Оф леле, врзани ми се рацете, не смеам многу да се опуштам во пишувањето. Што знаете вие за тоа како се гледаат притворените лица во затворите ? Што знаете за условите во затворите ? Ај да цитирам нешто превземено од Канал5 : Офф топик-Мене доктор ми напиша дека имам крварење и ми даде боледување (по второто крварење), инаку ќе си одев и ја сеуште на работа. А до душа, на работа бев кога прокрварив вториот пат, и што ќе се случеше ако ме префрлеа во болница подоцна или воопшто не ми дозволија да го напуштам работното место? Ќе го пцував одговорниот? Целта на ова поврзување со мене ми е да ви ја објаснам постапката за добивање право на домашен притвор, значи мора лекар да даде мислење така вака или онака! Секако она не е прва ниту последна притворена бремена жена. И треба да ви го цитирам мојот прв пост ???? И артемис, поштеди ме од твоите размислувања за заслепеноста и за не мајчинското во мене! Си знам јас каква личност сум. А бе вие треба сите да влезете(посетете) во затвор и да видете што значи човеково право !!! Или прашајте ако имате некој осуденик/притвореник за неговите човекови права и ќе ви стане јасно се! И за начинот на тоа како се однесуваат кон него! Не сте виделе ништо во затворите, како функционира, се водите на она што сте слушнале. Видете, па зборете! Едит:И јас ја критикувам власта, па тоа не ме прави дека сум СДСМ. Не им чинат многу работи во нивното владеење, ама ова не е тема за тоа.
http://www.telma.com.mk/index.php?task= ... &item=1213 ЛОШИ УСЛОВИ ВО ЗАТВОРИТЕ Народниот правобранител Иџет Мемети уште еднаш потврди дека состојбата во затворите е загрижувачка. Вели дека е запознаен со тоа дека храната во дел од затворите е редуцирана и дека доцнат исплатите за дневница на чуварите за што се поднесени препораки до надлежните институции. Според Мемети, во затворите се неопходни инвестиции, кои ќе овозможат затворениците да ги уживаат своите основни права. Лидија Гавриловска од Управата за извршување санкции вели дека не е запознаена со случајот со редуцираната храна во затворите и дека нема добиено никаква претставка од народниот правобранител. Проблеми со исплаќањето на платите на стражарите вели дека нема. Според неа, состојбата во затворите се подобрува. Наспроти ваквото тврдење, амбасадорот на САД, Филип Рикер смета дека ситуацијата во македонските затвори е проблематична и побара вистински напредок во подобрувањето на условите. - Sostojbata vo zatvorite ostanuva problemati~na, na sredbite minatata godina zboruvavme za ovoj problem i seu{te treba da vidam vistinski napredok vo ovaa sfera, ne{to {to be{e pobarano i od moite kolegi od me|unarodnata zaednica, re~e Riker. На денешната средба, народниот правобранител и американскиот амбасадор констатираа дека состојбата е крајно загрижувачка и во јавната администрација и психијатриските болници, а негативни забелешки имаа и за постапките на полициските службеници. Мемети рече дека продолжува да се попречува работата на институцијата која ја претставува и подвлече дека во реализацијата на човековите права е потребна ефективна акција, а не декларативни заложби. http://kajgana.com/statija_2783.html Нехумани услови во затворите во Македонија Македонија мора да направи повеќе за да ја спречи корупцијата и нехуманите услови во затворите во кои се уште има случаи на врзување на затворениците со синџири. Тоа го бара Комитетот за спречување на тортура при Советот на Европа, пишува денеска шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“. Комитетот за спречување на тортура и испратил на Македонија копија од најновиот Извештај за тортура и ја замолил македонската Влада да ги прифати препораките. Во период од еден месец Македонија треба да потврди дека синџири повеќе не се користат во затворите и едновремено дека се преземени мерки во период од три месеци за подобрување на правниот систем, а според препораките наведени во споемнатиот извештај. „Свенска дагбладет“ пишува дека новата македонска Влада, која, како што се вели, се надева на членство на земјата во НАТО, ја освои власта во јули годинава со ветувања дека ќе ги интензивира напорите за зачленување на Македонија во ЕУ. Но, додава весникот, во Брисел минатата недела беше речено дека „оваа балканска земја најнапред мора да ја корегира својата политика“. Комитетот за спречување на тортура при Советот на Европа има мандат да врши инспекции на установи каде што се сместуваат лица законски лишени од