Од кога самоповредување е правило за во пубертет? Не, не е нормално и ни те прави добар родител, а ни лош. Зошто се случувало тоа е битно. А откако се случи убиството и те како треба се да се истресе и истражи. Па дури и мајката.
Не, не е правило, ама силењето јас сум најмајка не важи за пубертет. Во пубертет може да си најлош родител. На крајот на краиштата, за нешто што не си искусил подобро да не збориш пред време. Што се однесува до „истресувањето„ јас не гледам потреба од тоа? Која е целта на истото? За да Славица од Свирипичино биде информирана, или?
Јас никаде не се силев дека јас сум најмајка. Не ми пикај зборови у уста и научи да дебатираш. Ова е исто како јас да ти речам, ти ја браниш оти ќерката твоја има психички проблеми и се сече со нож, затоа ја оправдуваш. На темата, ниедно самоповредување не е нормално и не е океј за никој. Само покажува дека никој во семејството не е совршен според кажувањата на колешките.
Кај виде ти некој овде да се прави најмајка? Никој. А истресувањето е битен за случајот, се тресе се оти мора да се утврди мотивот. Не за Славица од Свирипчино, туку за случајот. Еве според тебе да го затвореме ако не.
Исто.И уште не сфаќам,како доказите ќе се изнеле на последно рочиште.Нели функционира на принцип Палчо вика бев во банка и му носат снимки те нема во банка.Исто и од сведочењата на мобилните ништо.Базни станици итн
Денес го фатиле во лага Палчо, т.е. има сведок што тврди дека Палчо не поправал котел на 22ри (денот на убиството на Панче) како што на првото рочиште кажал, туку дека го правел котелот на 28ми (денот по убиството на Вања). А на 27ми вечерта му одговорил дека дента бил болен и затоа утредента ќе дошол да го прави котелот. Така да, допрва ќе видиме кој кажува вистина и какви докази имаат.
Ама буквално го направи самоповредувањето дека е вина на мајката. Или воспитувањето. И нема врска со причината-зошто е детето убиено. Или јас не сум доволно креативна да ја видам врската.
Да, нема поврзаност, ама беше кажано во смисла, таткото се карал со детето, мајката била фина и поттикнуваат да се гледаат, а не е така. Дезинформации непотребни
Ако мислиш на мојот пост, зборував за тоа дека мајката била грижлива и посветена мајка, секогаш инсистирала со разговор да се решат проблемите. Дури и во ситуацијата кога заминало детето кај таткото на ист начин го решила проблемот. Што не кажува дека не се карала со Вања и обратно, моментот што Вања се скарала со татко и не значи дека не решавале проблеми и не се грижел за децата. Инаку не, не се грижел за децата, бабата се грижела, он ако не бил излезен спиел по цели денови. Ама тоа се муабети од рекла казала што не можам да кажам дека се вистина, затоа и не ги напишав кога ја опишував мајката.
НЕпотребни информации. Дали се точни или не, за случајот не се битни. Освен ако не и веруваме на небулозите на Јоци, дека таткото сакал да го рента станот ама Вања сакала да живее таму и остало.
Ете гледаш, рекла казала, небитно во ситуацијава за решавање, а за убиството мислам дека е битно. Битно е односот на родителите со детето кое е убиено свирепо од непознати причини. Знаете што не ми е јасно?! Како тоа сите тројца потврдуваат приказна, овој е таму и како тоа он ако е невин не ги напаѓа воопшто овие тројцава. Па да ме обвиниле неправедно, ќе застанам и ќе ги нападнам, ќе се одбранам. Сега зборам нели од личен аспект, како би постапила, што мене ме буни во ситуацијава. Не знам, ете си размислувам јас како нели би се однесувала. По кој основ мулево се произнесува за невин, па и они не се осеќаат виновни а учествувале и ја потврдиле приказната. Ми има дупки цело ова.
Мноооогу погрешно. Апсолутно се е битно во случајот. До што јаделе и пиеле и какви гаќи носеле. (Сеа карикирам). Ама! Ѓаволот често пати е во деталите. Ниедна информација не е наивна. И како што кажаа. За случајот. Не за нас. Ние ко народ секако ќе си збориме.
Според тебе и Ана, случајот треба да се затвори. Фала богу па не се работи според вашата логика, оти досега ниедно убиство немаше да биде решено. Се е битно, односот нивни, се што правеле оти мотив се бара. И виновници. Битно е и што јаделе, да. Ама запнавте дека народот сакал да знае, па еве затоа сите таму си прават циркус. Добро, никогаш не сте следеле судење, дело?
Друг сведок што денес сведочел тврди дека Палчо му дужел 15.000 евра, и наводно му ветил дека ќе ги добие до 01.12.2023.