Јас имам добиено на 10 години (пред 20 и кусур години беше тоа). Така што 9 не е рано да почне телото да се подготвува за мензис. Однеси ја на гинеколог за секој случај ако те мачи мислата што и е.
Не знам што е подобро. И кажав на членката да си поразговара со матичен лекар па тој ќе и каже што е подобро, а што не. Границата е поместена знам, па лекарот ќе процени дали е нормален развојот или не за таа возраст. Не сакам никој да исплашам, сите што имаме ќерки не е лошо после шесттата/седмата година да поразговараме со матичните за раниот пубертет и неговите ризици. Јас сум го прочитала на многу места раниот пубертет како ризик фактор за многу болести добиени понатаму во животот, а и многу психолошки состојби. Забавување на растот, порано влегување во менопауза/побрзо стареење, рак на дојка, депресија.... да не набројувам... кој сака може да изгугла, мада реков веќе најдобро е консултација со лекар. А дали раниот пубертет е природно нешто? Не би рекла, тој е последица на исхраната, на лекарствата, на изложеноста на хемикалии...
Фала ви женски погоре на одговорите , цела ноќ не сум спиена да ви кажам од мисли. Што да кажам , читам по нет дека поради храна , поради дебелина може да се влезе во ран пубертет , ќерка ми од бебе ја имам хрането колку што можам здраво без овошје-зеленчук не поминува денот , месо не јаде нешто којзнае колку а млечни производи не конзумира воопшто. Не е дебела туку напротив коска и кожа е. Инаку е највисока во класот моментално 1.41 пред да наполни 9 години , ете и ова прашање ме мачи , дали по добивање на мензис ќе расте се уште , или толку. Јас и татко и не сме високи и не очекувам да имам високо дете , ама барем да биде колку мене (156) а не да остане на 140 Денес еве ја проверував пак , нема ништо освен што и се појавуваат ко некои жолтеникави траги. А и не сакам да бидам досадна само тоа да гледам , зошто ќе почне и таа да се загрижува. И објаснив во кратки црти и да се појави сега тоа е нормално и толку сега за сега. Од др страна , слушнав доста мислења од луѓе што ми кажуваат дека тоа се пред пубертетски знаци дека не мора да значи дека веднаш ќе се појави мензисот туку може и по 2 години.. Ако е така ќе има време да созрее за две години па на 11 години е по друго него ли сега. Во понеделник сме на лекар и ќе видиме што ќе ни каже педијатарот
И да е тоа, да знаеш дека баш пред некој ден со пријателка разговарав на темава, ќерка и пред да наполни 10 години добила мензис. И не единствена во класот била во последните. Ме зачуде муабетот, ама ете, времето во кое живееме го прави своето. https://forum.femina.mk/threads/Растење-по-менструацијата.18366/
Најдобро лекар да каже, внука ми е 10 години и имаше болки во стомак пред пола година, лекарот рече дела телото се припрема за циклус и еве пола година помина сеуште нема добиено. Јас пример добив на 13 години и годината после добиениот мензис се извишив нагло уште скоро 10 тина см така да не значи дека веднаш ќе престане да расте. Не е лошо и урина да проверите може не се работи за циклус.
Јас би се консултирала со ендокринолог. Не дека нешто може да се смени, вистина животната средина е променета, премногу хемија и микропластика, ама ете... За растењето, јас мислам пораснав некои 8 см одкако добив до конечниот резултат, таа што веројатно има уште да расте девојчето. И за растењето-ендокринолог. Млечни произворди би требало да конзумира, не знам зошто би биле штетни. Некои работи кои ми паѓаат на памет од прва- не соја. И не процесирана храна. И избегнувајте пилешко и јајца, освен ако не се домашни/ органски.
Вчера бевме во многу близок однос со детенце кое што ноќеска качи температура, и кажаа на другаркава дека е вироза со висока тт и кашлицаа. Кога да очекувам симптоми на малиов? да давам ли нешто превентивно. Мојов кога крева тт секогаш е околу 40 С.. Иначе е 3 + години...
Освен витамин ц и многу овошје и салати не би давала ништо. Не мора да значи дека и твоето ќе го фати вирусот. Многу миење на раце, течности. Тоа и би требало да е секојдневно, секако е сезона на вируси и настинки.
Sin mi povrakase i Temperatura imase ne visoka ama sepak... Tatko mu ke go nosi na lekar pa ke vidime
Аман од таа тт веќе.. 3 дена, до 38,3 вечерва 39,6... Носе тече вода.. Кашла чат пат и кива, на грло и гради нема ништо. Еве после саат од сируп почна да спушта и одма е весела иначе не беше за гледање. Уште и инатот го тера свој, па до сеа беше гола, а баш сега кога треба да се соблече дава отпор. Вирус ли е? Колку трае? Докторката кажа и до 40 да се очекува. Инаку предходните ноќи за чудо не качуваше тт, само дење.
И ние сме дома со вирусот. Вчера носот чешма и кашлање ептен. И висока температура крена. Втор ден му беше. Денес е подобар сега за сега.
Чекам рез од кс. Баш да видам што ќе покаже. Тек сабајле кај 5:30 качи пак ама не толку висока. Еве сега е околу 37.. Давате сируп на 4 часа и ако нема тт или? Малце ми е нелогички да дадам а нема, што ако качи повеќе во меѓу време.
Не давам јас. Не давам ни на ниска, ако е свеж, весел. Ама ако кенка, стенка, само во раце сака , тогаш да. Не го мачам.
Исто и јас, ама ај викам да не грешам. Еве ја се замлачува. Ама кснува пие јогурт... ќе ја освежи белким.
Сируп едино на температура над 38. 2, 3 давам. Малку ми е безвезе тие што даваат на 4 саата и да има и да нема. Никој доктор не советува така. Не му оставаат простор на организмот за борба само за да се раат неколку саата.