слобода. Тоа, меѓу другото, се однесува на затвори и институции за психички болни. Секоја инспекција предвидува и посебен извештај кој содржи препораки што се доставуваат до државното раководство. http://www.time.mk/read/e8440e63ca/9ee3 ... index.html Условите во македонските затвори се ужасни Руиниран покрив, скршени прозорци, уништени кревети, нехигиена, еден тоалет за 140 осуденици. Ова се само дел од катастрофалните услови во македонските затвори што траат со години, а биле забележани и при последната посета на најголемиот затвор во земјава „Идризово“ од страна на евроамбасадорот Ерван Фуере и народниот правобранител Иџет Мемети. „Состојбата е ужасна“, вели Фуере, истакнувајќи дека во некои делови од затворот условите се полоши и од оние бегалските кампови во Латинска Америка или, пак, во некои малолетнички затвори во Јужна Африка пред времето на Нелсон Мендела. Ваквата негрижа за осудениците, според високиот претставник во земјава, е недозволива, особено што Македонија е кандидат за членство во ЕУ. „За земја што наскоро треба да го преземе претседавањето со Советот на министри при Советот на Европа ова е срамно. Нема сомневање дека во тој период Македонија ќе биде предмет на анализа за сите аспекти што се однесуваат на почитувањето на човековите права, но, за жал, тоа не е случај“, укажа на вчерашната прес-конференција Фуере. Од Владата се бара да не останува глува на препораките и итно да ја подобри состојбата во затворите која се оценува како катастрофална и под секој праг на човечко достоинство. Со ваквите констатации се согласува и народниот правобранител Иџет Мемети, кој редовно врши мониторинг на состојбите во македонските затвори. Во нивните извештаи многупати досега беа детектирани лошите услови за престој на осудениците. „Состојбата во одредени делови од затворот е на такво ниво што не може ниту да се замисли оти некој може во такви услови да престојува и притоа да не се загрози неговото здравје. Состојбата е очајна и, за жал, таа трае со години“, укажува омбудсманот. Според него, забелешките се однесуваат на сместувачките капацитети, хигиената, храната, медицинската заштита, како и на ресоцијализацијата што како воопшто да не постои. „Нема минимум стандарди за обезбедување хумано и достоинствено издржување на казната”, вели Мемети, кој бара затворање на полуотвореното одделение во „Идризово“. (Х.Р.) http://www.time.mk/read/e8440e63ca/db34 ... index.html Идризово помизерен и од најлошите затвори Милионите евра за реконструкција на Идризово ги нема- наместо реновирање на затворот и имплементирање на систем за ресоцијализација во Идризово, условите се мизерни и под човечкото достоинство- остро критикуваа народниот правобранител Иџет Мемети и евро- преставникот Ерван Фуере откако завршија со посетата на затворот. Од елементарните услови за нормален живот до организација на системот за рехабилитација- се е на ниско ниво или воопшто не постои. „Ова со еден збор е срамота. Ова е полошо и од бегалските кампови во Латинска Америка и затворите во Африка. Срамота е за една држава ова што се случува“- изјави Ерван Фуере, специјален преставник на ЕУ Споредбата на македонскиот со мизерните затвори во Африка и Америка не му пречи на министерството за правда кое денеска ги премолча сериозните критики. И народниот правобранител е изненаден дека неговите предупредувања, како и оние од Хелсиншкиот комитет, дека во затворот мора итно да се сменат условите, немале ефект. Со години организации за човекови права алармираат за катастрофалните услови во Идризово, министерството за правда ветува милиони, но на терен народниот правобранител и евро- преставникот не забележале никакво подобрување ниту на условите, ниту на третманот на затворениците. “Не само што нема подобрување туку има уназадување. Во затворот не може да престојува лице и да не го изгуби здравјето“- изјави Иџет Мемети, народен правобранител Иако министерот за правда во изјавите упорно брои милиони евра за македонските затвори, за сега нема ниту подобри услови во Идризово, ниту нов затвор за малолетници кои 10 години се во Шутка, ниту е завршен кумановскиот затвор. Последната шлаканица од Брисел и од народниот правобранител можеби ќе го освестат министерството наместо само декларативно да најавува да почне со конкретна акција на терен. http://www.time.mk/read/e8440e63ca/2ae0 ... index.html Идризово пострашен од затворите во Африка! Услови пострашни и од оние во малолетничките