Истрага за убиството на Вања и Панче

Discussion in 'Политика и настани' started by RainBow, Dec 12, 2023.

  1. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2023
    Messages:
    179
    Likes Received:
    318
    Gender:
    Male
    Не баш, туку за оние дела за кои е пропишана доживотна затворска казна, судот може да изрече затворска казна од 20 години. Пример чл.123 (Убиство) од кривичниот законик. Тоа не значи дека доживотната затворска казна по автоматизам треба да се поистоветува со казна затвор од 20 години. Доживотен затвор може да значи и затвор до крајот на животот.

    Во овој момент, на Панче и компанија, им се суди за стек.
     
    Dilajla123 and SummerGirl like this.
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    2,490
    Likes Received:
    1,928
    Тука има некоја логика, според оваа логика таткото должи на Кираца, и оваа го пратила Палчо да ја киднапира Вања, а сега дали зезнале да ја убијат не знам.
     
    SummerGirl likes this.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2014
    Messages:
    18,777
    Likes Received:
    194,558
    Ааа како не
    Лани или преклани тој шо го уби нешковски на плоштад го помилуваа
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2014
    Messages:
    18,777
    Likes Received:
    194,558
    Што значи ова??
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,141
    Likes Received:
    267,123
    Стек е извршување на повеќе кривични дела од страна на еден сторител.
     
    Feminka22, Skorpija25, st-el and 5 others like this.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,965
    Likes Received:
    115,391
    Gender:
    Female
    Има разлика во квалификацијата на убиството, убиство од небрежност и убиство без предумисла. Не сум правник ама баш го читав ова зошто и јас за ова се сеќирав, ќе го ослободи некој. И плус тоа ќе им накалемат повеќе работи, ќе го ослободи за грабнување, ќе му скине 10г ама за убиството тешко.
     
    eliesaab likes this.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2014
    Messages:
    18,777
    Likes Received:
    194,558
    Абеее Македнија е ова
    Криминалци слободно шетаат додека некој за кило кебапи леже затвор
     
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Joined:
    Apr 15, 2012
    Messages:
    3,173
    Likes Received:
    9,475
    Gender:
    Female
    Читав претходно, низ темава имаат објаснето. Во случајов ги сомничат за повеќе дела со големи (над 10 години) затворски казни. За секоја да се осудени над 10 години, ќе им се собере доживотен затвор. Секоја казна се одлежува посебно, не им се заедно. Единствено притворот што ќе им е пресметан во казната, ама тоа нема да им скрати многу. Сигурно се на доживотна.
    Трагедијата ништо нема да ја надомести, целото општество е вознемирено за век...
     
  9. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Joined:
    Nov 21, 2024
    Messages:
    344
    Likes Received:
    869
    Gender:
    Male
    Зошто се концентрирате толку на казната?

    Во Македонија сме, затвореници за тешки дела ги пуштаат за викенди. Нели читате во црна хроника дека често пукања и грабежи (па и убиства, еве неодамна тоа што беше пред Мавровка) ги прават затвореници што се пуштени на викенд или лечење.

    edit: Мислам дека и ова убиство го има направено тип кој бил излезен од затвор на викенд
     
    Last edited: Nov 26, 2024
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    18,974
    Likes Received:
    140,614
    Gender:
    Female
    Па, овие не се млади. И дваесет години ќе им се доживотна.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,965
    Likes Received:
    115,391
    Gender:
    Female
    Убијци не пуштаат на викенд, знам бидејќи имам зет кој лежеше во затвор, и него не го пуштаа од одма. А за овој тешко дека ќе го пуштат одма, многу тешко.
     
    Antebellum, SummerGirl and Mumoftwo30 like this.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2014
    Messages:
    18,777
    Likes Received:
    194,558
    Пуштаат намерно за викенд
    Ако треба некој да се скине или да се направе некоа беља
    Продолжена рака на главните мафијаши т.е политичари
     
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Joined:
    Oct 10, 2017
    Messages:
    4,138
    Likes Received:
    15,874
    Gender:
    Male
    Палчо ми ја даде изјавата, ја доставив до судот од страв, рече Кешишев.

    Обвинетиот Влатко Кешишев рече дека изјавата која ја предаде до судот во која тврди дека Палчо не бил на местото на убиството му ја дал првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.
    Ми беше дадено ливче да го препишам со мој ракопис и да го дадам до судот. Ја дадов од страв – рече Кешишев.
     
