И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Најинтересно ми е тоа што секоја опозиција пред да ја симне другата партија од власт,секогаш ја критикува и кажува како треба да се работи,а кога ќе дојдат апсолутно ништо не менуваат.
    На крајот на краиштата излегува дека сите политичари знаат да бидат паметни само пред и за време на избори, после тоа пу пу не се важи. :D
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Се сум А1 НЕ сум!
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Се сум А1 НЕ сум.
     
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Јас не сум А1 ...јас сум Озбилна... а како би можела да бидам кога не го знам нивниот начин на работа... а и не сум по професија новинар . И да знаете преку глава ми дојдоа двете страни ....за пуста власт што се не се прави во оваа држава . Ако не е Грујо ќе е Бране наш... и пак иста песна . Не тупам мозок за нив... нека го тупат тие кои се платени за тоа . А вие девојки многу сте се напнале , само не е до нас , ситна риба сме..
    А пак Грујо дали знае две реченици да сврзе или не , нема што да се прашувате ... тој ви е...вие народот го избравте. На наредните избори внимавајте.. Бране попретставителен изгледа е , знае човекот нешто да сврзе :) Жаслосно, во оваа држава на се ми мириса ,само не на Европска, е за тоа ќе почекаме .Ај не вредеше да се замарам и така многу нешто труло е ....
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Не се чувствувам компетента да зборувам на вакви теми од проста причина што сеуште не сум ни полнолетна.Со оглед на тоа што немам право ни на глас, џабе ми е да бистрам политика оти само на тоа и ќе си останам..но се сомневам дека и некогаш ќе ме интересираат нешто особено овие теми.
    Крај краева нас само нервозата и препукувањата ќе ни останат, ситуацијата е таква како што е и точно е дека сме ситни риби за да влијаеме нешто повеќе.
    Само ќе си кажам јас не сум А1, ама не сум ни СИТЕЛ ..толку од мене на оваа тема :)
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Реков дека нема повеќе да коментирам во темава, ама морам. Во државава моментално ни се случува една ситуација наречена "Чекајќи го Годо". Да беше Бекет жив, јас лично и персонално ќе се погрижев да не посети, за да види колку успешно успеал да го претстави нашиов народ.

    А1 објавуваат вести за едно, другиве телевизии ја земаат истата тематика а притоа од зелката прават морков, како што милуваше да кажи Владимир. Е такви сме ние, како кога разговараат Владимир и Естрагон, ни едниот знае за што прави муабет, ни другиот, ама битно муабет се прави. А сето тоа зачинето со дуетот Поцко кој за синџири го влече кучето Лаки кое без приговор му ги носи и столиците и капутите и што се уште не (Не се сеќавам добро). А при сето тоа на здрав памет, Лаки оглувува и онемува исто како нашево момче и момиче Македонче, кое при здрави докази се прави слепо и глуво, си носи терет што ниедна вага не може да го измери и си молчи.

    И сите го чекаме Годо... Нема да дојде денеска, ама ќе дојде утре, ако не утре тогаш задутре. Гес уат, за жал Годо не разбравме дека дојде на крајот.

    Цела Македонија се крена на нозе (Мислам тие што не сте Лаки во случајов што го наведов) за ова што се случи со А1, ама битно се донесе законот кој го милува Унгарија, земја со која треба да се огледаме, алал да ни е :muscle: :muscle: .

    Се изгуби човечки живот, а се молат телевизиите да бидат поконкретни и да не бидат пристрастни. Да, да Сител и Канал 5 се најобјективните, најреалните и најсрцки телевизии.

    А да и не се само политичарите ликови од книгава, и нашиов народ е исто така, заради постот кој го наведов порано. Боа пишува за едно и и се реплицира за сосема ш тема, која не е ни битна во темава, ама прашањето кое уште чекам да ми се одговори, никако да ми се даде одговор.

    Сами сме си криви, ние гласаме. А што е уште пожално, нема ни за кого да гласаме. Сето е за никаде. И дајте ве молам радувајте се што уште имаме право да се стрижиме како што сакаме, оти како што ми мириса работава ќе дојдиме на исто дереџе како во една од Азиските земји (не ми текнува точно која) каде што владата со мало в им издаде и фризури по пропис по кои мораат да се држат граѓаните.

    П.С, секоја сличност е случајна, освен онаа која не е.
     
    На LivingGlam, artemis, Fearless и 7 други им се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Проблемот е тоа што луѓето никако да сфатат дека не се работи само за партиски препукувања. Затворањето на еден медиум значи полека но сигурно уништување на демократијата во една држава. Ама не! Кај нас се се гледа низ призмата на партиите. Па така подржувачите на владејачката ни партија, несфаќајќи ги последиците, ќе ракоплескаат на затворање на еден медиум, само и само затоа што тој медиум не делел комплименти на адресата на владата.

    А што ќе се случи ако се затвори А1? Очигледно дека народот ќе го гледа само она што му е сервирано од власта и ќе ракоплеска на секоја фрлена лопата. Но, проблемот не застанува тука. Утре ќе дојдат другите на власт, па ќе почнат со затворање на другите телевизии и се така до недоглед. И наместо да одиме напред, ние уште толку ќе се уназадуваме.

    Слоганот И јас сум А1, јас не го сфаќам само како заземање страна и заштита на медиумот. Кој ќе ми гарантира мене, во ваква држава во каква што живееме,дека утре и јас нема да бидам А1? Ако се оди кон замолчување неистомислениците, ништо чудно утре јас, ти или било кој да се најде во истата ситуација.

