Веќе не знам што да верувам, дали В. Рамковски стварно направил криминал или сето тоа е масло на владата да ја затвори А1 сега пред изборите за да народот не гледа што се случува во државата и повторно да добие......Веќе три пати им го продужуваат притворот, а докази немаат никакви
Еве и јас да кажам мое мислење за темава ЖИВИ ГЛУПОСТИ Не гледам веќе А1 уште од кога го притворија Велија, затоа што ми се слоши од него...Кај крадел, па уште има лице да се жали дека е неправедно притворен, дека грујо бил против него (само да не ме разберете погрешно, не го сакам ни грујо, ни никој ) А овие новинариштава глупави, не требало за новинарство да учат, туку за глумење...Па колку они биле пожртвувани за својата работа-просто да се чуди човек...Греота тој полицаецот (што, нели, не ја оставаше да работи таа квачката)...Па јас да бев на негово место, ќе ја здробев бре! Јака му душа, само тоа имам да кажам! Сакале да работат...Aма не се сите криви, неколку главни новинари се потплатени од Велија и сега ги наведуваат и другите да се глупираат, а нормално дека овие прифаќаат, зашто, сепак, си го вадат лебот од А1...Ама ми се кога ќе ги видам бре пред влада излегле, као нешо бојкотираат, не знам шо...И еднаш случајно поминував баш пред влада и си се израдував дека ќе ги изнавреѓам поштено, коа глеам си отишле...Се разочарав... И сега се вади Велија дека А1 сакаат да ја затворат, кога всушност, преку неа ги перел сите пари...И нормално дека ќе и ги блокираат сметките...Aма и народов бре, му верува И ај малку офтопик, и сител не се нешто поарни...Заедно со А1 шират омраза и дезинформации, секој си известува како му одговара, една иста вест кај првите е против влада, а кај сител е за грујо... абе бог да чува Ај доста е, ептен напнав и ја веќе
еве сега има на сител Jас не сум а1 не се арни ове бе, сега кампања, потписи против а1 10.000 луѓе се потпишале ебате државата! само тоа ќе кажа,
Многу луѓе направиле криминал во државата и ја опуштошија нооооо пак повеќето не лежат во затвор. Не сум ни за ни против Велија, нити знам што човекот направил, ако сторил криминал во ред нека го казнат, но каде се другиве да ги уапсат што ја уништија државата , не доведоа на просјачки стап! нека некој не ми филозовира дека е заради светскава криза, бидејќи кај нас таа почна многу одамна и трае и трае и траее и ќе трае!
Како ни е на подобро изградена државава не ми е јасно? Со тоа што поскапеа лебот и другите основни прехрамбени продукти, што поскапе бензинот, што ја покачија струјата, што на секој чекор едвај чекаат да ни пишат казна за да се наполни буџетот-а каде е тогаш зголемувањето на платите ако веќе се поскапува и најосновното за живот?! И да А1 сакаат да ја затворат зошто најреално ја прикажува ситуацијата во нашата држава до која не донесе власта!!! И што е ова бесплатно возење во автобус вторник и петок за пензионерите, каде е бесплатен превоз за студентите кои немаат работа и студираат зашто нема за нив бесплатен превоз?!! Каде е правото за слобода на говорот ако го затворат најдобриот медиум во државава, каква демократија е ова? И немојте затајување на данок ова она кога ништо не е докажано?! И беше подобро во времето на Б.Ц, а не сега кога се даваат милиони евра за некакви си споменици, а народов неможе леб да си купи од поскапувања ама власта пре би купила споменици отколку да му овозможи на народот да живее!!!
За почеток, јас ги кажав бисерите на СДСМ што ги лупнаа,ама и ти си ги кажала тука Нафтата поскапува на светските берзи. Владата не ја одредува цената на нафтата. Втора работа. Лебот поскапе зошто иако сме држава која има потенцијал да врши извоз,а не увоз на прехрамбени продукти,ние го правиме спротивното. Слаба заинтересираност и слаб пласман на продуктите. Имаш Фармер на твојава ти омилена телевизија, погледај. Не е стварта само да копаш,да садиш и да ти ги дадат парите на рака. Во сите други држави земјоделството е бизнис,кај нас е само една обична гранка,често потценета, која по некое непишано правило ја(не)развиваат сиромашниот народ. Е да бе најреално. Јас сум убедена дека нема ТВ која реално известува,освен овие локалниве што ги гледаат пензионери со спикерки кои неможат пет збора да прочитаат правилно и се слуша ехо додека зборуваат. А1 и останатите мас медиуми на Велија, еден збор не кажале добар за државава или за некоја инвестиција. Кога и да читам Време или Шпиц,ми иде да заплачам. Па и оние колумнине што ги читам секоја Сабота во Шпиц.. абе како да живееме во Ирак,а не во Македонија. Читам колумна за сиромаштијата на народот,излегувам во чаршија гледам пицнати пички насекаде со брендирана облека на нив. Јас сум за да се пишат казни. Доста е веќе пријатели,ти реков-ми рече. Но,да бидат пониски. Премногу се 500 евра казна за возење без двегодишно искуство доцна навечер. Се согласувам. Башка пензинонериве немаат што да прават,па се гужваат во автобус за џабе, додека некој се мачи да стигне на време или па си доаѓа скапан уморен од работа,па треба уште во автобус да стои зошто пензионериве отишле на шопинг во пазар. Не е докажано? Како не е докажано кога на сметките се откриени бројни неправилности? Кога доаѓа инспекција во фирма,ма и компјутери кријат за да не откријат затаени даноци еден куп. Инспектор ќе те излаже,компјутерот нема. [/quote] као демек со Бранко ние цветавме ?