    SummerGirl and Mumoftwo30 like this.
  14. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Joined:
    Nov 21, 2024
    Messages:
    344
    Likes Received:
    869
    Gender:
    Male
    ете одма можеби не, ама после 5 или 10 години ги пуштаат (особено ако е договорено да направат некоја беља)
     
    SummerGirl likes this.
  15. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Joined:
    Dec 26, 2023
    Messages:
    1,408
    Likes Received:
    3,563
    Gender:
    Female
    1 година денес :u::u:
     
    Ahoy, Amelia., Mrs.Precious and 8 others like this.
  16. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Joined:
    Apr 9, 2016
    Messages:
    2,022
    Likes Received:
    5,593
    Gender:
    Female
    Вања :u:27.11:u:
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,428
    Gender:
    Female
    Бог да ја прости ;(
     
    st-el and SummerGirl like this.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Joined:
    Aug 7, 2012
    Messages:
    18,243
    Likes Received:
    125,128
    Gender:
    Female
    Душичка златна, мило невино срценце и чиста душа. Почивај во мир девојче :u:
     
  19. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Joined:
    Apr 9, 2016
    Messages:
    2,022
    Likes Received:
    5,593
    Gender:
    Female
    Не знам дали го прочитавте интервјуво на курир, во глобала јас се согласувам, горе доле тоа и го мислев, ќе го копирам тука ако некој сака може да продискутира.

