1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

И АБ канал се сели пред Владата

Дискусија во 'Насмевка' започната од Offspring, 3 март 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не Боа, не штедел, него тато му дал пари :lol: , затоа сега ќе си се соочи со две кривични пријави, па друг пат ќе си знае како да се промовира и експонира...глупак (извинете за речников, не ми се верува колку глупи луѓе има во државава)
     
  2. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    А и ние да се преселиме ?? Сите се селат па и ние доста седевме ајде да одиме и ние !!!! :)
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Must see!!! :D

    Просторот пред Владата на Република Македонија од завчера и дефинитивно е заложник на две битанги! Едната битанга, осомничен и „спакуван„ во притвор, преку свои мегафони крена свој медиумско-циркуски шатор веднаш по притворањето (Велија Рамковски). Втората битанга, сеуште неосомничен, слободен, арогантен, безобразен и алчен, завчера даде заповед како екс старешина во ЈНА (Бојо Андрески) - СА ПОСТАВЉАЊЕМ НАШЕГ МЕДИЈСКО-ЦИРКУСКОГ ШАТОРА ПОЧНИ САД! И би поставен... Да играа фудбал клубови на Велија и Бојо, денес резултатот ќе гласеше: ФК Дебреште : ФК Здуње 1 : 1

    Пишува: Зоран Божиновски

    Ама, шегата на страна. И Велија на страна т. е. во Шутка, неговото е процесуирано. Да видиме што е со Бојо Андрески? Сакам јавно на премиерот Никола Груевски да му поставам прашање: Зошто сеуште не е уапсен Бојо Андрески? Има основано и регистрирано нелегален Универзитет, како екс заставник на ЈНА, избркан од служба во армијата заради крадење гориво од тенкови и препродавање на истото. Тоа може МВР во секој момент да го провери. Од моите досегашни истражувања за неговиот силен подем во последните неколку години, особено за начинот на кој се стекнал со дипломи од две високошколски установи во Србија и со две докторски титули, заклучив дека целата негова кариера е ФАЛСИФИКАТ!!! А неговото функционирање - тешка ИЗМАМА!!!

    Контактирав со Економскиот факултет во Суботица (со катедра во Нови Сад) и со Високата Воена Академија во Белград и добив информации дека никогаш во нивната историја не бил запишан студент по име Бојо Андрески. Апсолутна лага се податоците од веб страната на неговиот приватен универзитет ЕУ РМ, каде во својата Биографија пишува и опишува дека магистрирал, па и докторирал на извесна меѓународна Академија „Кнезови Шчербакови„. Таква нема никаде и никаде не постои, освен во главата на фалсификаторот Бојо Андрески.

    Инаку во јуни 2009. прво се обратив со маил порака до Високата Воена Академија во Белград, од каде добив маил со упатство како да ги прашам она што ме интересира. Ама од мојата претходна порака во која им објаснив за каква битанга се работи и во каква лага се вовлечени, сфатија дека е најдобро да не брануваат, па пробаа да ме ескивираат и да не ми дадат писмен доказ. Ама на моето упорно телефонско инсистирање да ми дадат било каков податок сепак на крај добив одговор дека го проверувале Бојо Андрески и дека таков не нашле во нивните книги!!!

    Во септември 2009. пратив маил порака и до Суботица, до деканатот на Економски факултет, а се јавував и до шефот на нивната катедра во Нови Сад. Не сакаа написмено да ми дадат одговор. Па во октомври истата година отидов во Суботица. Само усно ми објаснија дека таков студент никогаш не се запишал кај нив. И дека ќе дадат писмена информација со таква соддржина исклучиво ако се јави некоја надлежна институција од Македонија. Сепак, тогаш, на 14. 09. 2009. во маил пораката испратена до нив симнав и внесов биографски податоци од веб страната на ЕУ РМ, каде прецизно пишуваше дека Бојо Андрески ЗАВРШИЛ Економски факултет во Н. Сад и Висока Воена Академија во Белград...

    Што понатаму се случи? Истиот ден кога пратив маил порака до деканатот на Економски факултет во Суботица, попладнето испратив и маил порака до Бо јо Андрески. Кутриот, смртно се исплаши од содржината на пораката, па во следниот период заедно со другар му Драган Павловиќ Латас се растурија телефонирајќи по Србија за да „покријат„ секаде каде што претходно сум се јавил или појавил. На неколку места дури пуштија лага со опашка дека сум се обидел да ги РЕКЕТИРАМ!!! Малку е нелогично да рекетирам РЕКЕТАРИ, ама ај нека им биде. Не им помина лагата, оти луѓето кај кои ја пуштија лагата им се смееја, оти објаснив за какви „карикатури„ се работи. Пуштив потоа да помине некое време, за да почекам сам Бојо Андрески да се намести. И се намести!

