Како разменувале писменца хахахха. Обични смртници шверцаат картици, дрога, мобилни низ македонскиве затвори, не па криминогениов коњ кој цел живот го поминал во матни кругови со рекетчиња, уцени и местенки. Има пракса и искуство штакоров во овие работи.
Јас мислев дека цело време ги носат со придружба. Не мора во различно комбе, ама дека има полиција со нив позади...
Значи ја следеле Вања кога излегува или пак сакале и претходно да ја земат, зошто колата била на 24-ти пред зградата на Вања сабајлето од 6.30 часот. Сведокот денес: цитроенот го гледавме на 24 ноември 2023 година како се појавува од Маџари Триангла и оди на местото каде што живее девојчето во во 6.38 часот. После тоа си оди. Потоа, на 27 ноември го видовме како оди од Бутел кон местото каде живее девојчето, а потоа кон Партизанска. Следното рочиште е закажано за 16 декември, а следни сведоци се Гоце Трајковски, Елвис Ибрахим и Тодорче Георгиевски. На 20 декември ќе се изведуваат материјални докази.
Затоа што прво планот им бил на 24ти да ја киднапираат, но не им успеало, па затоа тоа го направиле на 27ми
Сакале да ја земат на 24ти (петок) ама имало многу гужва и се откажале. Затоа киднапирањето се случува на 27ми, во понеделникот. Инаку и на 24ти излегувала сама, затоа што сестра и немала прв час тогаш. А на 27ми не и било добро и затоа пак била сама иако не требало, а кој им го дал тие информации ќе видиме.
Јас еднаш пишав, ама тогаш некој ми се нафрли дека сум ширела дезинформации. Наводно сакале претходно да ги киднапираат и двете, муабети што се правеле што сум слушала, ама таткото платил нешто наводно на почетокот па као ај за да даде уште пари. Му рекле ако не едното ќе го соберат на следниот датум. Се ценкал за малото дека болно.
Ова колку што држи вода, толку и не. Ако било за пари, пак се враќаме на почетокот, зошто не се бара откуп воопшто туку веднаш ја убиваат? Има ископана дупка од претходно, а немаат место каде би ги чувале, значи ако ги земеле двете и двете би ги убиле? Единствено има смисла затоа што по однесувањето на таткото ми иде на памет дека е во коцкарски долгови, а кирија од тој стан веќе неколку месеци не зима, а со оглед на тоа како изгледа и го јаде грижа на совест, очигледно има нешто асално зезнато.
Ама на кого би бил должен? На Палчо сигурно не, тој динар скршен немал еве на суд сите испаднаа дека му давале пари.
Se otkrivaat poleka rabotite! Palco sala da ispadne nevin no ne moze.! Da si dobijati dozivoten zatvor i malku ke im bide za toa i cel ziviot vo samica da bide! Nenormalni lugje bez sovest nikakva!
Доживотна 20 години? Треба измени да има Овие ментални и да ги осудат, не верувам дека ќе ја одлежат казната до крај. Може ќе завршат како........ Ај да не го пишувам.