Не цветавме ни тогаш, ама сега како што тргнало пропаѓаме!!! А мислиш дека сега нема кинење на казни со пријатели?! ха
А гледам дека и ти ги следиш програмите на А1, како фармер а си ги читаш и весничињата а бе сите гледаме А1 да не се залажуваме па кој може без Џеврие
Ашлинг разграничи што е основано сомнение, а што докажување па после коментирај. Убаво ти напишало девојчето дека ништо не е докажано, зошто сеуште не е. Постапката за А1 моментално е во фаза на истрага. Во истрагата се собираат докази, се сослушуваат сведоци, се превземаат сите потребни истражни дејствија. Истрагата е фаза во кривичната постапка во која сеуште нема поднесено обвинение, а ти ми пишуваш дека се е докажано?!? Кога ќе заврши истрагата, обвинителот ќе одлучи дали има или нема место за обвинение врз основа на доказите кои се соберени во истрагата. Ако обвинителот одлучи да поднесе обвинение, тоа автоматски значи дека кривичната постапка е поведена и ќе се определи и закаже главен претрес. Дури на главниот претрес се изведуваат доаказите за пресудата. А кога ќе се донесе пресудата е тоагаш можеш да кажеш дека е докажано! Значи уште еднаш ќе повторам во истрагата се собираат доказите за да се подигне оибвинителен акт, ако има место за тоа. На главен претрес се изведуваат доказите за да се докаже дали тој некој е виновен или не.
Ретко веќе пали кинењето казни преку пријатели. Самите полициски службеници имаат притисок од претпоставените.
Абе можеби нема кинење, ама пак има селективно пишување на казните. Не им се кинат казните на оние со дебели врски, затоа што не им се ни пишуваат
Боа,знаеш ли воопшто зошто ја тужат А1? о.О? И знаеш ли дали ја тужат само инспекторите кои ги нашле неправилностите или и други фирми од кои Велија користеше бројни услуги за лична заработка,а не исплати ниту денар скршен? Знаеш тие фирми колку многу изгубија? Еј,да. Не измислувам, ова го знам зошто блиско ми е. Данокот не може да е некакво сомнение дали е прикриен или не. Тоа е пред да видат во сметките. Но,како и многу случаи тоа ИСТРАГА што го нарекуваш е само пролонгирање на случајот,само затоа што судиите се корумпирани,што е повеќе од очигледно не само кај овој на Велија,туку полно крупни случаи. Упс,заборајв. На правен беше? Океј просветлиме со некои правни постапки. Мислам? Посочи ми ја реченицата каде што те наведов ти да помислиш дека јас сум помислила на тоа.
Ашлинг, Ашлин ти ме читаш ли или не? Уствари ме читаш, ама очигледно не ме разбираш или несакаш да разбереш. А на твоите дијаметрално спротивни и контрадикторни мислења навикнавме. Кога незнаеш како да реплицираш, се губиш, па мешаш и баби и жаби. Ама битно реплицираш, иако тоа нема никаква врска со она што јас сум го напишала. А за ова болдираново да на правен бев, имаш нешто против?!? А да те просветлам за жал неможам, зошто ти очигледно несакаш да се потрудиш да сфатиш нешто, туку секогаш си спремна да удираш со главата во ѕид. И да просветли ме кој ја ТУЖИ А1?!?
Mili28,да ми должи и пријавен е. Боа ова некоја реплика ти е или од стандардните анти-ашлинг аргументирани постови? Кажи ми да знам дали да ти објаснам уште еднаш или да не се мачам воопшто.
Ашлинг, Ашлинг немам јас анти-Ашлинг реплики. Оваа репликата е резултат на твојата реплика. Јас ти објаснив едно, а ти ми мешаш нешто сосема трето, што нема везе со она што јас го напишав. Па затоа и напишав да ми појасниш кој друг ја тужи А1 и како тоа , значи те цитирам ,, не само инспекторите, А1 ја тужат и други фирми,,. Ај објасни ми го тоа што си го напишала.
^ Фирми за транспорт и шпедиција. Не е една, многу се. Го имав кажано ова и во претходни мои коментари. Дотичниот ги користел нивните услуги за увоз на ѓубрето насловено ХЕДИС-производи,за на крај фирмата директно да ја стави под стечај и парите за исплата всушност да пропаднат бидејќи нели фирмата веќе нема пари. Потоа пак да отвори нова фирма, да најде уште една овца за стрижење и повторно да го направи истото. Правник си, прочачкај по законите па види дали е законски едно лице да отвара повеќе фирми истовремено за лични приходи. Никој не ја тужи А1. Ги тужат останатите фирми на Велија кои покрај затаен данок вршеле уште бројни малверзации. А, тоа зошто порано не е откриено и самата добро ја знаеш ситуацијата во нашето судство,каде што иако нашите гомна што секојдневно ги сереме, ни кажуваат дека не постои такво нешто, тие најмногу ги мешаат прстите при (не)решавањето на случаи. гомна=политичари.