Не е вистина, не се сите прости и сељаци. Или да прецизирам, тие што стварно имаат нешто да кажат, не би го направиле тоа, ради еден куп тролови. Исто е и овде, некој ќе напише нешто што е општо познат проблем, одма следува напад. И така и дозволуваш на сељачаната да владее.
Леле, што е тоа што сите го мислат и за кое треба храброст? Еден нешто напиша, и многу е точно. Ок, веруваме. Не постојат универзални вистини и на крајот само една верзија ќе биде вистинита.
Жити универзалната вистина, клај си перде на очи е таа овде. Инаку кажа и дека таму, како и низ цел Балкан исчезнуваат деца и дека некои од нив не се никогаш најдени. Зарем ова не е вистина? Јас мислам дека е. Пиша и за dirty cops и организиран криминал. Туку, не е битно што пиша. Битно е дека немаше багра да и се закачи и да ја исмева. Како што е случај овде. Немало универзална вистина, се е релативно, хаха. Ме насмеа.
Во врска со контрола на малолетници на социјални мрежи, џабе ви се сите лозинки ако сте родител од типот "сама си го бараше". Оти познавам вакви. Детето го контролираа на секој можен начин ама при еден неубав настан надвор (неповрзано со социјални мрежи) не им кажа зашто ќе ѝ викаа дека ги засрамила и дека сама си е крива, наместо да се на нејзина страна.
А како ви ја дало лозинката, доброволно, на ваше барање или поинаку? Како се бара лозинка на тинејџер, еве на момче да речеме? Ќе ми рече бе'ај мамо, не се занесувај. Патем, не е нешто толку страшно ако се знаат лозинките на фб или електронска пошта. Мислам, има и во тој дел нијанси, не е нит црно нит бело. Разбирам дека некои родителит сакаат да следат детето со кој контактира, и другата страна за приватност држи вода. Ако детето се чувствува угушено од родителот, па и сите мрежи и лозинки да му ги знае, детето пак ќе најде начин на друга мрежа да контактира, ќе се снајде. Суштината е да се најде јазик и доверба меѓу родителот и детето, и самото дете да споделува случки онлајн, додавања, контакти...ако е возможно тоа на денешницава. Лошото на интернетов е што пред очи, во домот може да се допишува детето со некој непознат, а родителот да не е свесен за тоа, за да може да го оттргне од нечии канџи. Лично мене не ми се допаѓа деца под 10 години да имаат фејсбук. Знам и за такви, знаете и вие сигурно, се пишуваат нели постари за да отворат профил, а тоа дејчето 9 години. Оф Ама што ќе му е, за што ли ќе му служи тој профил? Без врска. За девојчето, ми поминуваат мисли во денот што му се случува, дали е добро. Морбидно е како може да се случи нешто вакво, како што велите на виделина, иако толку рано, Скопје е раздвижено во тој дел, како што пишувате. Како се погодило тој ден кога била без сестрата... Дали договорена со некого... Дали е некој нејзин израз на незадоволство можеби кон некого од семејството... Не знам и не умеам да размислувам, само да се разреши ситуацијава.
Да, уште сме во такво општество. Види ги и што пишуваат по темине, дечковците ви се онакви какви што сте ги бирале. А секој има фасада на старт, дали е врска или професионален однос, па и пријателство. Уште е зациментирано тука тоа дека женско не смее да направи грешка, додека на маж се му е дозволено.
Испомеша баби и жаби. Секој има фасада да, незрел човек тешко да препознае, ок. Небитно е дали си машко или женско, и со строг и со пријателски настроен родител ќе направиш грешки. Целта е кога ќе влезеш веќе во проблемите да можеш дома да седнеш и да разговараш. Последици ќе има ама не урлање, викање туку помош и решение. Со контрола и пасворди само ќе се оддалечи детето, ќе најде други начини да си ја заврши својата работа. Наша работа е да им помогнеме да сфатат што е правилно. А дечковците се такви какви што ги бираат, не знам што е спорно тука.
А што работи татко и? Оти мислам дека сето ова е поради него? Реков, ама ок, да не се натегаме, многу работи се сомнителни. Само да се појави девојчето.
Мое мислење е дека не може туку така некој да те киднапира, си има се зошто... Дали некој настан претходно, дали е следено девојчето од некого, дали сама се вплеткала во нешто од незнаење и наивност ...
Дај боже да се најде девојчето, но целата ситуација е малце сомнителна... Убаво што е активирана цела полиција така и треба и потерници и се, но има и други деца исчезнато а ваква галама не се дигна, нешто има во позадина дефинитивно...
И мене тоа искрено не ми е јасно зошто за некого се грижиме повеќе за беколку помалце... Така е и со донациите некои се форсираат ептен
Лол, мислам дека станува збор за недоверба на твоите родители, на мене ме пораснаа баба и дедо, до душа он ретко беше во Мк, па такви работи во 21 век и генерациски разлика од +40 години сум немала проблем. На 4 години ми купија компјутер, на 10 имав интернет дома, па што ми фали? Нити сум завршила во полициска станица, а излегување колку ти душа сака, нити сум се пијанчила, нити сум останала бремена на 16 години, напротив и студирав и секаде шетав, со приватна учителка дома за пред школо, и со дечко секаде бев пуштена, ма да никогаш не сум криела ништо од баба ми, и до ден денеска имаме совршен однос.
Дискусијата за право на приватност на децата онлајн ве молам пренесете ја тука или тука. Вредна тема за дискусија е, само шо имаме посоодветно место за истата. Фала.
https://newz24live.com/pronajdeni-d...Ttx9MiWD-vBk-GzQI5QfQOWWtjtc3wV9fQS1e19LPR6bM Пронајдени двете девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои вчера исчезнаа во Грција
Што им е на теткиве по фб со срцепарајучи статуси " Вања сине, не ме знаеш ама да ти каже тета Цеца да се вратиш дома"... дрн дрн. Желба за лајкови и внимание на погрешен начин, во погрешен момент. Денес 10 ми искочија такви. Се прави многу погрешна слика, како да е сигурно дека избегала, па ја убедуваат да се врати. Мислам, дај Боже да е таква ситуацијата, барем да е жива и здрава ама кај народот се прави многу погрешна слика.
Да им се штави казна за секој што ќе ѝ го спомене името поради дезинформации и останато па да им дојде умот.