како не е во ред да им ја блокираат сметката? кога некој прави финасиски малверзации нормално е да му ја блокираат сметката па макар тоа биле и А1.. што се тие поповластени од мене или од тебе? новинариве се понашаат ко да се членови на светска влада а не само новинари повеќето со 6 месечен курс. Господеее
Мене ми е мило што им ја одмрзнаа сметката. Ја сакам А1 како телевизија! Имаат најдобра програма. И ако ви смета тоа што по 4 пати даваат реприза,имате избор,сменете ја програмата!
реприза на што? јас немам видено да даваат реприза од некој филм... а да, можда затоа што од сериите неможат да стигнат на ред да дадат некој саглам филм
Зарем репризи се даваат само на филмови? Поентата ми беше ако ви сметаат репризите на било која емисија ,серија или филм,слободно сменете го каналот. Пуштете на Сител сигурно ќе има некоја југословенска серија или пак Латас ќе држе митинзи Но сега постојат и кабловски,така да изборот ви е голем. Кој нејќе да ја гледа А1,не мора. И доста се жалите ова давале ова не давале.Ти што сакаш си гледаш,со сила никој не те тера!
А исто така и филмови од 1900 година. Еден нов филм немаат дадено. И вестите на А1 ги расипаа, да, ама па вестите на Сител одамна се расипани. Уште кога дојде ВМРО на власт. Кога би бирала помеѓу А1 и Сител, би ја одбрала Канал 5 Шала на страна, би ја одбрала А1, од проста причина што поубава програма имаат од Сител.
да не беше ова : И јас сум А1 на никој ни на крај памет немаше да му текне дека оваа песна ќе стане толку популарна http://www.youtube.com/watch?v=n4RjJKxsamQ btw јас ова го велам : И јас сум ТВ 1000
Дефинитивно ја претераа тие од А1 ...го малтретират и го трујат народот ..па што има сега нас да не замарат со нивната блокирана сметка..нека му се лутат на тој нивниот газда апаш ..крадец крадел крадел и сега кој им е крив...ајде пред влада..епа ајде сите да крадеме да лазжеме и после да провоцираме на тв и д абараме помош од граѓаните бла бла бла...
пак им ја блокираа сметката... Mарионетите на Рамковски повторно се надвор.. неможам да поверувам колку малу достоинство имаат, колку многу ги понижи Рамковски, си праи како сака со нив.. ако случајно се затвори A1 незнам кој од македонските медиуми ќе им даде работа, па сите телевизии по ред ги извреѓаа.. Јас мислам дека наскоро А1 ќе прекине да ги дава турскиве серии за да добијат повеќе подршка од народот.. Спојлер и викам на баба ми: "бабо ќе ја затворале А1".. а таа: "чути да не те чуе лошото.. како ќе живејме без кога лисјата паѓаат"
Не ги прочитав претходните мислење, ама јас НЕ сум А1. Кога ја затворија фабриката во која работеше мајка ми и милион други фирми каде илјадници луѓе останаа без работа, што не излезе некој да собира потписи, смс пораки(од кои повторно го крадат народот и заработуваат пари) и други работи, за стотици луѓе да се вратат на работа? Излезе некој,НЕ!!! Не треба пред влада да идат туку кај газдата и него да го плукаат затоа што тој крадел. Некој чесно работи и заработува за леб, плаќа данок со последните пари само за да нема проблеми со законот, а некој ем сака да краде, ем никој ништо да не му прави. Епа неможе така. Нека си плати сега за сите украдени пари и ако ја затворат А1 нека им даде работа во другите фирми што ги има да го видам. Ама него многу му е гајле за вработените во А1 тој гледа само како да го извлече својот гз. Ама на крај знам дека се ќе се заташка и правда нема да има. А ако нема А1 ич не ми е гајле, па нема да умреме без една телевизија.
Е арно да е само Рамковски апаш...туку се многу повеќе и многу поголеми се оние кои сега прават што сакаат со народов ограничен наш.