    И по една година од грозоморното убиство на малата Вања, се уште постојат нелогичности и нејаснотии во целиот случај, на кој начин и како е извршен овој чин. Пред токму една година, со свој коментар на социјалните мрежи вистинска бура предизвика објавата на магистерот по кримнинологија Ленин Јовановски, кој меѓу другото со својата објава тогаш напиша дека „ова убиството нема форми на “користољубие”, не постои конкретно дејство на уцена и изнуда и дека девојчето е киднапирано за да биде егзекутирано“.
    – Факт е дека е извршено грабнување и свирепо убиство и за тоа верувам дека се обезбедени доволно докази, но ќе остане една голема празнина и случајот не ќе е докрај разрешен ако не се утврди вистинскиот мотив и нарачателот на тоа убиство, а со оглед како се води од старт целата постапка и како се наведува случајот на мотивот користољубие, без притоа да има ниту еден релевантен елемент за такво нешто, сметам дека ако се остане на тоа, значи дека се намера да се реши и од таму е мојот сомнеж за големата моќ на оној кој за жал ќе остане сокриен после се. Ако вистинскиот мотив не се обелодени, граѓаните ќе имаат причина понатаму да стравуваат за сопствените животи и животите на своите деца, вели Јовановски во денешното интервју .
    Најнапред, сакам да кажам дека ништо од она што го констатирав и споделив со јавноста не би го корегирал воопшто и во целост стојам на истото. Сето тоа беше базирано врз основа на одредените факти кои беа изнесени на онаа несреќна прес конференција на која тогашниот министер за внатрешни работи во јавноста сподели одредени факти до кои е дојдено од истрагата на МВР, крајно непотребно и непрофесионално, уште повеќе што директно беше посочен и извршителот на свирепото убиство. Она што исто за мене беше запрепастувачки е како од прибраните докази беа искажани сосема нелогични констатации кои само направија дополнителна конфузија, а тоа беше првиот повод да се обратам на јавноста со она што е единствено можно да се претпостави врз основа на утврдените факти од истражната постапка. После тоа мое обраќање можевте да ги слушнете и другите екперти од областа на криминологијата, па и оние надвор од Македонија кои се позанимаваа со тој случај и кои ги потврдија, а некои и ги цитираа моите констатации како единствено можни при едни такви околности, вели Јовановски.
    Јовановски и понатаму тврди дека не е логично мотивот за убиството на Вања да е користољубие. Според него, би можеле да постојат два мотиви и тоа едниот одмазда, а другиот замолчување.
    -Со оглед дека не сум бил дел од истражниот тим, ниту подоцна имам добиено било какви други информации, ете и година потоа не би можел да додадам ништо друго и ништо повеќе, а во очекување сум конечниот расплет на овој немил настан што сериозно ја потресе целата јавност тука и надвор од Македонија, да ги потврди тие претпоставки и да се дојде до вистинскиот мотив и нарачаелот на егзекуцијата, кој се уште мислам дека не се познати. Што се однесува до тоа дали има форми на користољубие, јас и понатаму тврдам дека нема таков мотив, ако веќе се познати припремата, времето, постапките и начинот на самата егзекуција. Според мене има два можни мотиви, едниот мотив е освета, а другиот замолчување, смета Јовановски.
    Според него, ладнокрвноста, добивањето на информацијата “од внатре“ дека е под истрага посочениот егзекутор, кој како таков е во функција на одредени служби.
    -Комоцијата на посочениот егзекутор, кој според мене како таков е во функција на одредени служби, кој сигурно не му е прва и единствен егзекуција, ќе се констатира од неговото однесување, пред, за време на чинот и потоа. Тоа се класични и вообичаени однесувања и дејства, на лице од таков формат и до сега се оди како по книга како што тоа бива во вакви околности. Ладнокрвноста, добивањето на информацијата “од внатре“ дека е под истрага, правњето простор во време со бегството и типот на луѓето кои при тоа дејство го придружувале, дестинациите на двжењето и самото предавање јасно укажува дека неговиот ментор делумно (но во битен дел) му ја откажал гарантираната заштитата која претходно ја имал, додава магистерот по криминологија и тероризам за Курир.
    Јовановски меѓудругото смета дека таткото на Вања нема дирекна вмешаност во случајот и дека е употребен, односно злоупотребен од егзекуторот, а исто така дека и помагачите не ги знаат вистинските мотиви и нивните искази во врска со тоа се базираат само на она што им било кажана од егзекуторот.
    -Одговорите за вмешаноста на други лица (моќници) е евидентна и од ова претходно што го кажав, но одговорите лежат во егзекуторот и секако распитот, изјвите и сознанијата на семејството се кључен фактор за дознавање на вистината. Кога сум кај смејството сакам да кажам исто така мое мислење од она што ми е познато, а тоа е дека јас сметам таткото на Вања нема директна вмешаност туку дека истиот е употребен, односно злоупотребен од егзекуторот и нема свесна вина во целиов случај. Исто така помагачите во грабнувањето и егзекуцијата сметам дека не ги знаат вистинските мотиви и нивните искази во врска со тоа се базираат само на она што им било кажана од егзекуторот, што не значи дека тој им ја кажувал вистината. Тие се релевантни само за она што во што директно учествувале и како очевидци во тоа дејство, вели криминологот Јовановски.
    Факт е дека е извршено грабнување и свирепо убиство и за тоа верувам дека се обезбедени доволно докази, но ќе остане една голема празнина и случајот не ќе е докрај разрешен ако не се утврди вистинскиот мотив и нарачателот на тоа убиство, а со оглед како се води од старт целата постапка и како се наведува случајот на мотивот користољубие, без притоа да има ниту еден релевантен елемент за такво нешто, смета Јовановски.
    -Цврстите докази се една работа и дека ќе има рзрешница врз основа на тие докази не е спорно, но од она што беше видено и случено до сега и како се интерпретираат доказите и кои заклучоци се изнесоа до сега, јас лично ги сметам за погрешни. Факт е дека е извршено грабнување и свирепо убиство и за тоа верувам дека се обезбедени доволно докази, но ќе остане една голема празнина и случајот не ќе е докрај разрешен ако не се утврди вистинскиот мотив и нарачателот на тоа убиство, а со оглед како се води од старт целата постапка и како се наведува случајот на мотивот користољубие, без притоа да има ниту еден релевантен елемент за такво нешто, сметам дека ако се остане на тоа, значи дека се намера да се реши и од таму е мојот сомнеж за големата моќ на оној кој за жал ќе остане сокриен после се. Ако вистинскиот мотив не се обелодени, граѓаните ќе имаат причина понатаму да стравуваат за сопствените животи и животите на своите деца. Кога во убиства , бизнис елиминации и друг вид егзекуции директни извршители се луѓе т.н. новинари, политичари, бизнисмени… кои поддржани од разни фактори, добиваат простор во медиумите да креираат јавно мислење , да имаат политички и економски влијанија, да се дел од криминалот во службите, коруптивноста и сервилноста на судството, како аномалии од најстрашен облик и да се практика во едно општество, граѓаните и тоа како треба да се загрижени и уплашени , но и одговорни да превземат конкретни дејства за да се заштитат пред се себе си, зошто сето ова опасно демне над секој од нас, констатира Јовановски.
     
  20. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Joined:
    Jun 3, 2019
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    21,831
    Gender:
    Female
    :u::u::u: