Не дека не си во право за се што кажа таткото нека најди подобра работа и поголема плата, и синот може да работи како келнер, обезбедување во некој ноќен клуб секако нема да му смета во учењето тоа време за излегување на вечер да го потроши да заработи некој денар месец два дури не се подобрат финансиски .
Леле доста си правите филмови кај да работи и што да работи. Вие не знаете како им е, како се чувстуваат и не се правете многу паметни. Секој родител сака да му обезбеди најдобри услови за живот на детето. Сака да го школува, да му даде џепарлак, да му најде убава работа кога ќе дипломира. Секој е паметен да кажува за друг како да прави со животот, ама најдобро е секој за себе да си гледа. Не можете вие да му кажувате дали да работи и што да работи некој што не го познавате...Човекот праша за друго, а не да му кроите планови синот што да му работи. Не сме Македонци ако не се замешаме во тоа што не е наша работа. Вие гледајте за вас средете си го животот, оставете го син му. Тоа е нивна работа што ќе прават.
Мојот син студира бидејќи неговата мајка ги плаќа неговите студии. Во моментот кога ќе заминеме од домот, ќе престане. Не би сакал да навлегувам во детали, само можам да ви кажам дека праша на 15 работни места низ Скопје, се јавуваше и по огласи, и освен за маскота со неприкладно работно време за минимална плата која не може да ги покрие трошоците, не најде никаде. Верувајте дека и тој како и јас, најповеќе од се сакаме да се среди оваа ситуација и даваме се од себе. Со таа цел би ве замолил ако сте во можност да помогнете околу она што ве прашав на почетокот направете го тоа, доколку не, со целосна почит но воздржете се од понатамошна дискусија. Благодарам.
Мислам деκа немате ниκаκви шанси за помош од дρжавата, освен да пρобате да поднесете за социјалните станови под κиρија што ги даваат по неκоја нисκа сума од 1000-2000 денаρи месечно, доκолκу немате ниκаκов имот на ваше име ниту возило ништо. Има посебни κатегоρии на семејства κои имаат пρедност ама ништо не ве κошта да пρобате нели, баρем поефтино ќе поминете бидејќи дρуга κиρија испод 100 евρа тешκо да најдете. И сеκаκо доκолκу сте во можност да се вρаботи и малиот, има фиρми κои нема да му пρават пρоблем паρалелно со фаκултетот да ρаботи, јас таκа поρано ρаботев и учев. Без гρижи се ќе се сρеди.
@Nalayan Зошто неможе да остане да живее со мајка му? Штом може да му обезбеди школување, а со тоа и убав живот нека не си оди. Зошто да одбере да живее мизерно, кога може да живее убаво. Каков и да е проблемот, ти како родител, како татко треба да го убедиш да остане со мајка му, а не да замине со тебе, за да не мизерува. Не велам да живее цел живот со мајка му, но барем нека го заврши факултетот и нека најде работа, па тогаш нека се исели ако сака.
Не мила, може мајката ги има избркано од дома и ете веке нема да ги плака студиите. Него мене човеков ме чуди што не сака синот да му работи. Како мисли да го прехрани, обезбеди кров над глава и да го школува со помалку од 10 00 ден месечно. Каде се трошоците за книги, за партиципација, за пријави итн. Дај да видиме кај може да се вработи синот барем привремено.
Оти тинејџери пишуваат на вакви теми? Па и им одговарате. На петнаесет годишниот годините му се во никот, и не да навредам, ама млеко пие, гледа провладина тв и дава совет од 0 животно искуство. До оригиналниот пост.. Многу сиво е даден проблемот. Сепак, без разлика дали предстои развод, долг е долг од таа судска постапка во која е решено дека мораш да платиш, за тоа барај правен совет да ако би можел плаќање да оддолжиш некое време врз основа на ситуација развод, но никој нема да го отпише освен тој што те суди. Ако вашето полнолетно дете мора да замине од домот со вас, мора користам, не дали сака тој човек, тогаш образованието нема избор освен да земе е чекор назад и како две возрасни индивидуи да се фрлите интензивно на создавање финансии. Друго нема.
