И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    и јас сум А1

    ете само толку...
    :hai:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    И нашиот драг премиер кради, зошто него не му ја замрзнат сметката? Нели судството е независно?
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Ама јас не сум А1, јас сум Трендафилка. :worried:
    Немам некој одреден став и мислење за темава.
    Некаде споменав - јас и политика сме како магаренце и музика.

    Секоја чест за таквите како Лолита и БоаВиста - си имаат став и аргументирано си го бранат. :bow:

    Сакам само да си кажам едно, од мое лаичко, непрофесионално, скоро детско размислување во овој поглед:

    Додека некому му беше секирата во медот - сите беа А1. И за А1. И покрај А1.
    И среќни и весели си гледаа турски синхронизирани серии, мислеа дека идилата ќе трае вечно.
    Ама сега се растури калимерата и некој ќе си го окрка.
    За памет. :!:

    И тука се помешаа баби, жаби, полиција, документи, новинари, обични граѓани, човекови права, пренос пред влада, и за некој малку писмен ова е многу збунувачки драги девојки. :D
    Како очекувате некој да ги разграничи сите мирудии и зачинки помешани во оваа манџа, за да дојдеме до - ВИСТИНАТА?

    Не ме интересира, ни сум А1, ниту не сум А1.
    Знаете ли што сум?
    Против апсењето на луѓето како Бајруш Сејдиу, Велија и Хеди, луѓе од калибарот на Штерјо и компанија.
    Зошто?
    Ама они краделе.
    Бре, бре... А тие во фотелјите во Парламент, Влада и по Министерствата топлат нозе и се грижат само за нашето подобро утре...
    Крадат СИТЕ, факт, со таа разлика што Сејдиу криминалецот со неговиот бизнис имал минимум 500 работници во Куманово.
    Тоа се минимум 500 семејства кои не живееле во беда и сиромаштија благодарение на него.
    Тоа е животот.
    Е сега - правдата е задоволена, WOW, спектакуларно и помпезно со сите почести на тв, да се увериме дека некој тука не спие, туку апси криминалци.
    А луѓето на улица? Без работа? Без пари?
    Некој нив ги прашува?
    Во Италија го имаат Берлускони и италијанската мафија, во Албанија - албанската мафија, во Русија - руската мафија...
    И во ваква веќе пропадната, корумпирана држава, оставете си ги главните богаташки фацки да си тераат бизнис - барем луѓето се вработени.
    А не да глумиме лудило - ќе го истребиме криминалот и џганот, а уште полицемерниот истребувач ти седнува во Влада и се става на секое гласачко ливче откако паметам за избори...

    Толку од мене на темава, можеби не сум во право, ама тоа е моето мислење.
    За мене криминалците не се тие кои го заобиколиле законот со шлепер цигари, ќариле милионче и издржуваат десет семејства.
    За мене криминалци се лицемерни суштества кои алчно, безобразно и ненаситно крадат од обичниот народ, му изречуваат санкции и отпуштаат 500 работници.
    А притоа накитени и наконтени во оделцата ала Џастин, ми се смешкаат скоро секој ден на секое е*ано парче вести во денот... :puke: :puke: :puke:
     
    На JuLleE, senza.parole, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Е ова веќе е невидено и нечуено секој ден се пострашно станува...ццц
    Па и намерно да го направил тоа, мислам дека заслужил премиерот.....што сака тој само да го фалат и ѕвезди да му свалаат е се зафркнал не се сите како Латас...
    Веќе ништо не ме чуди само парите да им земат на луѓето, епа иначе од каде пари за спомениците :tmi:
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    13.701
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку сме прости ние Македонците. Не ги прочитав сите мислења затоа што просто се е доведено до тој степен на безобразлук и карање како да е засегнат некој најблизок од семејството, а не некој што незнае дека постоиме. Наместо да сме сите обединети и да си помагаме, доаѓа до ова- меѓусебна омраза. А зошто? па би рекла ЗА НИШТО!!!!!!!! И после секако дека ќе не газат. Темава прочитав дека е отворена чисто онака, ради искажување на мислење. Но, ова довело до убедување на другиот, третиот, дестиот ( и секој што го нема истото мислење како нас) во нешто што се коси со неговото мислење за исправно. Искрено, не личи ова да го прават девојки на оваа возраст. Одсекогаш сум викала дека ако ВМРО и СДСМ се здружат и ги баталат разликите, ќе можат да направат нешто добро за Македонија. Стварно неможам да сфатам до кој степен стигнала дискусијава. Само многу би сакала да знам која е целта на сите овие препукувања. Постигнавте нешто? Секако дека не. Никој нема да го смени ставот само заради едно ваше мислење
     
