1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Оваа тема ни е најактуелна па сакам да видам ваши мисли, ставови коментари :)
     
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Глупости. Газдата нивни нека пере пари, они нека си ќутат и сега очекуваат народот да ги брани.
    Леле ако ми дојдат пред врата или ме прашаат на улица...не знам како ќе се воздржам да не кажам се што ми лежи на душа. Ајде вработените може не се криви, ама требало да кажат порано дека нешто не е во ред во нивната телевизија, а они не. Они си ќутат се додека имаат корист
    Е сега сега се у гомна
    Нека ги вади газдата нивни!!!!
    Толку
     
    На babyboy123, guitar, vaga95 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Како може вработените да го кажат газдата? Па они таму лебот го вадат, потоа ќе се прочуе кој поткажал и никој нема да ги вработи. Не верувам дека на денешницава некој би сакал да остане бе работа. Додека си вадат парче леб, ич не ги интересира за газдата.
     
    На tamy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Ах златен Велија,ептен е креативен..почит за тоа.
    И ги разбирам вработениве што протестираат бидејќи нема да земат плата,а од тоа им зависи парче леб.
    Но зошто протестираат пред влада? И татко ми сега ако не плати данок,ќе му ја замрзнат сметката и ќе нема да ги исплати вработените..па не им е за тоа крива владата,крив им е татко ми.
    И дај ја тупат со тие кампањите на телевизија,респект им оддаваат се пензионери и некој икс фаци.
    Проѕирни се..тапа фраери.
     
    На Cleonika, plavusaa и garudamon им се допаѓа ова.
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ова се чисти глупости и анти-владини пропаганди! Не џабе Бранче плаќаше по 3000 евра од страница за план како да ја турне владата :!:
    Место да го обвинуваат газдата што ги остави без плати они удри на Владата! Епа ко се будали нека одат, сега тие без плата, а Велија се наполни со милиони преку зградата на а1 телевизија.
     
    На guitar и beached им се допаѓа ова.
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Е јас не сум Велија, нит па имам желба да го вадам од затвор со разно разни лажни петиции :fubar:
    А ќе му текне на вработениве, ама касно :!: А1 ја гледав, ја гледам, убава програма имаа, ама... парите се побитни од се останато, па сега ќе гледаме само турски серии, антивладина пропаганда и излитени емисијчиња :wasntme:
     
    На Cleonika, rainlover, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    На Велија барем му е потполо од неговите вработени -.-
     
    На stilas7 и Iskra им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас не сум А1 јас сум Тедимече. Ама А1 и вајт чикс ми ја направија вечерта одлична :D
     
    На garudamon и la-chicka им се допаѓа ова.
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Од македонскиве програми А1 секогаш ми била најдобра, ама тоа не значи дека јас сум А1!
    Не знам колку луѓе работат во А1 - ама сигурно има 100тина души - и тие СЕ‘ би дале за да останат вработени, да земаат плата, а не дека многу го милуваат Велија - газда ко газда - тие се свесни дека тој плива во пари. И сега, бидејќи е газда на А1 и ред други работи, владата не му може ништо? Му може, ако треба и на сила - се како што си носи законот...

    ... и воопшто не сакам политика, ама на ова морав да прокоментирам бидејќи напнаа многу!
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    И јас сум а1.
    Не во смисла дека го бранам Велија или Сдсм,ако нечесно се збогатил нека си остане во затвор,нека е третиран како секој криминалец.Но во смисла дека јас како граѓанин на Р.Македонија,ако го кренам гласот против оваа влада,би била запрена и потисната.
    И јас сум а1, како симбол на дрското однесување на владата да замолкне медиум кој е критички настроен кон неа.
    И на крај,за тивкото пригушување на демократијата и стапување на сила на диктаторскиот режим на Груевски.
     
    На esperanca, Juicy03, Chocoholic.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    ДОбро бе што ви е луѓе, како ви фрлаат колаче така го голтате? Каде бе во 21 век може да затварот медиум и да има вакви коментари од девојки (што би требало да се) - еманципирани и образовани со ставови надвор од актуелните политички гомна. Ме иритираат ваквите „браво за грујо“ ставови, не пошто сум сдсм- и они ми се тотална утка, ама барем не се налудничави.Ме плаши ова лудило и заразна пасивност кај народов. ЗАТВАРААТ МЕДИУМ кој не размислува како нив. Велија е криминалец, да, ама што не го затворија кога ги поддржуваше и финансираше вмро? Што не го затворија Ѕинго? Што е со закониве кои ја кочат и интелектуалната елита и лозарите и тутнарите и обичниот работник???
    Секоја чест на вработените на а1, кои ПАТЕМ фино лепо можат да си отидат дома - наместо да работат без пари ( ова се однесува на девојчето горе што кажа дека Велија ќе им плател) -со што ќе им плати? Сметките за плати им се замрзнати, една од вработените пометна (беше трудна) ноќта кога ги приведоа на животински начин, ги третираат како џукели оние кои не размислуваат како нив, а малкуте што имаат интегритет се оние пред камерите на а1, на минус температури, што ја држат програмата без пари.
    Епа алал да ви е на вас што го правите тоа да е џабе. Со еко гонг да не ви ги переа мозочињата?
     
