1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итна преселба

Дискусија во 'Брак' започната од Nalayan, 19 август 2015.

  1. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Здраво.

    Би сакал да прашам дали државата обезбедува некаква (и колкава) социјална подршка по развод? Во случај еден од брачните другари да е со слаби примања до 10.000 денари? Дали се ангажира и дава некаква гарсионера доколку се утврди дека оној кој заминува од веќе користениот станбен простор (кој не е на име ниту на еден од брачните другари кои прествојувале тука, туку на братот од сопругот)? или останува на улица без ништо..? И дали има некаква врска што е во тек судски процес во времетраење од 5 години, (за сосема друга работа),и на еден од тужителите треба да му се исплати долг, а овој кој должи (иселениот) се утврди дека нема финансии да го плати? Постојат ли олеснителни околности или шанси да се укине долгот?

    Ве молам за помош итно е поздрав.
     
    Последна измена: 19 август 2015
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас како што знам, ако си самохрана мајка кога ќе ги средиш сите документи можеш да земеш и стан и примања за самохрана мајка. Ама нека ти објасни некој кој се разбира повеќе во ова.
     
  3. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    ама детето е полнолетно.
     
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    Ако имаш врски ќе добиеш.
    Ако немаш никаде никого, не очекувај ништо
    Незнам Закони, ама и да ти следи нешто ќе мора железни опинци да искинеш за да сигнеш до него.
    Ова ти го велам за да не се надеш многу па да се разочараш
     
    На MilaP и Viki693 им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Пожелно е секој да се надева на подобри денови и во помалку пријатни моменти што ни ги носи животот. Понесени од условите и начинот на кој функционираат општествените норми и закони повеќе сме насочени кон негативности и скептицизам отколку кон можноста правните аспекти да бидат подеднакво применети за секој граѓанин. Ако немаш некој што ќе ја потегне работата во твоја полза, тешко дека ќе го добиеш и тоа што законски се следува во ваква проблематика. Во спротивно, можеш брзо и лесно да ја средиш постапката и да бидеш во онаа група граѓани кои убедувачки се настроени кон обесправените дека законите подеднакво се применуваат на целата територија и за сите.
    Со оглед на тоа што прашањето го поставуваш на форум, а не до институција кога ќе ја започнеш голготата низ бирократскиот систем, остави си простор за билдање на нервите и неограничено време за да го поднесеш тоа што те очекува. Реалноста е таква што разочарувањето зазема поголем процент од надежта дека ќе успееш.
    Со среќа во потрагата по сопствените права!
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ништо не следува, посебно со полнолетно дете.
    Едноставно ќе ти кажат дека и двајцата сте способни за работа, е сега како што рече Референтка, ако имаш врски друга приказна е.
     
    На <3 pleza4e <3 и joy1 им се допаѓа ова.
  7. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Немам никакви врски, осуден сум на пропаст.
    Ви благодарам, поздрав.
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    За се има чаре кога сме живи и здрави, животот е вечна борба.
    Најверојатно имаш некаде да се сместиш привремено, додека не се најде некое решение.
     
    На MilaP и joy1 им се допаѓа ова.
  9. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Нажалост тоа е проблемот што немам каде а со себе треба да го понесам и моето полнолетно дете. Неможам да го оставам со мајка му.
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Па еве тој има 22 години и е возрасен маж, зарем не може да најде било каква работа за двајцата да придонесете и да се снајдете со некое собиче по поволна цена. Барем двајцата сте возрасни за да работите било што за да дојдете до некоја цифра од 25000 денари, а тоа е веќе нешто за да можете барем една соба да земете и да го преживеете месецот. Тоа е мојот предлог, а вие најдобро си знаете.
     
    На Umbrella22, Viki693, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Редовен студент е и заради тежината на факултетот и паралелното студирање со работа е речиси невозможно. Башка само јас едвај зимам 10 илјади денари. Камо да можевме да стасаме до 25, не би ни барал совет на форумов.
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    :(
     
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Кога рече дете, очекував дека ќе прочитам дека има 12 години, а не 22.

    Не дека ситуацијата ви е сјајна, ама па не дека и до толку е страшно. Доколку не може да работи и да студира, факултетот нека го стави во втор план. Не знам што очекувате од државата, кога и двајцата сте работоспособни.

    Иако, сум слушала животни приказни, каде луѓе успеале во животот, ако немале парче леб и спиеле по паркови на клупи.
     
    На Umbrella22, okcenzi, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  14. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    5.443
    Пол:
    Машки
    Шефе, кажи му на ДеТеТо да батали тоа факултетот, оти тебе (со извинување) задникот ти е многу мал за да седнеш на две столчиња, и дека требаат два задника за тие две столчиња, т.е. треба и двајцата да поработите барем една цела година за да почнете од почеток како што треба. Друго, на реклама 5 и на пазар3 има доста реклами за соби, гарсоњери и станови што се издаваат под наем, сигурно ке најдете нешто. За факултет секогаш има време, за животот нема :) со среќа, и не губете време поздрав
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Браво колку убав совет да батали факултетот што ќе биде еден ден во животот од него во нашава држава тешко влегуваат на работа луѓето со факултет а не па другите . Сега за човекот барај некоја работа изнајми стан ќе се среди се
     
    На littleflower, littlevampire и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    А да си почекавте со разводот дури детето да заврши факултет? Ако некој трпел 23 години, ќе издржи уште една.
     
    На Umbrella22, Pinafan, macedonec15 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    А со кои пари ке го студира? Не вели да го батали за секогаш, туку на една година, додека застанат на нозе. Дечко ( да не речам маж) од 22 год и тоа како може да заработи барем 15000 месечно.
     
    На Umbrella22, eloves, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Јас имам другар кој додека студираше медицина (факултет кој ете меѓу народот важи за особено тежок и напорен), паралелно работеше и како келнер па штом веќе дошло нож до коска, и студентот може да побара работа како келнер/шанкер, 10.000 месечно (па и повеќе) сигурно ќе извади.
     
    На Umbrella22, eloves, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  19. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Тој не рече дека нема пари да го студира тој рече дека нема каде да живее. Или може господинот татко да заработи има толку работни места барем за плата од 250 евра, или и синот може да работи како келнер или слично. ;)
     
  20. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.409
    Од тие 250 рачунај колку им треба за смештај, храна, струја, вода и сл па ќе видиш дали може да се преживее ако работи само таткото.
    Плус рече дека не зима ни 10 000 ден плата така да 150 се а не 250.
     
    На okcenzi и Nalayan им се допаѓа ова.