Ашлинг се префрлаш од една тема на друга. Ај сега вака, да се разбереме, за да не речеш после дека пак тенденциозно пишувам. Темата е за А1. Ти си напишала дека се е докажано, јас ти напишав дека сеуште ништо не е докажано, зошто постапката сеуште не е официјално поведена т.е сеуште е во фаза на истрага. Е сега ти ми мешаш други фирми и други постапки очигледно. Ај те молам појасни ми, кој кого тужи, во посебна или иста постапка со онаа за А1, зошто стварно не си ми јасна. Претходно ми напиша дека Велија бил тужен од инспекторите и од друѓи луѓе. Ти побарав објаснување зошто инспекторите не тужат, тие работат по службена должност во случајот. Па затоа сега појасни ми, за кој фирми пишуваш, кој ги тужи или тие тужат, дали тоа е иста постапка со пајажина т.е со фирмите од Перо наков, ако не е дали таа постапка е завршена и слични ствари.
Значи темата е за А1. Да. Но, она што повеќето не го знаат е за што всушност го тужат ВЕЛИЈА, НЕ А1. И тука доаѓаат тие коментари кои се офтопик исто колку и моите во моментов. Тоа со истрагата и јас ти го кажав. Тоа твоето собирање докази и незнам ти што е пролонгирање на случајот,дали од страната на Велија или спротивната не знам, исто како и ти што не знаеш. Строгоста од двете страни нејќе да попушти. Ти кажав кој кого тужи Првиот дел од мојата реплика прочитај го. Убаво е објаснат.
Сакаш да кажеш дека и тоа спаѓа во случајот Пајажина? Епа ако е така, Ашлинг, тогаш убаво сум ти напишала, дека сеуште ништо не е докажано, зошто не е. А овие убедувања за истрагата не ти држат вода зошто, ИСТРАГАТА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗА ДЕЛА ЗА КОИ Е ПРОПИШАНА КАЗНА ЗАТВОР НАД 3 ГОДИНИ. Можеби истрагата ја пролонгираат, но тоа пролонгирање е само затоа што неможат да се соберат доволно докази и тоа пролонгирање е на штета на Велија и компанијата, зошто тие се во притвор. Ееее да имаа до сега соберено докази кои се доволни за да ги осудат, стопати ќе поднесеа обвинение. Ама за жал, очигледно е дека немаат доволно докази. Значи јас не велам дека Велија не правел криминал, ти пишувам дека за да му пресудиш на некој дека е криминалец, потребно е да имаш цврсти докази, кој треба да ги изведеш на главниот претрес. Јас би ти препорачала да го прочиташ Законот за кривична постапка, ќе ти се разјансат многу работи верувам.
Ашлинг правиш лаички и чаршиски муабети. Кога немаш аргумент се вадиш и бегаш во друга насока, се фаќаш за сламки како некој давеник. Се со цел за да излезеш дека си во право. А далеку од тоа дека ти се јасни работите. А кога веќе немаш излез и немаш веќе што да напишеш, зошто факт е дека неможеш да си го одбраниш мислењето, дискусијата ја завршуваш со иронични коментари, во стилот демек несакаш повеќе да се расправаш, а уствари, незнаеш што понатаму да напишеш. Да седнеш да си ги препрочиташ коментарите, тешко дека и ти самата ќе разбереш што си сакала да кажеш, зошто имаш толку многу контрадикторности и толку многу бегање од теми Ова мислење не ми е стекнато само од оваа тема. Во икс теми сум те читала, со икс форумџики и секаде истата песна. И да, ако ти е некоја лична сатисфакција да стекнеме мислење дека пишуваш Аргументирани мислења, еве(да ти го задоволам егото), ќе ти кажам БРАВО АШЛИНГ , СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ВАКА АРГУМЕНТИРАНИ И ИЗДРЖАНИ МИСЛЕЊА. И да мојата дискусија со тебе завршува тука. Остани ми поздравена
^ Оуу ама напињаш! Фала што ме пофали. Инаку не се ни трудам веќе да ти објаснам или читаш и недочитуваш или стварно тешко на клиентот кој ќе ти тропне на врата. Зошто воопшто истото да го пишам,кога знаев дека и онака дискусијата ќе си ја свртиш во насока која пати од комплекс на виша вредност? *Нареден пат реплицирај ми кога ќе ја знаеш ситуацијата правилна,а не она што ќе ти го сервира А1 на тацна.
