Имало докази и за Палчо и за таткото. Нажалост. А за деталите, јас сум човек што не повраќа никогаш, ни трудна не повратив, е кога го прочитав ова истурив црева. Прежално е. Јас слушнав муабет сосема случајно, од жена вработена во суд, седев позади неа и она прилично запознато со случајот изгледаше додека објаснуваше и некои работи кои ги кажа се поклапаа ептен и немам причина да не верувам. Жената рече дека сите вработени во судот кои биле во допир со информациите биле со недели болни и потресени од истите. Не ја познавам, не сакав ни да го слушнам муабетот ама седев позади неа на роденден и слушнав нажалост.
Сигурно дека има докази мислам во понеделник ќе почнат да ги приложуваат. А зарем стварно некој коментирал дека ги местат? Бог да чува и да брани. Мене само ми е нејасен мотивот (и нарачателот) бидејќи оваа морбидна егзекуција не делува како да ќе барале пари и користољубие, повеќе ми делува како Палчо така да ги излажал барабиве и така ги навел да учествуваат, мотивот не верувам дека се пари. Ама ај да почекаме докази.
За пари сигурно не е, не верувам дека на бизнисмен ко лудиов Палчо би му дошло до 30 000 ден, не ме чуди ни тоа, ама дефинитивно поголемо нешто ќе е, а лудиве комплет со се најлудиов Палчо, значи не можам да разберам, зашто детето да страда ако имаш проблем со татко и, мајка и, реши го со нив, зашто отиде невино дете, што беше криво?????
Значи три пати пишав, не знам што е и како е, сосема случајно слушнав муабет од жена вработена во суд, сама се изјасни така, дека имаат докази јаки и дека ќе се убрзала постапката иако 3м можело да вадат докази. Не ја знам жената, сигурно не им седнав на маса да се распрашувам, ама кажуваше детали кои имаат смисла. Особено после сведочењето на тој со Тифани зградата. Дај боже да е во право жената, да не измислува, да заврши агонијата и бар мир да има душата на тоа дете. Кој бизнисмен Палчо животи мене, на под спиел во вреќа, должел секаде. Еден од сведоците рече дека 12г, не ме фаќај за годините мислам толку беа али повеќе од 10 се сигурно, должи пари и според сведочењето и тоа што го слушнав и камерите кои го фаќале низ град, муабетот е тој. И одбраната ко што гледам му слабее, се помалку скока. Не знам само со кој памет се изјаснија невини.
Зошто те чуди дека не е за пари? За пари е и тоа гооолеми пари,што некој одамна требал да ги искешира ама си свиткал опашката.Ликвидирано е девојчето,егзекутирано,од нарачател,и да е за одмазда пак е за тие пусти пари.
Не ме чуди, туку што им беше криво девојчето, со кој имаш проблем тој стрелај го, зашто вака отиде девојчето греота што се и поминувало низ мислите од дебиливе одвратни, да не даде господ на никој, еднаш се враќав пешки од кај баба ми од село, па ми застана еден со кола и низ смеа ми рече хехе сакаш да те префрлам кај ќе одиш, нозете ми се пресекоа тогаш, не па неа како и било
Зошто маваат каде најмногу боли! Тие дејствуваат без емоции,не прават разлика дали е дете,возрасен,те гледаат како предмет.Класични психопати! Ти,ние сите овде се преиспитуваме ,дека имаме емоции,кај нив тоа не постои тие се чудовишта,господов отпад,за кои сигурно има посебно место во пеколот.
Страшно...читам и не можам да верувам,греота за девојчето зборови немам...нека земеле меѓу себе нека се испоубиеле!
А кај има доказ за таткото? И, има ли докази за Палчо воопшто? https://lider.mk/prigovori-od-odbra...meri-baranje-za-izzemanje-na-obvinitelstvoto/ Судењево јавно за детето каков доручек јадело, за физички докази- каша. Физички докази за тројцата има, за Палчо сеуште ништо?