    И за крај, убаво напша Спаркс, самите сме си криви. Партиите толку многу им го заматиле умот на македонските граѓани, што за партиските интереси се откажуваат од основните права и слободи.
    Жално, ама вистинито.
     
    На Theodora, artemis, Fearless и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Медиумот не е затворен, блокирана е сметката на која биле префрлани пари од другите фирми на Велија,за што всушност и се товари во моментов.
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Не,Ашлинг ти не разбираш.
    Затворен е медиумот,забрането му е да емитиува програма.
    Незнам кај го гледавте КОГА ЛИСЈАТА ПАЃААТ вечерва.
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Значи, читам, се чудам, пак читам и сеуште се чудам!? :?:
    На оваа држава и треба претставителен Бране за да ја столчи со неговите волчиња, или пак Грујо, за да ја однесе два чекори напред, три назад!? Е малку ни е!

    Патем, да прашам, кај бевте вие драги форумџики, кај бевте вие драги новинари, мили претпоставени, професори, лекари, тутунари, и каде сте на први кога ќе ви пуштат плата? Кај бевте пред две години? Пред три? Кај бевте летоска? По одмори...веројатно...
    И немојте на ова да следува реплика од видот на „ нема редовна плата“, „сите сме невработени“, „ниски се платите“, „не е платен тутунот“, оти од тие муабети ми е преку к**, а сите плаќаме интернет, јадиме што ни се јаде, пиеме што ни се пие! (зборувам за нас, како виртуелно малцинство на форумов).
    Кога на Велија и такви како него му се кратат крилцата, станува збор за уништување на демократијата и слобдата на медиумите! Иначе, не, не, немојте ве молам, се беше розово :fubar:
    И, знаете што, не ми е криво да се бунат оние кои лично и персонално имаат корист од Бранко Црвенкоски, ама што со оние кои од времето после Тито се слепчиња на комунизмот и на кои им е битно да е Бранко, да не е Трајко, Петко, Кољо :worried: Ооој, јадни народе :x
     
    На beached и Stam им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Ask not what your country can do for you, ask what you can do for your country. - J.F.Kennedy

    Ова и нас треба да не замисли...кога веќе се занимаваме сите со бистрење политика.
    Кога се ни се криви Бранко,Станко,Петко итн.
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    А јас пак се чудам на сите оние кои што мислат дека Грујо е нешто подобар од Бранко.
    Иста марка се и двајцата. Јас не видов ништо поарно овие 5 години како Грујо е на власт, ама баш ништо. Нит повеќе вработувања, нит намалување на сиромаштија... И денес се отпуштаат луѓе по партиска основа... И по што тоа е Грујо подобар од Бранко?!?
    Ај да не одам офф топик, сепак темата не е за Бранко и Грујо.

    Онтопик - Ја одмрзнаа сметкака на А1(конечно)! Две од притвореничките се пуштени во куќен притвор.
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Оф сум, се извинувам :wasntme: Боа, тоа го зборувам и јас, ама сега се на власт Груевски и фамилијата, па се бунат оние кои го сакаат Бранко. Затоа го посочив него. Кога ќе биде Бранко на власт, ќе биде обратна ситуација ;) И цело време целам кон тоа дека од ниту една партија не добивме тоа што добија во Германија, Франција, Србија, Хрватска. Нашите устиња знаат само за лепење пред избори, за едните или другите, и пази, за тие дотични да седнат в парламент и да земаат дебеееела плата. Јас, ти, ние им го приуштивме тоа :fubar: Ама демократијата не е демократија кога сме принудени 20 години да правиме рокада на власта и министрите, истите, па истите, па истите. Телевизиите исто, кој нуди, дава пари, тој е „оној кој и требаше на Македонија“ :^) Како и да е...
    И пак ќе речам, секој со своето мислење, никој никому нема да му го докаже спротивното, и точка. И извичник! :D

    Ај и јас малку он топик-не сум баш во тек, не кажаа име на таа што имаше спонтан абортус, нели? Оти нели Кочишки и уште една ги пуштиле еве? :?:
     
  15. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    мене овие од а1 да ми дојдат дома за да им се потпишам има на шутови да ги ваѓам... толку мрдната раја немам видено бре.. не сум за вмро ама овие стварно претераа. никад велија да не излезе од притвор да би
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    И, ете, сите (не) бевме А1 и сега А1-овците си се повторно во студио. Ја добија битката со владата, со судот или со долговите?? Никој не знае која е точната верзија на вистината за сметките на А1! Едно е сигурно, на Велија му порасна рејтингот и тоа мноооогу!!
     
  17. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    еее ЈАС СУМ СИТЕЛ..

    више ништо нема на а1 .. сее расипаа... и вестите ги расипаа, идол 100 пати истото го даваат, сериите ги кратат..

    навистина не беше во ред што им ја блокираа сметката ама веќе овие претераа нон стоп за истотоо..

    aaa и колку ме нервираа една госпоѓа на рекламите кога вика : "без а1 неможам да живеам"
     
  18. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Јас мислам дека телевизииве веќе ни се катастрофа - нема веќе независно новинарство за да гледаме нормални вести,не отепаа со сериски филмови ( луѓе добар филм на тв немам гледано којзнае од кога ) така да не сум ниту за една телевизија јас сум за интернетот :D
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    А бе не само телевизиите или било што, тргнете од луѓето, катастрофа. Не ни ја бива државичката за ништо. Се е катастрофа!
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    А1 е мојот живот
    и на моето семејство
    без а1 не мога!