Ќе споделам мое искуство, тоа мене што ме советувале доктори и од журнали кои сум ги читала после нивните препораки, па одлуката е индивидуална. Оние кои чуваат мачиња не треба да го чистат леглото на мачето, односно изметот поради опасност од таксоплазмоза. Јас немам маче миленик па не би можела нешто повеќе да кажам или дали би било доволно со ракавици. Кој има потреба нека се распраша на таа тема. Термички необработени јајца. Сладоледи каде има јајце, тирамису и сл. не се препорачуваат. Сирово месо, разни пушеници, сланини и сл. кои не се обработени на високи тт исто како и млекото кое не е пастеризирано не се препорачуваат.
Ама порано се знае што јаделе грав, ориз, костени... и ние да јадеме тоа нема потреба да читаме глупости ама денес и нетрудни треба да се запрашаме што јадеме а, камоли трудни. Не дека е нешто којзнае колку опасно, ама пак кога веќе знаеме зашто да не ги одбегнуваме соодветните јадења. Сепак тоа е личен избор, но убаво е да знаеме и да споделиме знаење .
Јас се си јадам како и претходно и леб и тестенини, само гледам овошје и зеленчук да внесувам. И пазам на тие работи шо ги наброив погоре. Еве денес правев крвна слика се е супер, а и бебето супер си напредува.
Јас имав читано што е штетно и знаев дека сланини вратчиња и тие месни работи не се ок. Алииии работев на такво место каде што имаше такви работи и си правев ролнички со сланинче кашкавалче компирче кечап мајонез поточно се нездраво сега кога ке ми текне што се можело да ми се деси. И многу ме освежуваше сок газиран дека лето жешко и си пивнував ова се при крај на почетокот се пазев ептен.
самата риба не содржи жива, туку кожата на рибата... затоа не е препорачливо да се приготвува рибата со кожа а не па да се јаде...
Во текот на бременоста се препорачува 1-2 порции риба неделно. Треба да се биде внимателен при изборот на истата поради концентрацијата на жива, како на пример туна. Тука е дискутабилно колку многу и колку често треба да јадеш, односно претераш, за да биде штетно, но одлуката е секако индивидуална. Некои врсти на риби, како сардина, лакс..се препорачливи. Суровата риба, исто како предходно споменатото сурово месо, не се препорачува поради опасност од листерија. Од истата причина треба секогаш рибата да биде добро пржена/печена.
А каде и во кои продукти има непастеризирано млеко? Пастеризација е всушност самото загревање на млекото на температура од 6 50-60 степени. Го читав ова затоа што купувам домашно млеко. А искрено не сум помислила дека има продукти кои користат сурово млеко. Некако си мислев дека се минува термичка обработка.
Конкретно, некои врсти на кашкавали, горгонзола, пармезан, фета, цамемберт. Кај сите овие производи мора да стои на паковањето дека не се од пастеризирано млеко, односно дека се од сурово млеко. При нивната обработка истито се загрева на околу 40 степени, а не потребните минимум 63 за сите бактерии, меѓу кои и листерија да бидат уништени. Се препорачува да се купуваат млечни производи каде овие податоци се обележани на опаковката, а не и од оние кои се купуваат на парче и стојат на отворено. Се препорачува и нивно користење во наредните 2-3 денови после отварањето на опаковката. Предходно заборавив да напоменам покрај стандардното добро миење на овошје и зеленчук, да внимаваме на ножот и даската кои ги користиме. На пример, после сечење на месото(сеуште необработено, живо), даската и ножот веднаш темелно да се измијат пред да почнеме да ги користиме за сецкање салата.
Еве има тема таква, можи ќе ти се најди https://forum.femina.mk/threads/Дневно-мени-за-трудници.23468/
Dorucek: cedeni sokovi, nekoe ovosje,zitarici so mleko ili jogurt, jajca vareni,przeni, moze i pasteta( ne mora sekoj den), namaz so leb, popara so kiselo mleko,testenini( poretko) lisnati kifli.... Rucek: zelencukova salata ( marula, krastavica, domat, lukce, kromidce, cveklo...), riba, kompir( varen-pire, pecen, pomfrit), razni vidovi na mangji ( kompir, spanac,boranija, grasak, turlitava...), oriz, razni vidovi meso.... Vecera neka bide slicna na dorucekot, t.e.polesna hrana. Vo globala jas ovie jadenja gi vrtam, moze uste nesto ako ne mi teknuva vo momentot.
Ве читам сите трудници јадете овошје и зеленчук секој ден. Јас не јадам редовно не можам, зеленчук ретко а овошје еднаш во неделата ако каснам нешто и тоа со сила, во блендер исто неможам, кога забременив си купив блендер еднаш го искористив и толку така стои. Млеко не пијам, јогурт и сирење скоро секој ден јадам. Знам дека не се хранам здраво и не внесувам доволно витамини, ама неможам овошје и зеленчук со сила да јадам. Има некоја што јади-јадела ретко како мене овошје и зеленчук. Пијам само фемибион 2 и магнезиум. 22недела сум.
Стави ги во блендерот ама со повеќе вода, можеш да додеш и капка млекце. Направи го течно како сок. Ќе си го испиеш, а сепак ќе внесеш малку овошје. Во форма на смуди и јас многу не го сакам, густо ми е.
Еве разгледајте тука, некои продукти се штетни americanpregnancy.org/pregnancy-health/foods-to-avoid-during-pregnancy/
Јас па во почетокот многу внимавав што јадев. Ама веќе ми здосади од здрава храна. Сега си поткаснувам и нездраво ама салати и овошје обавезно. Салатите се единствено нешто што мислам дека можам цело време да јадам. За другото ми се менува вкус. Ама па сега на работа ако не понесам од дома од друго место не ми се јаде. Дома сепак знам како ја измивам и во сода обавезно отстојува. Млеко имам трауми од детство и ич несакам освен за чоколино и житарици, ајогурт гледам да пијам секој ден.
Исто и јас овошје многу ретко јадам, еве денес изедов 2 киви, ме фати стрв. Еднаш си бев направила природен сок од грејпфрут, лимон и портокал, ама воопшто не ми пријаше, ме заболе желудникот од него и од тогаш крај овошје. Едино по некоја банана ќе апнам понекогаш. А, зеленчук секојдневно јадам. Ручекот ми е секогаш зеленчук, дали манџа или печен, и свеж како салата обавезно.Месо повеќе пати неделно јадам и тоа свинско и пилешко, риба не можам. Млеко пијам секој ден. Сувомеснато одбегнувам, ептен кога сум излезена јадам.
Јас се сум јадела во бременост. Така и доктори ми напоменале. Да читам секој продукт што ќе го земам не можам. Не велам дека не е подобро пастеризираното но ете јас не сум практикувала верувам и икс други жени. Секој со своето крај краева. А и секоја медицина е различна од држава до држава. А ќе се сложам само со фактот дека гугл навистина преувеличува многу работи. Човек од памет ќе го мрдне ако се зачита и занесе.
Колку и дс се трудиме да се храниме здраво веќе ни храната, а уште помалку овошјето и зеленчукот ги имаат истите хранливи материи како порано. Според мене сепак се битни додатоците, а осовено фолната