Има неколку моменти... Еден- кајшто вели, во менувачницата , полиција ги земала снимките и ги избришала од локацијата?! Као, зошто?
Ја избришал копијата што Гоце ја имал. Овде кај мене, противзаконски е да се споделат снимки со друг. Ако јас работам на камери и дојде некој да пријави дека дете му е нападнато пред зграда, јас можам да проверам и да му кажам дали се гледа или не. Толку. Ако се гледа, мора полицијата да дојде да прибере доказ. Најверојатно тој закон е и во Македонија. На пријател ќерката беше нападната во централен Лондон, обезбедувањето од зградата му кажал дека црнкињи ја нападнале и им се гледаат лицата и школските униформи, ама не да му го даде видеото. Му се сожалил и го сликал екранот од компјутер со телефонот. Овој пријавува во полиција, полицијата чекаше 30 дена автоматски да се избришат снимките, па после појде во објектот да бара докази. Испадна дека детективот што работел на случајот и тој е црнец и од друг објект сфатил кој е сторителот, 3 девојки во школска униформа, не направил ништо за да се избрише доказот. Лекција од ова, секаде се случува вакво заташкување
Лошо сум сфатила јас. Полицијата ги зела снимките од менувачницата и ги избришале од системот. Значи само полицијата ги има, а Александар само ја видел снимката. Значи Гоце и Александар знаат дека е цитроен, ама немаат регистрација на кола. Од Сејф Сити другарот му кажува дека е велешка кола. Реков дека и инспекторите се сомнителни... Изгледа Александар е приведен заради Гоце. Овој под стрес, не знае кај тера, Гоце гледа коли, се јавува, прашува, и некако дознава дека е тоа таа кола... ама на полицијата им е чудно како така пред нас знаат дека е цитроенот, мора да се вмешани... плус пак Палчо што им кажал на купоциве дека со таткото е договорено... Јас друг доказ за Александар не видов. По сите искази до сега што излегоа во јавност...
Па да де, затоа ти се надоврзав на тој коментар. И погоре имаше нешто, на исто место се затекнале со полиција, не им дале да фотографираат. Ќе речеш -попречување истрага, ама полициската истрага испаѓа за заташкување била. И затоа е обвинет Александар, оти не ги оставил да заташкаат. Инаку сите со другари во полиција, само од Палчо ваљда појаки другарите. Ама ок, не мора па се да се расчисти.
И јас така сватив, 1. Гоце и Александар биле во менувачницата и им дале да ги гледаат снимките. 10тина коли биле и сите исто возеле а само цитроенот била тазе запален (замаглени прозори и многу чад) и одел многу споро. 2. Ја сликале колата и не се познавала регистрацијата ама тој од Сејф сити можел да ја види зошто му ја посочиле локацијата и времето и му кажал на Гоце дека е на исчезнатиот Панче, му рекол пребарај на Гугл Панче Жежовски. 3. Полицијата отишла во менувачницата и ги зела снимките и ги избришала од системот. 4. Се вратиле Гоце и Александар до менувачницата за пак да ги видат снимките ама немало веќе снимки. 5. Ова било четвртокот, кога Гоце и Александар и преку камерите на Правда и Лукоил ги виделе 2те коли како ползат една по друга, и од Сејф сити била идентификувана и Билјана сопственичката на пикапот. 6. Палчо бега во четвртокот одма чим му ги пренеле овие информации а во петокот ги собрале на информативен. 7. Александар сакал да вика телевизии зошто сметал дека Мвр не се заинтересирани. 8. Ако е ова навистина, односно ако Гоце за ова се е во право, не знам што да мислам, бог знае кој е умешан чим се се сведувало на тоа да не се влезе во траг. А од почетокот сум убедена дека не е таткото вмешан и дека е некоја одмазда со голема позадина, а Палчо е извршител.
Чисто информативно. Во мкд снимки се подигаат и гледаат само со налог. Не може на кој му текне. Тука дека станува збор за исчезнато девојче претпоставувам попуштиле.. Значи ни полицаец не може без налог да гледа.
Срц... Види се слагам скроз... Ама дека девојчето мало и дигната узбуна .. Еве јас да сум сопственик на фризерски салон пример таму и дојде ми се претстави дека е таткото на девојчето шо ја бара цела мк .. ќе му речам секако може разгледај ги...
Исто и јас. Затоа е глупо што пробуваат да свртат топка- ама незаконски ствари правел Гоце. Алооо дете исчезна!!! Ме заболе за законот.
А, како претпостави ти дека верувам? Постирано е со цел да долови колку мал милион теории на заговор постојат околу вмешаноста на таткото со Палчо. Интригантен случај што сечија фантазија ја заинтригира.
Да тој е. Иначе кога кажал не ми е другар брат ми е да не сакал да каже дека го гледа повеќе како брат а не како другар. Зошто он се презива Андов не му се верува дека се баш браќа.