“На 27.11.2023 година од телефонот на Палевски кон извесен турски број имало повик од 9 секунди во критичниот период кога е убиена Вања, односно во 8.30 часот.” Зошто извесен број? Може да е клучно чиј е бројот, има веројатност да е нарачателот. Се сетив на една од изјавите на Кешишев дека Палчо ја натерал да каже име и презиме пред егзекуција… Морбидно. извор
Сигурно е на нарачателот , чим е само извесен број. Какво обвинителство се да не можат да најдат чив е ама уствари не дека не можат туку не сакаат да откријат, зошто така ќе го откријат нарачателот.
Може не сум у тек, а не сум сигурно, стварно не можам да пратам кој што рекол најубаво некој упатен да направи шема како органограм во кратки црти. Туку, последно што сретнав на фб кај една личност што случајно ми се појави, фотографија од Вања, на која пишува жива е, као царица на Македонија ќе била, дека Палчо и бил татко можело со днк да потврдат. Не дека верувам во тоа, ама во прикаскиве по медиуми и овде што ги пишувате, па ич. Никогаш нема да се открие мислам. Можно е уште некоја жртва да падне додека се расчешлува се.
Значи све забегало. А мислев дека врвот е Тоше пред банкомат во Прилеп. Не знам дали таа жена е вистински или измислен профил. Ако навистина постои, ме чуди храброста за една ваква изјава. Значи, секоја постапка мора да има некоја последица. Тоа со Палчо наводен биолошки татко, предавството од таткото на Вања, вмешаноста на полиција и сите тие работи... Може да има друга вистина освен сервираната за Палчо. Ај,па и Мајкл Џексон викаат дека е жив, Аркан исто, се надевам и Елвис Присли дека е меѓу нас.
Гоце е матен лик, исто ко мајка му. Од некои причини изиграва Поаро, а во слободно време пали кафиќи и бега од полиција.
Види, кога го прочитав ова прво што помислив е дека човеков забегал. Ама на втор поглед, некои работи држат вода. Да пристигнеш во 4 сабајле на автобуска, доста е веројатно дека ќе налеташ на некои фрикови кои ќе те влечат и за лев и десен лакт, да те возат некаде, не мора да бидат баш тие кои тој ги препознал. Но, инцидентов се случил во октомври, еден месец пред грабнувањето. Тоа е токму тој период кога таткото и психото палчо се најочајни за пари, токму тој период кога секнува киријата од тој стан која ја земал таткото и доста веројатно дека ја давал на психото за да подмири долгови. Мајката влегува во станот во септември, прекинува киријата што одела кај таткото, во октомври фриковите од автобуската бараат некој да изнудат пари, во ноември се случува грабнувањето.
Неврзано за темава ама што било ова со Тоше? Не сум во тек. Инаку женава погоре- профилот во најмала рака и е болесен.
Вчера баш гледав мини-серија на Нетфликс (900 дена без Анабел). И сега без спојлер, ама профилот на убијците да ликвидираат дете веднаш по киднапирањето ме асоцираше на случајов..
Палевски снимен во дворот на Манев вечерта пред убиството на Панче, со Видевски имале слушалки во ушите и микрофони на облеката
Добро таа жена му на овај Манев, не беше дома? Не го праша шо прајте во 12 ноќта? Во 7 сабајле? Што бараат овие тројца толку касно па влегуваат излегуваат по 10 пати? Ако се на гости ко другари се знае како се оди на гости седеш пиеш јадеш кафе мафе... Шо е ова влези излези во 11 ноќта? Бел ден да не видат.
Овие ептен биле влезени во мафијашки филм и со умисла убивале. Имале токи воки радио врска и слушалки за да не користат телефони, што е најстрашно ова изгледа добро разработена шема, да не беа Гоце и Александар може Панче и Вања уште немаше да бидат најдени.
Којзнае колку луѓе имаат отепано овие. Ваква уходаност, ладнокрвност и промисленост не е кај луѓе на кои ова им е ново. Штета што кај нас се ограничи на олку само. Којзнае колку луѓе лежат мртви ради нив. Нема доволно клетви што им ги посакувам на овие пробисветиве.
И жена и деца во таа куќа живееле, ај што они не приметиле, не можам да кажам... Ама он тука што планирал, доека децата му спиеле на неколку метра до нив...
Имале, ама очигледно сите докази на обвинителството уште на претходното рочиште биле изложени. Сега ги изнесувале доказите и сведоците на одбраната. Го чекам исказот на таткото, да видиме дали нешто ќе се открие, до сега не прочитав за доказ против него.
Некаде прочитав дека некој од партијата Десна кажал дека Палчо имал одлични компјутерски вештини, односно тоа значи дека би можел да си ги прикрие трагите за допишување, разговори и тн.