затвори во јужна Африка пред времето на Нелсон Мендела. Вака Евроамбасадорот Ерван Фуере ги опиша условите во затворот Идризово по неговата посета заедно со народниот правобранител Мемети. За земја која наскоро ќе го превземе претседателството со советот на министри при советот на Европа ова е срамно – рече Фуере. Скршени прозори, недоволен број на кревети и еден тоалет за 140 затвореници се причина поради која омбудсманот бара и да се затвори ова одделение. Кога зборувам за услови мислам на сместувачкиот капацитет, просторот, хигиената, храната, медицинската заштита, програмите за ресоцијализација. Нема минимум стандарди за хуман и достоинствен престој. Состојбите се на такво ниво што не може да се замисли некој таму да престојува, а неговото здравје да не биде нарушено– рече Иџет Мемети. Што се случи со 14-те милиони евра од кои 4 од буџетот на државата, а 10 позајмени од Европската банка што Владата пред година и пол ги најави за комплетен ремонт на затворите Мемети не знаеше. Она што ќе останело забележано во извештајот од синоќешната посета на Идризово е дека напредок нема, а условите се деградирачки и нехумани. Фуере: Во затворот Идризово еден тоалет за 140 луѓе Состојбата во затворот Идризово е полоша од бегалските кампови во Латинска Америка и затворите во Јужна Африка во времето пред Нелсон Мендела. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, на заедничка прес конференција со Народниот правобранител Изет Меџити, по вчерашната посета на оваа казнена установа. „Видовме покрив што не е покрив, искршени прозорци, уништени кревети, еден тоалет за 140 луѓе. Состојбата е ужасна“, рече Фуере, истакнувајќи дека тоа е недозволиво за земја кандидат за членство во Европската унија и земја која наскоро треба да го преземе претседателството со Советот на Европа. Тој рече дека Владата се оглушила на препораките на Народниот правобранител, но и на Канцеларијата за превенција од тортура при Советот на Европа, за средување на состојбите во затворот Идризово. Фуере побара итна акција од власта за санирање на состојбите во овој затвор и обезбедување почовечни услови за затворениците. И Народниот правобранител состојбата во затворот Идризово ја оцени како загрижувачка. „Состојбите во одредени делови на затворот се на такво ниво, што не може да се замисли дека може некој во такви услови да престојува и при тоа да не биде загрозено неговото здравје“, рече Меџити, додавајќи дека ваквата состојба трае со години. Меџити упати препорака за затворање на полу-отвореното одделение на затворот Идризово и префрлање на затворениците во друг затвор. ТРЕБА ЛИ УШТЕ ДОКАЗИ?
Блонд: И артемис, поштеди ме од твоите размислувања за заслепеноста и за не мајчинското во мене! Си знам јас каква личност сум. Не те ни спомнав, не знам зошто се најде повикана? Веројатно ти си знаеш. И не би сакала да влезам во дискусија. Само ќе кажам: Твојата споредба со притворената е глупост. Инаку, сиротата директорка на Гинекологија не смееше баш отворено да каже што мисли. И таа е под притисок, ќе и отиде фотелјата. Се е јасно, сите си мсилат само на себе. Никој не мислел на неа, заборавена меѓу четири ѕида. Жално.
А ја ти барав да ми копираш она што ќе најдеш на нет или ви дадов препорака да влезете во затворите и да видете како е? Прво види, увери се со свои очи, па потоа коментирај!
Епа единствената што има коментирано меѓу последните постови, а е бремена сум јас. Или извини, не е очигледно :geek: Едит: Хах смешно како намерниот абортус го поддржуваат повеќето, а губењето на плодот убиство!
Блонд комплетно си нејасна која теза ја браниш. Значи си имала проблем и си отишла порано на породилно. Испочитувано човеково право. За разлика од жената во случајов. Нема никаква логична концизност во излагањава што ги кажуваш. Тоа што си ги исцитирала вестите на Стојменов, баш и не е некој адут во ракав, ама и според тоа можеш сама да заклучиш дека жената лежела БРЕМЕНА ВО ПРИТВОР ВО ОДВРАТНИ УСЛОВИ 10 дена, пошто на НЕДЕЛКОВСКА, која е безбедно да се рече, марионета на власта, и се измешале фазите од постапката ( ееееј претседател на СУД) па не можела од Вторник до Четврток да додели нова мерка... И сум влегла во затворите на ПОСЕТА преку факултет, ни тогаш не беа сјајни, а и ги ценам мислењата на луѓето од Меѓународната заедница, за разлика од актуелната власт и поедини членови во дискусијава. И да не вергламе едно исто веќе, темава ја изгуби суштината и квалитетот.