    Од скоро, неговите биографски податоци на веб страната на ЕУ РМ под неговото име, потполно се изменети. Ама изменети се така што се чита целата лага на Андрески и така што ни самиот веќе не може да си ги протолкува податоците што таму стојат. Си даде неколку автоголови:

    Прво, за промена од порано кога на својата веб страна тврдеше дека ЗАВРШИЛ, сега има измена и пишува дека во 1988. г. ЗАПИШАЛ Економски факултет во Нови Сад и Висока воена академија во Белград. Никаде не пишува дали и кој факултет завршил, дали и каде дипломирал? Испаѓа дека многу подоцна магистрирал и двапати докторирал, ама магистерскиот и докторските трудови му биле прифатени со дотогаш завршено средно образование...

    Второ, во делот РАБОТНО ИСКУСТВО, тврди дека службата во ЈНА ја завршил во 1980. г. своеволно (што е лага, бил избркан заради кражба!) со чин ПОРУЧНИК! И оние неупатените, од општа култура или само со одслужен воен рок, знаат дека чин ПОТПОРУЧНИК се добива после завршена Висока Воена Академија, а до ПОРУЧНИК се стасува после најмалку две години, обично после некоја голема воена вежба на која се полага испит. Бојо Андрески ЛАЖЕ дека службата во ЈНА ја завршил како ПОРУЧНИК во 1980., затоа што претходно тврди дека се ЗАПИШАЛ 1988. Значи до ПОРУЧНИК можел теоретски да стигне дури во 1994. година, ама малку е неверојатно тоа да се случило ако истата служба „своеволно„ ја напуштил во 1980. г.

    Трето, овде околу службувањето во ЈНА и завршувањето со чин ПОРУЧНИК во 1980. г. има уште една лага. Андрески е роден во 1959. Во 1980. г. имал само 21. година. Ако учел средно воено училиште, а не учел, можел да биде ЗАСТАВНИК најрано на 18 години. И да учел Висока воена академија, дури и да ја завршил, теоретски му недостасува уште цела една година до возраст од 22. години кога можел најмалку да стане ПОТПОРУЧНИК! Ама ПОРУЧНИК не станал никако. Особено заради кражбата на гориво од тенкови заради која бил избркан од ЈНА.

    И четврто, најголема лага се неговите магистерски и докторски титули. Ни до нив ниту теоретски не можел да стигне, поради непоседувањето на валидна диплома од високообразовна институција. Сериозна образовна институција која држи до своето реноме и рејтинг, па нека се вика и Академија „Кнезови Шчербакови„ - морала да му побара доказ за завршено високо образование и морала да го следи неговиот образовен потенцијал. Проблем е што Бојо Андрески упорно тврди и себе се промовира во научник со две докторски титули, ама никаде не може да се пронајде локацијата на Академијата „Кнезови Шчербакови„ за да се провери начинот на кој Андрески се стекнал со две докторки титули. Затоа целата ова рашомонијада ја прогласувам јавно за една голема ЛАГА и ИЗМАМА!!!

    Е сега за последиците. Бојо Андрески и Драган Павловиќ Латас (преварант-асистент), поседуваат криминално стекната зграда и печатница (екс сопственост на државата и вработените во НИП-от). Поседуваат концесија за сателитска ТВ (Канал АБ) и дневен весник (Вечер). Бојо Андрески е основач и сопственик на Европски Универзитет. Тоа е единствен случај во Регионот а можеби и во Европа, да се поседува Универзитет со реално завршено средно образование, прескокнато високо и фиктивно научно образование. Освен што ова за мене и за секој нормален човек е класичен КРИМИНАЛ, за органите на прогонот во Реп. Македонија треба да биде и основ за кривичен прогон, а за родителите на запишаните деца на ЕУ РМ и сигнал да си запишат децата на некоја друга ЛЕГАЛНА високообразовна институција, пред да биде предоцна. Затоа што порано или подоцна, Никола Груевски ќе си замине од власт, па неговиот личен пријател Бојо и домашното милениче Латас, нема да има кој да ги штити од криминалот со продажба на фалсификат дипломи. Додека е на власт оваа криминална екипа, собрана околу Груевски, непритворениот Заставник Поручник Бојо ќе логорува со шатор пред Владата за потребите на таа иста Влада, контрирајќи му на шаторот на притворениот Велија Рамковски.

    Сепак, што и да стори, дури и земјата наопаку да се сврти, универзитетот на Заставник Бојо не ма да може антидатирано да се легализира, а нема да може ни да се врати времето за да се прецизираат лагите на Андрески и да се усогласи сега неусогласеното. Нема да може Андрески никако во 2011. или некоја година подоцна, ретроактивно да заврши факултет во Нови Сад, Суботица или Белград. Се што од денес понатаму ќе прави, само ќе биде нов придонес кон лагата и измамата во која се подлабоко тоне, заедно со асистентот-измамник Латас Павловиќ, кој пак пропушти да дипломира филозофија своевремено во Приштина, кога декан беше Воислав Шешељ. Го избркаа Војводата од Косово, па Латас остана без високо образование. Како се одвиваат настаните, ни кај другар му Заставник Поручник Бојо - нема да дипломира!!!

