Следното рочиште е закажано за 25-ти ноември каде сведоци се Игор Јанушев, Зоран Аваз и Љупчо Мицевски.
Не знам, не пишува детали зошто сведочат. Ама нели има еден Игор Јанушев од Вмро ген.сек.е во влада, не знам што би го викале него хаха а може е друг со исто име. Другиве двајца не се познати јавно мада за третиов знам дека е адвокат.
Колку само имиња се спомнуваат, замешани или не, и замислете сите скоро и целосно запознаени со мотивот. Ми мириса на мафија, тешка мафија. Ама се си мислам некој кој ќе биде ,,потплатен,, ќе излезе виновникот. Мафијата ќе остане мафија.
зашо не ги судат одвоено? Не дека адвокатот на Палчо не може да пренесе на адвокатот на Боро ама зашо се заедно? И да слушаат кој шо кажал? Треба одвоено по мене Иначе и на Кајгана отворив коментирале за бегство у Бга
Прашање до правниците, на сведоци дозволено им е да излегуваат надвор од државата додека трае судењето?
Како што тргнала работава Палчо ќе си добие условна евентуално нешто минимално, но не да се товари за убиство. Доказ нема дека бил на локација за време на извршување, оружје нема, сега и писмото на Кешишов, убавини
Така. Судењата се јавни поради транспарентност, особено за судења каде постои голем интерес во јавноста. Се подобрува квалитетот на функционирање, граѓаните стекнуваат поголема доверба, итн итн. За жал во Македонија само во теорија се јавни. Ние кога студиравме ни беше посочено дека секој може да присуствува, секако дека судот може да не ти дозволи, ама во суштина ако не се работи за малолетници секој што сака би требало да може присуствува. Кај нас тоа го нема. Не само тоа, туку често и немаме доволно опремени судници за да јавноста биде и медиумски вклучена, ама друга тема е тоа. Сакав само да додадам, кога се случува убиство, особено се важни односите меѓу членовите во семејството, а особено меѓу најтесното семејство. Меѓу партнерите или бившите партнери, уште повеќе на релација родители-деца. Најноншалантно сосем ништо не е битно овде некогаш, стварно се чудам. Кога пишав дека изјавите на сведоците може да се менуваат, кога почнаа да ги менуваат. Како се чини, драмата допрва почнува.
Нормално. Замисли ти вечерва гледаш тепачка, те викаат у суд сведок, судењето трае 4 години, ти на одмор да не одиш оти си видела некој се степал.
Да, и не само сведок. Дури и ако си виновен, односно тужен. Не зборам за дело кај што треба да се санкционира со затворска казна, туку за оние полесните. Тепачка, лесна сообраќајка без трајни последици, правна постапка некоја со документи, измама, и слично. Само кај што има опасност по животот на останатите, или се работи за тешко кривично дело. Е сега, непојавување на суд по покана од судот, без валидна (здравствена / службена) причина, треба да е или казниво, или задолжително, не сум сигурен точно.
Претпоставував, само да потврдам. Не знам шо се палат дека Гоце и Кираца отишле у Белград, демек побегнале. Па не побегнале ако им е дозволено да одат каде сакаат.