    На Hipster, Bunny05, Juicy03 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Истото сакав да го кажам како Дафне (извини вака што те викам полесно ми е :$ ). Мене не ме интересира дали Велија крадел, кој што си надробил нека срка, но зошто А1? Имаше затајување на данок, тоа е точно и никој не го оспорува, но имаше од другите фирми што се регистрирани на истата улица, од А1 НЕ! Со кое право се затвара телевизијата кога истрагата е сеуште во тек? Плус истрагата беше за другите фирми, не за А1. Зошто тогаш да е А1 затворена?! По која логика кога во работењето на А1 не е пронајдено ништо затаено и против законско?

    Друго е што ова е СЕРИОЗНО кршење на демократското право во една т.н. демократска држава ако сеуште се водиме за таква. Во ваков случај не треба нас да не интересира ништо друго освен сопствената демократија. Затоа што после овој мизерен потег на владата можам да замислам што следи!
     
    На Mili28 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и јас сум А1
    а ако навистина велија Рамковски направил толкав криминал, време е да плати
    (не само А1 што ке плати со него, туку и сите негови фирми како што е Хедис) за него не ми е жал, жал ми е за вработените од фирмите што ке останат без работа, и жал ми е за новинарите што ги гледам како се мрзнат кутрички по цел ден надвор т.е. пред владата .
     
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно се согласувам со Дафне и Офспринг мислам луге што ви е бе,како ова сега што се случува никаде го нема,да се затвара медиум,да се ставаат луге во затвор со цел да им се затворат устите.Нели демократска земја бевме?Или па само се правиме дека сме?Срамота е ова што се прави!Ги подржувам вработените на А1 и алал да им е со вестиве пред влада нека земат седа и Сител како и секогаш копи-пасте на се што прави А1 па нека излезат и они надвор хахаха
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Шо трипате бе луѓе о.О?
    А1 не е затворена.
    Има програма, има вести, го има и Јофе во студиото, од утре ќе си гледаме и раноден.
    Од каде ја пренесуваат оваа програма,од пред владата?

    Противзаконски е еден исти човек да поседува *рандомброј* фирми и доколку се открие дека истиот тој човек, во случајов Велија, е директор на истите, тие се одземаат, без разлика дали бил некој мас-медиум или не.
    Затаил повеќе од 4 милиони евра преку неговите фирми, набавките што ги вршел и сето тоа мислите дека е во ред да го прави директор на телевизија.
    Постојат уште милион малверзации што ги прават нашите угледни бизнисмени,а начинот на кој што ќе се откриваат ќе е мошне интересен.
    Додека се ВМРО на власт,ќе ги затвараат поддржувачите на опозицијата,кога ќе дојдат СДСМ ќе настане инверзија.
    А,кога ќе видиш и едните и другите дури ги затвараат фирмите поддржувачи на опозицијата, истовремено ќе си го полнат џебчето со милиончиња, додека народот се врти како сончоглед.
     
    На Lolipop23, garudamon, beautiful87 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Навистина незнам зошто ја затворија А1 се е политика. Нема смисла толку луѓе ќе останат брз работа, дали јавноста се интересира од што тие фамилии ќе живеат или целта им беше спектакуларно апсење на Велија па потоа и затварање на телевизијата. Нели власта се бори против невработеноста против криминалот, а дел од нив проневерија толку пари што немам коментар, зошто тие не се апсат и не одговаараат за перење на ПАРИ. КАЈ ШТО ИМА СИЛА НЕМА ПРАВДИНА :devil:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    А1 не е затворена :?: уклучете теливизор и видете дека има А1.
    Е сега тоа што се "изреволтирани" загарите на Велија и решиле да држат програма на -454521 степени надвор..е нивни проблем.
    Никаков притисок не се врши врз нив од страна на Владата,се врши врз Велија кој здипли добра сума на пари.
    Жал ми е за новинарите кои го вадат лебот од тука,но..не сум А1 и никогаш нема да бидам.
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Парите што ги украл Велија апсолутно не ме засегаат. Секако немаше да направат тие пари мед и млеко да тече. Не го оправдувам во никој случај, но секако и да го плаќал данокот тие пари ќе отишле на нечија сметка во банка или ќе се искористеле како плата за државната администрација или рандом споменик. Така да, баш сеедно ми е. Го снаоѓа тоа што си го барал и тоа е тоа... Само нека не биде селективно, тоа е целата работа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    И јас како и сите вас сум против криминалот.....ако Велија извршил криминал нека го затворат....а можеби сето тоа е масло и на власта....ги држат во притвор а немаат никакви докази против, само за да ја затворат и уништат А1 тв, која почна да ги кажува криминалите на власта што ги направиа, а не како др тв да им ги покрива и да ги фали божем кој знае што направиле за нашата држава..а бидејќи вистината ги вреѓа па најлесно им е да ја затворат А1......
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    А на новинарите на А1 најлесно им е да ставаат на секое зборче капаче, да се прават лажно засегнати од случувањата кои Македонија ја водат во п****м******, а не дека ним платата не им ја даваат. Да не му изгоре г***т на Младен или Чомо, на Латас, или Мирка за нас селаните? Да не се заискрија од жал за социјалните случаеви? За родилките кои умираат без ниаккова лекарска грижа? НЕ! Ете затоа јас не сум оваа А1 што тие сакаат да бидат, не сум ни Сител за оние на кои им е розово, не сум МТВ да ме плаќаат овие или оние, на крај било која власт! Не сум! ЈАС сум ЈАС и за мене освен мама и тато ама никој не мрднал со прст. Ете!
     
    На viku, kate-the-great, Ashling и 1 друга личност им се допаѓа ова.