И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Кои сме ние да судиме?Немој никого да обвинуваш,незнаеш што те чека во животот.Баш дека бил трет или четврт абортус,НАЈСТРУЧНО кажувам дека секоја наредна бременост треба да се контролира и да биде под целосна лекарска контрола.Овде причината е Психички стрес,несомнено.
    А што би било кад би било, не е да коментираме ,овде станува збор за несоодветни услови,нехигиена и психички стрес.
    А да не заборавиме дакажеме дека се притворени и мајки со малолетни деца,(јас имам две малолетни деца ),и искрено сочуствувам со нив.Каде е тука стресот за тие жени и деца?какви ли ке бидат последиците за тие семејства?
     
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Извини ама госпоѓиица сум сеуште! 8)
     
  4. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    значи, ако девојки искажуваат свој став, не значи дека се нееманципирани, ако ставот не ти се допагја (имаше некоја девојка вака коментирано,дека не биле епанципирани овие што се против велија)... иако јас лично, сметам дека се нееманципирани, сите што се офци и сеуште дозволуваат да ги стриже медиумов!!!!

    Јас не сум ни за една ни за друга партија, со оглед на тоа што ни едните ни другите не се добри,сите си го гледаат својот интерес, но од две зла, во секој случај владава моментално е помалото зло, со оглед на тоа што СДСМ гледа само за себе,, ама баш само за себе, кога беа на власт се затворија сите можни фабрики, барем во мојот град, а да не спомнам тоа што Бранко веднаш ке дозволи промена на име , и ке продаде се што е наше тука!!! сдсм секогаш биле во одбрана на ваквите криминалци, што затајуваат данок, секогаш застануваат на нивна страна! па добро, како може бе лугје да го браните А1 СО Велија?! зарем се сите слободен медиум?! медиумите , секкао, не би требало да се корумпирани од страна на ни една партија, туку треба,ако се навистина таков праведен медиум, да ги кажуваат и добрите и лошите работи на двете страни, а не како а1, што постојано беа против власта, а ништо не кажуваа за сдсм, тоа не е новинарство!! тоа е , всушност телевизија за политичка пропаганда(ова важи и секој др ваков медиум што работи на овој начин).
    Зарем се согласувате да го браните Велија, или а1, зарем не гледате дека цела оваа узбуна не е дека нив толку им е гајле за медиумот!!! дали сте вие свесни, тие најактуелните новинари на а1 што највекје скокаат за велија, колку се платени?! ова го знам од директен сигурен извор, и со оглед на тоа, јасно е,тие мора вака да се однесуваат,и да се фатат за оваа сламка што им остана,демек затворанје на искрен медиум,пошто векје немаат за што да се фатат,и го избегнуваат фактот што векје се дозна се што криел Рамкоски, а трагедијата е мн поголема кога видовме дека сеуште има толку многу офци за стрижење во нашава држава, и што можат да ги купат со оваа приказна,и да застанат на нивна страна!
    па сите вие,(зборам за тие што имаат родители или пак самите работат чесно,не изоставувајки ни еден потребен документ,плакјајки се што треба кон државата)зарем не ви е жал, додека татко ми,со една обична фирма,и заработка колку да живееме нормално,(пошто факт е дека во нашава држава со оглед на стандардот,не може да се заработат толку многу милиони со обична фирма),нашите родители можат да исплакјаат се се што треба,секоја лиценца,секој данок,се што е можно,а Велија, затајувајки данок за над 40 фирми,запишани на една адреса, од која ни едната не е легална фирма, и нормално, децата кје му возеле Бентли!! хех! па ако одела вака работата дја сите вака дај затаиме,кје имаме бесконечен шопинг нели?!
    не викам дека е владата во право, но овој пат,не знам со каква цел,дали партиска или не знам каква, УЈП си ја заврши работата како што треба,и на право место се наогја сега тој газда!еден обичен селјак како него,без 8 одд,можел да биде способен и опасен и да извади толку пари!!па нормално дека не!!се знае дека се по некој црн пат донесени!
    страмота и греота е за народот,што немаат леб да јадат, да бранат криминалец!!!
    ги има вакви многу,само што еве барем еден голем е фатен, и мило ми е.
    поздрав.
     