Секоја чест за телевизијата. Имаат убава програма, даваат убави серии но незнам како новинарите во А1 дозволија да се политизираат и да ги искривуваат нештата кои икрено не се така и најлошо за еден новинар е кога тој ЛАЖНО ги претставува работите а тоа се новинарите од А1 која не само што почнав да не ја гледам туку почнав и да ја мразам толку ......
Се сложувам со Алек имаа (минато свршено време)најубава програма додека не се иполитизираа и тие и почнаа многу глупости да тресат а и веќе премногу замарат ...наместо да дремат пред влада и да мрзнат на студот нека идат против нивниот газда што гајле му е нему за нив и да останат на улица а тие се погрешно прават кога и да свртам на А1 еве ти пред влада и изговарат такви болештини такви невистини...чудо невидено многу ја замразив таа телевизија
A1 со власта си играат топло-ладно. Ја одмрзнале, ја замрзнале сметката. Ќе им се расипе уш малку. Навистина, имаат добра програма и објективност во пренесување на вестите, ама ја претеруваат со овие спотови кои ги има и со постојано потенцирање како власта е против нив. Ама ајде ние овде си коментираме туку дали сте погледнале на фб на страната И јас сум А!? За тие што не виделе јас да кажам: таму најчесто луѓето изразуваат поддршка и се би било океј ако таму нема деца од 7-8год. Да да...ги нема оние „фреарки„ од 14-15год. (или можеби ги има, ама изгледаат повозрасни на профајл пикчр), туку ги има дечињата кои сега научиле да пишуваат. Јас навистина не разбирам што знаат тие од сметки и тужби и обвиненија....цццццц Ужас! Па и тие биле А1!
Па нормално е дека ќе има добра програма кога нивниот газда е преполн со (украдени) пари, затоа што за да се прават емисии, програми, лиценци за странски шоуа, филмови...сето тоа кошта а нив парите не им се проблем...а за објективност во пренесувањето на вестите-па дај ви се молам откога е дојдена ВМРО на власт една добра работа за нив не кажаа. Од толку многу промени што се направија во државата не се најде ниту еден новинар од многуте што работат таму да каже барем една пофална работа, зар е можно СЕ да не чини? И вам тоа ви личи на објективност? А вработените новинари го користат народот и предизвикуваат паники само затоа што би останале без работа? Па моите родители досега сто фирми сменија, фирми се затвараат секојдневно, луѓе остануваат без работа...само тие се за жалење? Ајде да протестираме пред влада за секоја фирма што ќе се затвори? А тоа што нивната фирма е Медиум го користат максимално и при очи будали не прават. Ме чуди искрено народот што ги подржува. Гледајте си за себе и не дозволувајте да ви мешаат баби и жаби...Не убедуваат дека власта сака да ги затвори оти не ги сакале ма немој одете мали деца да лажете...криминал си е криминал...судството си го врши своето...
Колку ме иритира ова значи. За било што да се деси, тие одма се бранат на картата дека се медиум. Ако се медиум не се Бог и недопирливи. Ако има криминал и им замрзнат сметки (како и при секоја друга истрага) одма дигаат галама дека се медуим и тој потег е удар за демократијата и замолкнување на медиум....што и да направат тие, одправдано е - медум биле. И шо врска има Велија со медиумот, газдата си е под истрага, новинарите нека си тераат. Аман веќе со тој нивни медуим. И тие новинари ако се толку објективни, и да го снема А1, ако они се добри новинари ќе си најдат работа во друг медиум и пак нека си известуваат објективно. А и нивната објективнот е "мижи асан да ти баам" п.с Не ја бранам другата страна, и тие се тешко зло, да не почнувам за тоа....темата е конкретно за овие 70% од луѓето што го подржуват а1 се поради партиска определеност 10% баби и тетки исплашени дека ќе престанат да ја даваат џеврие 10% се дечишта што гледаат покемон и драгонбол и тинејџери што кликаат лајкови секаде 5% се вработени во а1 и нивните другарчиња и останатите 5% се ваљда нормални луѓе што сметаат дека се во право