По ова што го пишува во текстот, логичен ми е Гоце. Транскрипт од судницата https://infomax.mk/сведокот-гоце-практично-го-решил-случ/
Сведокот Гоце што работи? Секоја чест како ги поврзал работите сам. Нашиве полицајчиња уште еднаш потфрлија. Друг им ја врши работата ...
П – Спомнавте дека сте контактирале со инспекторот Каришиќ, дали му праќавте пораки на господинот Каришиќ во врска со вашиот другар Сокол, директор на КПУ Затвор Скопје? Г – Сокол не ми е другар, брат ми е.
Кога гледаш дека цел ден полицијата се мота наоколу и баш не си ја работи работата, превземаш во свои раце. Одиш, земаш снимки и анализираш. Нормално дека сите ќе им дадат снимки кога веќе јасно беше објавено уште во понеделникот. Ги гледале сите возила пред влез, имале човек во Сејф Сити што може да погледне и да ја види рутата, регистрацијата... Веќе во петок мислам дека овие биле приведени и наредниот ден пропеале. По мое мислење, Палчо им рекол дека таткото им е врската, затоа и се нафатиле, као играат на сигурно. Овој пак копук, имал контакти и ко му кажале дека се работи на цитроенот, избега за Србија и после за Турција и се правда дека го местат. Од таму со пикапот правац во партија... Пред 30 години може и немало да ги фатат... ама сега има камери на секој чекор... По мене, сакал да ја убие, по некоја си негова причина. Овие само ги искористил, нискоинтелигентни особи кои се мислеле дека се гангстери и над законот.
Таткото е гонет зошто дал информации за движењето на ќерка му (намерно или ненамерно, допрва тоа ќе се разрешува).
Мислам дека Малерозна добро рецензираше. Да не биле пред се Гоце а после и Александар и другарот од Сејф сити, овие уште ќе ја бараа. Палчо ги измафтал дека го знае таткото за да се нафатат. Целото сведочење на Гоце има смисла. Тек во четвртокот кога ги склопиле коцките, од Мвр немале кај да бегаат и решаваат во петок да ја повикаат Билјана на распит. Тогаш некој му јавува од Мвр на Палчо и бега од Македонија.
Ни знам некој од ликовиве. Читај ги натписите по интернет ми падна чудно ова Гоце во една од споделените изјави вика дека немал контакт со таткото 15-20 години. А на овој линк, ако е точно напишаното https://republika.mk/vesti/hronika/...ot-na-aleksandar-za-da-vidi-dali-vana-e-tamu/ Тврди дека таткото е богат, ни пие, ни се дрогира. Може не е битен факт во случајов ама со некој ако немаш контакт 15+ години, како би знаел и финансиска состојба и што прави во животот.
Иста фамилија се. Татко му на Александар е многу богат, може затоа така рекол. Александар ко овој Гоце де работел де неработел, им се може кога нивните се парајлии.