    На lolyta777, beached, Ashling и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам,но според мене логично е жена која чека дете и има свекрва ,да е мажена ,а со самото тоа да го заслужи и епитетот госпоѓа.Извини за ненамерната грешка.
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Да, јас лично јасно и гласно кажувам дека мислам дека е нееманципиран некој кој смета дека е нормално да во 21 век се затвара телевизија, зошто не мисли како власта. Ако правел криминали сопственикот, нека го гонат, телевизијата да ја остават на мира.
    Мислам дека е нееманципиран секој кој наместо да си ги брани правата на себе и на другите луѓе кои ни се гарантирани со Устав, изиграва партиски потрчко и ги гази и највисоките човечки вредности. Се во името на партијата.
    И да мислам дека е нееманципиран секој кој смета дека со недемократски мерки можеме да одиме напред.
    Толку.
    И да утре и СДСМ да дојде на власт и да го прави ова врз Сител или Канал 5, ама баш на овој начин како што се прави врз А1 истото ќе го пишувам и за нив.
     
    На Phyramide, missperfect, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    61



    Не можам да поверувам дека некој вака размислува, ајде да ја обвиниме жената што го изгубила бебето!!! Боже, како можеш ти девојче вака да размислуваш?????
    Како прво,се работи за рана бременост, таа сигурно не ни знаела дека е бремена барем еден месец.
    Како второ, не е важно што имала спонтани претходно (ако имала),важно е дека таа била бремена во 7 недела и го изгубила бебето во притвор, а не во домашни услови.
    Како трето,веројатноста во домашни услови за спонтан абортус не се дискутира,тукаа влијаат разни фактори.
    Факт е дека женава го изгуби своето неродено дете во притвор,односно во несоодветни услови и за тоа треба некој да одговара.Можат сите да си измислуваат веројатности и можности но факт е дека се случила голема несреќа за жената и нејзиното семејство и тука не е важно кој е на власт или не.
    Како четврто и последно што го пишувам на оваа тема,не се работи за оваа земна власт,се прашувам како овие луѓе ќе живеат со својата совест, сепак се работи за изгубен човечки живот.
    А ова што и се случи на женава,може да му се случи на секој.Само Господ да чува и брани од прости луѓе и политичари.Не е ни чудно што поетот Данте ги ставил во најтешкиот круг на пеколот судиите и политичарите.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Жените што имаат малолетни деца се криминалци во случајов, тие самите себеси се довеле во оваа ситуација. Обидувајќи се да заработат на нечесен начин.
    Требало тие самите да мислат на своите малолетни деца и нивната иднина
    пред да замешаат прсти во криминалот.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    А ти значи веќе им пресуди дека се виновни?
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Тие се ОСОМНИЧЕНИ за криминал,а не се КРИМИНАЛЦИ,оддели ги тие две работи.
    И уште еднаш ти кажувам немој да судиш,премногу си млада,уште ке учиш во животот.
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Ама дискусија се развила во темава :o . Не сум во тек, но што успеав да читнам, а и слепо им верувам на кој начин дискутираат Боа и Дафне, сметам дека некои не се воопшто компетентни да влегуваат во дискусија со нив. Прво за начинот на кој размислуваат, второ со запознаеноста и информираноста за настаните.

    Мислењето е редактирано од модератор!
    [mod-navredi:21y46ezx][/mod-navredi:21y46ezx]
     
    На BoaVista и Lora07 им се допаѓа ова.
  12. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Јас не сум А1, не сум Сител, не сум Алфа и не сум Канал 5, затоа што и Велија и Ѕинго и Штерјо и Борис се исти машки полов орган во различно пакување!

    Јас сум ЧОВЕК кој бара демократија.... А, пустата никаде ја нема. Ниту на зборови, ниту на дело...

    Каде ли отиде човечноста на луѓето? Во фотељите, партиите и погрешните идоли.

    Е, народе мој македонски!
     
    На kate21, Ashling и Cleonika им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Боа ако следиш вести ќе сфатиш колку А1 е антивладина телевизија(без разлика дали сега биле ВМРО или СДСМ)
    Кога беа СДСМ на власт, тоа ви сметаше што е СДСМ на власт и мислам дека без разлика сега дали би биле СДСМ, ВМРО на власт (поради очигледниот двопартиски систем нема потреба да споменувам други партии) А1 ќе беше свртена против ВЛАСТА, а не против одредена партија.
    Значи кажано беше во овој конкретен случај дека парите кои ги заработувале другите *рандомброј* фирми на Велија се префрлале на сметката на А1 Телевизија и затоа е блокирана сметката, значи НЕ Е ЗАМОЛЧЕН МЕДИУМОТ, бидејќи ИМАТЕ ВЕСТИ, ИМАТЕ ЕМИСИИ, ИМАТЕ СЕРИИ, туку Е БЛОКИРАНА СМЕТКАТА.

    Мислењето е редактирано од модератор!
    [mod-navredi:30eqaxgb][/mod-navredi:30eqaxgb]
     
    На kate21 и Cleonika им се допаѓа ова.
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Мислењето е редактирано од модератор!
    [mod-navredi:3a9py6gy][/mod-navredi:3a9py6gy]
     
  15. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Токму така. Непартиски опозициона. Ма и да е партиски. Партиска е и сител и канал 5, и нивните газди се лопови, ама пошто му го лижат задничето на господинко премиер ( со мало п, зошто е минорен) ќе си работат. Епа... нема да може. И секој со малку памет ќе види дека правдата е селективна во случајов, што ја прави непостоечка и сама на себе контрадикторна. Комплетно си без компас Ашлинг, сама себе се ништиш, комотно можеш сама да си дебатираш, и про и контра си.

    Имај убава вечер и уживај во владините реклами. Преродбата во 100 чекори тебе те преобратила во 3 гарант.


    Мислењето е редактирано од модератор!
    [mod-navredi:250zwizl][/mod-navredi:250zwizl]
     
    На JuLleE, artemis, Tomcia и 3 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    И овде....Каде со вакво размислување?? :|
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Криминалци викаш?
    Хммммм... А каде прочита или слушна дека се криминалци? На Сител од Латас?
    Дали има ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА со која се прогласени за виновни?
    Нема. А знаеш зошто?
    Зошто постапката сеуште е во тек на ИСТРАГА. Сеуште нема обвинителен акт во случајот бре еј, а не пак пресуда.
    Јас предлагам пред некој друг да почне да треска вакви глупости, нека отвори најпрвин и нека прочита некој закон. Вака некако беспредметно ми е пишувањето и докажувањето на едни исти работи по милион пати.
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.340
    Допаѓања:
    28.185
    О Господе, што се нема да прочиташ :x
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579

    Фала што ме обои партиски и покрај тоа што сум безбојна.

    Место да ми кажуваш дека сум контрадикторна, посочи ми ги речениците на мојата контрадикторност.
    Е,да..
    или подобро културно прашај ме во лична порака што не ти е јасно во врска со моето мислење, навистина ќе бидам љубезна и ќе ти одговорам со дополнително објаснување.


    Ајде сега гледајте на А1.
    Само..
    запрашај се зошто за еден спонтан абортус се крена толкава врева,а не за убиство што се случило 1000 пати полошо од тој спонтан абортус?
    Знаеш.. срамота е А1 ова да го користи во своја одбрана, навистина срамота
    weird

    Мислењето е редактирано од модератор!
    [mod-navredi:m80xk9qn][/mod-navredi:m80xk9qn]
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.