Se cudam,soprugata t.e majkata vi obezbeduva finansii i sakate da begate,a ne ste sposobni da se snajdete. Pretpostavuvam doma nesto se skarale kako i site nie sto znaeme ponekogas i soprugava mu rekla begaj da ve nema i ovoj odma stan ili dom ke bara. Batko koga ve rani i izdruzva ima pravo nekogas i da vika,osobeno ako se so maka specaleni parite Ako se od droga,ubistva itn(sto mi e malku verojatno) vo toj slucaj ve opravduvam da begate.Inaku nou sense e ova.22 godini ve ranela i pridonesuvala za domot i sega ke begate. Zemi fati se rabota batko i cuvaj familijata. Ako vodis inaet,i si se resil da ja ostavas soprugata imam mesto kade davaat povisoka plata od tie 10000 denari. Bratucedot raboti gragevina i zima 24000-27000 denari plata.Ako sakas da ti dadam telefon i probaj.Samo da znaes se umira od rabota.Probaj eden mesec,ke steknes iskustvo sigurno.Ne mislam za rabotno tuku zivotno/
Те молам просветли не и кажи ни каде се наоѓа таа подобра работа за поголема плата? Да имаше такво нешто сите ќе го работеа, ама има луѓе што сто евра плата земаат, крај со крај неможат да сврзат. И никој не рече да го остави факлутетот, туку да паузира некое време дури да се средат. Како мислиш нема да му смета? Цела ноќ да дреми обезбедување и сабајле право на факлутет да отиде? Дај не се заебавај, ова твоето на заебанција ми личи се повеќе и повеќе.
"Детето" има 22 години и не можел да работи затоа што студирал?! Па на кого мачкате очи бе.. На 22 години ако сака да живее има да работи и да заработи, срамота е да чека од родителите.. Студирал..пфф.. Ние на дрво да не ги наоѓаме парите?! Па 80% од децата што дојдоа во Скопје од внатрешноста работеа и студираа, гледам и доктори станаа, судии, па магистрираа па и докторати ќе спремаат..тој не можел да работи. Абе седи таму.. Па и помош од државата очекувате?! Полнолетни работоспособни мажи... Ма да..
Подобра работа може да најде во секој момент АКО САКА прилеп еве летово тутун берат аргати 600 до 700 денари за 6 часа, гентерм плата 250 евра сега почнуваат да примат работници, дрексел мајер 14 илјади денари секој ден луѓе од прилеп одат кавадарци. Што се запнавте на тоа што реков дека не треба да го остави факултетот и натаму си стојам на мојот став. Зошто да не биди SECURITY тоа време што ќе го троши со друштво излезен може да заработи пари. СИТЕ ЧЕКАМЕ ОД НЕБО ДА НИ ПАДНЕ АМА НАПРАЈМУ ПАТ ДА ТИ ПАДНЕ.
Каде и како се поднесува за тие социјални станови? Ве молам некој што знае да ми ја објасни постапката.
Да добијам пρистап до κомпјутеρот и ќе ви пишам во поρаκа κаде да се обρатите, што ќе ви тρеба да поднесете и κонтаκт телефон. Бидејќи сега сум од мобилен пуштена. Па пρобајте не се знае можеби ќе ви одобρат κолκу- толκу баρем олеснително ќе ви биде
Маа немој. Ти не си работел тутун па затоа незнаеш како е, ако е лесно сите ќе го работат. Од осум години сум по нивите, поголема мака од тутун нема. Можеби плаќаат ама не е воопшто лесно. Башка и минува и сезоната на тутунот, уште некоја недела ќе се бере и толку. После што ќе оди да го нижи? А ако не е од Прилеп или Кавадарци? Па никој не рече да го остави, само повремено да паузира дури се средат. Само да се напишело нешто без врска.