со мајка и и татко и, и се лутела на татко и, па се враќала кај мајка и, и кога се лутела на мајка и, одела кај татко и, нема врска со тоа што девојчето е киднапирано и убиено.. Не знам зашто вадите од контекст работи, она не се самоубила, па да коментирате за нејзиниот однос со мајка и, ја убија, ја киднапираа и ја убија, ако ви текнува, тоа треба да се коментира, а не тоа што си била проблематична како тинејџер со оглед на тоа дека нејзината проблематичност како тинејџер не доведе до тоа да ја киднапираат и убијат, него има друга причина која ние не ја знаеме..
     
    Skorpija25, Tinaaa, eli25 and 7 others like this.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,871
    Likes Received:
    109,981
    Gender:
    Female
    Не избегало кај татко и, отишла да живее кај татко и. Самоповредување не е во ред, ни во пубертет ни никогаш, во ред е нејзината бунтовност и тврдоглавост. Имам еден куп школски другари и другарки кои беа деца на разведени и скоро сите исто се однесуваа, ќе се скараат со едниот одат кај другиот и обратно.
    Се имале скарано и за дечкото па попшуштила мајката и зборувала со дечкото онлајн.
    Па јас не реков дека е убиена ради тоа, кај реков такво нешто. Го опишувам карактерот нејзин од тоа што мајката има изјавено и нивните блиски во чаршиски муабети. Муабетот дека не биле семејство за пример. Точно не биле, но имале ок однос.