    На крај, апелирам до македонската јавност, конечно да го крене својот глас, да се натера власта да покрене истрага за работењето на Бојо Андрески и неговиот нелегален универзитет. Апелирам до јавноста да се вклучи во разобличувањето на Бојо Андрески, да се дојде до вистината за криминалот во кој е впуштен со фалсификувањето дипломи, магистерски и докторски трудови, за потребите на покривање на „дупките„ во неговиот промашен живот...

    Ах бре леле бре македонче, чорба... :D
     
    На Li0ness и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Леле смешки живи биле овие од АБ канал.
    Па на таа телевизија во ударен термин се прикажувала свадбата на ќерката на сопственикот на телевизијата Бојо Андревски :lol: :D
    Дал је могуче?!?

    А ме интересира дали ставарно пренесуваат вести од пред влада, зошто Јофе денес нешто спомена во емисијата демек поставиле шатор, ама немале техничка опрема и линковска подршка и нешто ги реметеше во негов стил :lol:

    ,,Абе шаторот го поставија ама заборавија една мала ситница, дека за да си играш телевизија ти треба и опрема и знаење. Така на пример не можеш да правиш вклучување во живо од терен ако немаш линк. А да замолеа ќе им го позајмевме...,,- Ова од профилот на Јофе[​IMG]
    :lol:
     
    На Offspring, girl1985, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Невестата! :D Оставете тоа што свадбата ја прикажувале на АБ канал, ами типката си платила и за да ја има на насловна на Вест. Еве слика :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Еве и линк од спектаклот!
    http://www.vest.com.mk/?ItemID=FE0A9219 ... BDC305759B
    :rofl:
     
    На DivineChaos му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    МАЛЕЧКАТА невеста.
     
  7. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    ^^ Jaс кога ја видов насловната на Вест најискерно помислив дека е повторно некоја будалаштина на Боки 13. Дури потоа од колешките сфатив дека се работи за вистинска жена и невеста. Јаааааааааааааао! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И јас тоа го помислив, многу личи на Боки госпожава :D А еве нешто од Аб канал страната на интернет :D

    М-р. Андреска Александра
    [​IMG]

    Образование
    Основно образование: “Крсте Петков Мисирков” – Скопје
    Средно образование: “Арсениј Јовков” – Скопје
    Високо образование: „Европски Универзитет – Република Македонија“
    Факултет за Економски Науки - Дипломиран Економист – Банкарски Менаџмент – 2007
    Факултет за Правни Науки - Дипломиран Правник – Дипломатија – 2007
    Постдипломски студии: „Европски Универзитет – Република Македонија“
    Факултет за Економски Науки: Менаџмент во здравството – 2009

    Генерален Менаџер на фондација “Македонија”
    Директор на Европскиот Универзитет - Република Македонија

    Генерален директор на АБ Канал

    Вештини
    MS Word, Excel, PowerPoint, E-mail и Internet

    :rofl:

    Кои вештини човече, со тие факултети `што ги завршила` :rofl: ПАзете и завршила госпожава два факултета во една година од кои едниот е ПРАВЕН! :rofl:
    Ќе си пукнам бре, изгледа и оваа како татка си со дипломите :rofl:

    Ах бре, Македонијо тужна :rofl:
     
    На Amore и UbavkaBube им се допаѓа ова.
  9. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Таткото на госпожава Андреска Александра е декан на факултетот, како нема да заврши... што ве гледам чудни, денес сите завршуваат така. Ако навистина учиш ќе се влечкаш по факултетите со години :(

    И се е политика и со ова телевизииве. Ама искрено А1 имаат најпрофесионални новинари. Барем среде вести не кажуваат свое мислење туку се вистински презентери :)
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Морав да ја воскреснам темава... :rofl: :rofl: :rofl:
    [​IMG]
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ако заличив на оваа откако се исфарбав плава, па мајке ми, одам пред Влада. :worried:

    И Мерлин Монро поита пред Владата
    :wasntme:
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    [​IMG]

    Овие од А1 итно да се чистат од пред Влада, место треба за додавачките камери и за цела азбука, не само А и Б :wasntme:

    И јас функционирам на принципот - не барај од дедо Боже точак да ти подари, туку укради еден и моли го да ти прости.

    Прости ми Боже, грешев, малку се китовите во нашата земја, а ги исмејувам [​IMG]
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    цццццццццццццц останав без зборови :worried: :worried: :worried: :worried: