Лолита врати се неколку страни поназад и ќе видиш зошто сум А1. Мислам дека доволно јасни ми се мислењата, секако за оној кој сака да ги прочита и да ги сфати. Пишуваш дека си правник и читаш закони, а ме прашуваш што сум се фатила толку за презумпцијата на невиност?!? Јас кога учев на факултет ни кажуваа дека презумпцијата на невиност е ОСНОВНО НАЧЕЛО ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА И ОСНОВНО ПРАВО НА ЧОВЕКОТ СПОРЕД УСТАВОТ. Има ли потреба да се прашува зошто сум се фатила за презумцијата на невиност? Срце ти можеш да сметаш до утре сабајле дека сите се виновни, ама според законот, сеуште не се. А во демократска држава каква што се декларираме дека сме треба да важи словото на законот. И за крај да расчистиме. Не сум ја таа која ја измислила презумпцијата на невиност, ниту пак јас сум ги напишала основните слободи и права. Не сум јас пропишала дека притворот треба да се замени со куќен во одредени случаи. Тоа го пишувале експерти, по примери од европски закони и устави, а истото тоа е изгласано од пратениците и е за задолжителна примена во судовите. Незнам што тука не е јасно. Напишав јас и претходно дека ако Велија и компанијата негова правеле криминал, нека одговарааат, ако има докази нека ги осудат. Само што очигледно дека некој не сакал да го прочита тоа. А поентата не би беше ни најмалку да го бранам Велија или било кој друг. Поентата ми беше да објаснам дека во оваа наша држава има грубо кршење на човековите права. Само што оведе секој си чита што сака и сфаќа како сака. Е тоа веќе не е мој проблем. Мислам дека мислењата ми се доволно јасни.
Смирете ги страстите и без навреди, затоа што ќе изменувам мислења. Едит! Мислењата кои содржеа непристојна содржина и препукување се изменети. Ве замолувам да нема расправии затоа што ќе морам да применам други мерки.
НА ТЕМАВА – Само ќе го цитирам Мартин Лутер Кинг, чиј цитат е на почетните страници од Прирачникот за заштита на човекови права од полиција , кој вели.. „Неправдата било каде, е закана за правдата насекаде“...
Ах бре...убаво татко ми си спомнува понекогаш " Дојде диво истера питомо!" Е таква ни е ситуацијава моментално
Прочитај убаво што сум напишала па потоа коментирај, никој тебе не те повика во одбрана, и се обраќав на Боависта. Драга Cia-ra во која држава живееш, зарем уште не ти е јасно дека во судовите законите не се почитуваат, ако беше спротивното, ако се живо не е беше корумпирано и под влијание на нашите сакани политичари, истражниот судија веднаш ќе изречеше мерка притвор. Јас коментирав зошто не сум и нема да бидам А1, а тоа е темата, коментирав како објективен граѓанин а не како правник. Се додека јас ги плаќам сметките, додека живеам со крстот на чело и се придржувам пред се до моите морални начела, за мене сите инволвирани во случајот Пајажина се виновни, не ми требаат докази, ниту пресумпции на невиност за да заземам став и да оформам мислење, нагласувам КАКО ГРАЃАНИН. Исто како што беше и со случајот Медуза, Змиско око, случајот со нарко босовите (не ми текнува како го нарекоа) сите тие за мене се криминалци без оглед на тоа дали се обвинети за даночно затајување, дрога, мито и корупција, секој треба да ги сноси последиците за своите дела и постапки. Многу ми жал што госпоѓата која го изгуби плодот ја доживеа најтешката, условно наречено, казна. Значи јас сум ЗА борбата против организираниот криминал, а токму тоа јас разбирам дека е темата. Тука коментирам објективно иако имам блиска роднина која работи во А1 и секој ден мрзне. И уште нешто, далеку од тоа дека сме демократска држава како што се декларираме, нема потреба да објаснувам, да не бидам офф топик.
Драга Лолита не сум се јавила јас бидејќи ме повикал некој во одбрана, ниту пак е потребно такво нешто, најмалку за Боа бидејќи девојката е преполна со знаење. А и да е така случајно да не ми забраниш. Како и секој така и јас ке си пишувам што мислам, чиста логика како што ти можеш да ја напаѓаш Боа така ја ќе си ја бранам зш го делам истото мислење со неа. А ако не си разбрала од се она што Боа,Дафне... го изнапишуваа ќе ти кажам мн. кратко и јасно: Законите и мн. други човечки вредности воопшто не се почитуваат. Дека во кривичниот закон постои алтернативна мерка куќен притвор за бремени жени, хронично болни лица. Пролистај го кривичниот законик и самата ќе си се увериш.
Лолита сите ние сме ЗА БОРБАТА СО КРИМИНАЛОТ. Ама борба, а не филмови. Јас сакам докази, правосилни пресуди, сакам после таквите спектакуларни апсења да видам осудени лица, а не пуштени на слобода. Ова што денеска се случува е се, само не борба со криминал. Апсат цариници и полицајци како да го апсат Бин Ладен, се јавуваат по телефони да ги извести новинарите дека ќе има апсења... Е тоа драга моја Лолита мене повеќе ми личи на бесплатна реклама во ударните вести, отколку на борба со криминал. Лично познавам полицаец кој два месеци беше во притвор, теретен за организиран криминал и пуштен на слобода. Донесена ослободителна пресуда, човекот вратен на работа. Борба со криминал нема што!
Девојко јас никого не напаѓав, читај убаво па коментирај..Прочитај го убаво мојот последен пост. А кривичниот законик во сон да ме прашаш го знам. Форумов е анонимен, место за дружење а не за препукување, ниту за докажување на знаењата, немам намера повеќе да се откривам ниту да се расфрлам со знаења!
Изгледа и на тебе не ти е толку кристално јасно во која држава живееш, дали мито и корупција за тебе значат нешто, а за тој твој полицаец запрашај се зошто бил вратен на работа и зошто бил пуштен на слобода. А новинарите што паѓаа во несвест и ги покажуваа своите драмски способности, тој филм во чија режија е? Спротивно од тебе, јас лично познавам некој кој учествувал во тие "спектакуларни апсења", го знам и исходот. А кој тоа се јавил за да информира апсења во ударни вести, каква реклама, па дали ти воопшто знаеш на кој начин, со какво следење, анализа итн. се изведени операциите, знаеш ли колку е тешко да апсиш колега, да собираш докази проти своите, и потоа оп истите да ги снема, во прашање е голема игра, немој да зборуваш на памет. Доказите исчезнуваат. Се откажувам од дискусијава, секое понатамошно мое излагање е инкриминирачко. Го кажав ставот и мислењето, толку.
У право си потпуно, само се изреволтирав и зачудив како толку се препукуваат и претходно, па и јас напишав еден навредлив коментар, ама анонимно е и треба да ја сватиме дискусијава како забава, а не со претенциозни коментари. А и друга работа, ми се чини дека на форумов се релативно млади форумџикиве (по години) ама покасно видов, така да, да ги оставиме да ги удри реалноста во глава, а јас се повлекувам и веќе не коментирам на ниедна тема на фемина форумов. Поздрав до сите
Е ова е најпаметната работа која ја прочитав од тебе до сега. Зошто и повеќе од очигледно е дека целта не ти беше да водиш аргументирана дебата, туку да провоцираш и да се препукуваш .
Мене ме интересира дали некој од овие кои сте контра со муабетите со Боа може да и одговорите на основното прашање кое таа го постави, и кое се избегнува на сите можни начини, камуфлирано со навреди и препукувања, а тоа е кој ќе одговара за смртта на бебето, и што е тоа криво за постапките на возрасните? И навистина посакувам да се најде уште некој кој настрана ќе ги тргне и боите црвена и плава и Бранко и Грујо и политики и се, кој ќе се запраша што беше детето криво за сето ова? Значи баталете и А1 и Сител и Велија и Ѕинго и запрашајте се зошто една невина душа мораше да биде жртва со цел да се искажи "моќноста"? Мајката и да е крива и да не е, детето заслужуваше да се донеси на овој свет. Секој кој има грам хуманост во него ќе сфати што сакам да кажам. И да, не ги кривам само судиите, докторот што ја прегледувал и не ургирал дека жената крвари и дека никако не смее да се врати во дувло од бактерии е исто толку крив. Повеќе не дискутирам на темава.
Конечно некој да ми ја сфати поентата Спаркс проблемот кај одредени форумџики е што во недостаток на аргументи мешаат баби и жаби, навредуваат ,бегаат од темата, заобиколуваат, се докажуваат, а со тоа ја уништуваат дискусијата.
Реков јас,фали уште да почнат луѓе да одат под прозорци да слушаат што си зборува народот по дома.Ако некој каже било што против премиерот ќе биде казнет.Е така.Ќе се научите сите до еден да го делите мислењето со премиерот,или има да молчите.
Да драга, како ти ќе кажеш...Попаметниот попушта....аааа не знаеше....пишува таму на таблата Пријатно и секое добро p.s. Прочитај си ги сите твои коментари во темава, а потоа кажи кој провоцира.
Жени, ај не карајте се ко небаре за татко ви или неговата фирма да се работи. Секој има свој став, си го брани како знае и умее и точка. Никој никому нема да му го докаже спротивното Е сега, јас да ви кажам, од мравка се прави слон, немора да се верува на се што ќе каже А1! Кај нас слобода на медиумите изгледа има смисла далеку поразлична од онаа во светот. Отиде работава дотаму, така што сите, без исклучок телевизии станаа трачарски, кремчести телевизии, па така нема објективни презентации на нови информации, е нема! А1 сега бараат во јајцето влакно, ако ја гледавте прееска таа во Велес, мафта со цигарата и бара помош да не спие во колиба?! Нема социјална, нема за такви! И искрено не ми е гајле дали ме мислите будала, себична, расипана, за таквите ко нив, без труд и мака и тоа им е многу. Владата ветила станови, не го исполни ветувањето, не е прво и последно! Ама, тие што побараа помош се колнат дека се трудат-а ни перце не мрднале! (Истово би важело и за Сител, и за Канал 5, доколку се тие во истиов случај) За спонтаниот абортус на вработената од А1 не сакам да коментирам, жал ми е, сочувствувам со неа. Уште ова, А1 вели дека демократијата е ускратена, слободата на медиумите е тотално ограничена и затворена во „стаклено ѕвоно“. ББЦ пак, од друга страна, пред недела дена ги тргнува од својата програма вестите и емисиите кои се однесуваат на нашето подрачје, Балкан, Албанија, Македонија, Србија мислам. И се само да се намалат трошоците од емитување програма на тие јазици. Тоа фер е? Значи нам ни е одземено правото да слушниме вести од пообјективната страна, мислења на врвот на ЕУ, Америка, совети и критики, само заради економската криза! Таква слобода на медиумите, кои кај нас богами, пушти им прст, отиде до „органот“, нема никаде. Сите, секаде во светот се овластени и заштитени од некоја партија. Факт. Ама во светот некаде се доволно паметни да си го тераат својот живот, а ние кај сме 2 000 000 скромни и можат да не вселат во една зграда во Њу Јорк, се занимаваме со рекла казала политика муабети! Да се немало ЖИВОТ еј! Просто да се чудиш