Се гледа дека не може да те разубеди човек, блонд. Очигледно не те интересира кога некој не мисли како тебе. Позната школа, од булевар „Никола Груевски“ БК (без компас) што би рекол Есад Ракиќ.
БЛОНД : „Едит: Хах смешно како намерниот абортус го поддржуваат повеќето, а губењето на плодот убиство!„ РАЗЛИКАТА БЛОНД Е ВО ПРАВОТО НА ИЗБОР! Нема власта да го абортира моето бебе место мене!!!! Бог да чува жено.
Мислам дека ја претераа работата со пајажина.....луѓето ги направиа најголеми криминалци а се уште нема докази дека се виновни....а за оние против кои е докажен криманал уживаат на слобода.....ете тоа е Македонија Ке кажам дека во нашата држава не важат исти права за сите...со ова се што се случува се докажува дека денес права имаат само власта и тие покрај нив а тие што се против нека очекуваат најлошо
Да Офи, тоа и ми беше целта на муабетот. Капиш? Дафне, дај не ме смеј, власта го абортирала ? А бе ви треба објаснување како се доаѓа до ненамерен абортус ??? Причините на испуштање на плодот? Секој од околината на жената на некој начин влијаел врз тоа, ама најмногу организмот на жената.
(Хах смешно како намерниот абортус го поддржуваат повеќето, а губењето на плодот убиство!) Блонд, си ги измешала лончињата. Што има врска сега абортус со тоа. Ако имаш толку демохристијански сфаќања, дај повикај си го она христијанското во себе. Сега ми е јасно дека имаш само една опција во глава, иако викаше дека си неутрална. Не си, ама воопшто.
Па тогаш е јасно зошто плука народот по судот врз кој власта врши притисок. Никој не рече дека неможе да се случи спонтан абортус и од други причини. Но МОЖЕБИ доколку жената била во домашен притвор немало да се случи тоа.
Сум била и сум видела. Дали ти си го видела полуотвореното одделение во Идризово? Има таму нормални услови? Што е карактеристика на денешните затвори? Пренатрупаност, имаат капацитет за 1300 луѓе, а има 1800. И она што е најбитно ресоцијаизација, ама баш никаде и нема. А тоа е основна цел на казнувањето. И уште нешто Во затворот не може да престојува лице и да не го изгуби здравјето“- изјави Иџет Мемети, народен правобранител
^Да бе, во Струмица сите сме неутрални и тоа плаво неутрални Оффи, не треба да се оди толку далеку во префлрувањето на вината. Како прво виновни се лекарите што не реагирале подобро за да издејствуваат домашен притвор, а потоа главниот судија што донел краен заклучок. Моето коментирање престанува овде, зошто верувајте, НЕ СМЕАМ повеќе да пишувам (од лични причини, нешто слично како оние на БејбиКети).
Секој има право на свое мислење.. Оваа тема не е отворена да се напаѓате меѓусебно и да доваѓате до конфликт. Да бидеме и ние еден ден бремени и тоа нас да ни се случува па никако нема да го оправдам.. Си изгубил дете поради одговорен што не ти дал одмор или кога веќе дошло до тој степен за затвор барем да и било дадено домашен притвор.. Како е чуството да загубиш дете поради некој
Блонд ете и јас на вежби на правен сум била во посета на затворот Идризово, можам комотно да кажам дека е грозно, страшно и нехумано за секој нормален човек да престојува таму.А за бремена жена во таква состојба е крајно идотски да ја ставиш во тие услови.И да не се повторувам со Боа, совршено реално и точно ви објасни како стојат работите. Овде се работеше за типично демонстрирање сила и ништо помалку.
Блонд, мислам дека темава воопшто не е да пишуваш смешковци, или човечиња што намигнуваат. На некој не му е до смеење. И малку да се свртиш околу себе. Како и да е, ти посакувам се најубаво во бременоста и не ти реплицирам веќе за да не те вознемирувам.
Требало таа самата да не си дозволи да дојде до тоа, можеле да поднесат жалба за да ја пуштат во домашен притвор поради нејзината состојба. Таа поднела само барање за прегледи ,кои и биле овозможени. Трет или четврт спонтан абортус и бил значи Спонтан, а не предизвикан , каде и да била голема е веројатноста да се случело истото.
Не знам како може некој да помисли а камоли пак да пише- Таа самата не требала да си дозволи да се случи тоа. Само глупости да се слушало...Знаеш за што се поднесува жалба? И што всушност претставува жалбата? Што требала според тебе да стори жената?