    На Lacrimosa, beached и LightOFF им се допаѓа ова.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Моето прашање околу целава оваа работа со фирмите на Перо Наков е зошто сега? Ако Велија не плаќал данок 5-6 години зошто не бил казнет навреме.Од искуство знам дека доколку јас со плаќањето на данок закаснам само два дена ,ми ја блокираат сметката на еден месец,значи јас тој еден месец сум со врзани раце.Според мене некој во сите овие години го штител (влада?) и му го дозволувал тоа .Зошто? Не знам .Мојата предпоставка околу тоа зошто сега, е дека најверојатно А1 или Велија имаат некаков документ,снимка или не знам што ,што би можело да и наштети на владата.Мислам дека токму заради тоа и беше тој упад во А1 и дека заради тоа беа земени скоро сите компјутери ,снимки ,документи.Единствена работа која ми го мати умот е зошто ако владата сака да продолжи да функционира А1 им ја блокираа сметката и како со блокирана сметка мислат да ги земат парите кои Велија и ги должи на државата? Тоа блокирање автоматски значи крај на функционирање .Мислам дека покрај сите овие обвинети директори,управители,сметководители одговорност треба да понесе и директорот на УЈП и некои од инспекторите кои предходно вршеле увид во сите фирми и кои направиле превид во сите контроли кои ги вршеле.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Значи проблемот не е зошто Велија кој правел криминал е казнет,туку зошто токму во мандат на ВМРО е казнет.
    Епа некој мораше,ете затоа.
    Плитко,многу плитко.
    Патем Тинкербел,темава е отворена за дискусија..ама некој едноставно не прифаќа мислење спротивно на неговото,а чим е дискусија..не би се развила ако сите се едногласни.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Баш така...некој мораше,и многу јасно е дека ако биле опозицијата на власт тие немаше да бидат казнети затоа што ги поддржуваат токму нив.Море феминки сите од лична корист го прават тоа а ние тука очите ке си ги извадиме меѓу себе. :)
     
  9. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Читам и се чудам...па аит убаво си кажа...Дека самата власт го обвинуваше Велија за затајување на данок и тоа 5-6 год. наназад. Значи зошто баш сега им текна, мислам дека јас така ја сфатив аит а не зошто баш Вмро-Дпмне? Истото да се случеше и во времето на Сдсм јас пак ќе го имав истото мислење. Значи јас си кажав дека сум А1 бидејќи во оваа држава постои Устав како највисок правен акт,закони, подзаконски акти кои мора да се почитуваат.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ни Чак Норис не може да ги зближи ВМРО и СДСМ.
    Инаку, воопшто не ги поддржувам А1, од за мене оправдани причини.
    Толку. :)
     
    На beached и snegulka21 им се допаѓа ова.
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Eве,кој прати вести на А1..Бранко е гостин во моментов и сите новинари вечерва се културни и фини,му оставаат простор да говори..да,бидејќи Бранко се потпиша дека е А1 и говори се најубаво за телевизијата и Велија.
    А кога беше Груевски,никој не му остави простор да говори,цело време го прекинуваа..бидејќи кажуваше работи кои не им се во прилог на Велија и неговата екипа.
    Е,ептен проѕирно изрежирани сцени.
     
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Не,туку на груевски не му оставија простор затоа што ги избегнуваше прашањата...
     
    На esperanca и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Па и јас да сум новинар од А1 и јас ќе го прекинувам зашто ќе имам многу прашања за да ми стане јасно зашто работам на минус 10 и нема да земам плата месецов.
     
    На snegulka21 и esperanca им се допаѓа ова.
  14. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Одговори на сите прашања,колку што беше во можност од културните новинари на А1.
    Нема потреба од пристрасност,во моментов-стварно.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lora07

    Lora07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Груевски не знаеше ни 2 реченици да склопи само се пенеше и цело време едно исто зборуваше бидејќи ен знееше што да каже....мислам дека од црвенковски треба да научи...човекот знаеше како да одговори ниту еднаш не се збуни..и у право беше човекот што и да се случи во нашата држава се е тој крив иако со неговата партија не се на власт..па тоа и е најлесно на владата вината за состојбата во државата да ја префрла на друг :D
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Да, се Бранко им е крив :^) ...и Бранко ги раководи сите од тутунари до лекари и останато...Во интервју си кажа, штом така викаат дека ја сум водач и влијаам на сите, значи признаваат дека сум способен. :D
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Фала Џули,сега ми разјасна :)
    Патем,мене не ми е крив ни Бранко за ситуацијата.
    Баш за мене Бранко е пример како треба да изгледа еден политичар.
    И не ми ги превртвите зборовите,не зборував ни за Бранко ни за Грујо..туку за загарите на Велија.
    Али ај,тоа им е работа :)
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    ^^ абе сите се исти, покварени души, само за свој интерес гледаат.Без разлика дали е Никола или Бранко,Рајко или Трајко на власт нема да напредуваме.Ке си седиме вака, ке трпиме и ќе ќутиме..
     
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Ако ова се однесува на мене ,моето двоумење не е зошто Велија и Дали ВМРО ,туку зошто сега ,а не лани,или не пред 4-5 години.
    Инаку јас само го напишав својот став и размислување со кое некој можеби ќе се согласи ,а некој не .Јас не сум политички определена и апсолутно не би ми пречеле ни ВМРО ни СДСМ доколку јас можам убаво да живеам,да не се секирам за храна,сметки ,да можам да си дозволам ситни задоволства и најважно да се чувствувам сигурно во својата држава.
     
    На esperanca и beached им се допаѓа ова.