Абе ти напишав веќе најдобра си, немаш потреба веќе да се трудиш со коментариве. Еве ти се поклонувам А за болдираново да се надеваме дека нема да се расправам со вакви клиенти, инаку тешко мене
Па богами и треба welcome to the real world http://www.youtube.com/watch?v=ZAHuN5RqoDk Опушти се мала со видеово. (не)Се надевам дека ќе го сфатиш,ама гледај го. Поучно е.
Ашлинг па зашто не ја викенш сител тв изјава да дадеш дека и тебе те покрал, па може и ке најдат докази за тоа
Ајде не ми го дрви многу молим те. Ти ако си СДСМ,немој мене да ме боиш партиски само затоа што имам причина да плукам по некој од кој трпам последици. Биди ми поздравена *тард -.-
Ар ју океј, мај лејдис? Не верувам дека А1 директно те загрозила Ашлинг за да плукаш по неа и по некоја си партија. Насловов на темава нема врска мислам со лични фрустрации, не?
^ Драга, го плукам Велија од лични причини. А1 ја плукам затоа што шири Албанска пропаганда заедно со Имер Селмани,каде што заедно со дотичниот Велија кој Македонија сакал да има слободни граници со Бугарија,Грција,Србија,Албанија и ТЕТОВО! Не ми мешај фирма со лице. Шо се мени тиче, ме заболе за тоа кој бил А1,кој Сител. Двете телевизии кога ќе ги споиш во едно ја добиваш реалната слика за Македонија.
Имаме национална телевизија (државна де, што ја плаќаме сите) на јазици на малцинствата за која никој не се замара каква пропаганда шири. Имаме друга телевизија, исто на ниво на цела држава која никој не се замара каква пропаганда шири, а е на јазик на националноста што ја спомна ти. Да не ти мешам фирма со лице? Ти си имала против Велија нешто ЛИЧНО. Не против телевизијата. Значи против лицето, не против фирмата - значи ти мешаш. Не верувам дека со пропагандата на телевизијата што ја наведе имаш нешто лично. Ако постои таква пропаганда, тогаш е против твојата националност.
Само ќе цитирам едно мислење кое го сретнав на еден друг форум и со кое потполно се согласувам!! ---Гледам на ТВ, читам по весници... некако не ми е јасно... сега за каква поддршка станува збор...? за каква слобода на говорот станува збор...? па јас како што гледам телевизијата си работи... никој не им брани да кажуваат што мислат... и да зборуваат за било која тема... колку сакаат... напротив, не бомбардираат со вести кои се очигледно настроени против власта... идејата да се даде политичка конотација на апсењето на нивниот газда е повеќе од очигледна...--- И малите деца знаат дека Велија заедно со цела багра се вршители на нелегални работи. Ааа и башка само еден линк http://kurir.mk/makedonija/vesti/10981- ... d-Vikiliks И сега што друго да кажам??? Не сум од никоја политичка партија , гајле ми е кој е на власт сите се исти ама етеее барем на некој му текна да го успори малце човеков....
Види вака. Ти ми мешаш права на Албанци со пропаганда. Дали ти е тебе логично воопшто во твоја држава некој на телевизија да има програма каде што ќе шири пропаганда за создавање голема Албанија? Ако ти е свака ти част,мене не ми е и не го прифаќам. И не сум А1. За крај "НЕКОЈ" е лице, "НЕШТО" е предмет/фирма како сакаш наречи го.
Ова е твој муабет, а сама ги мешаш. Проблемот е што не разликуваш пропаганда на телевизијата, со платена политичка пропаганда.
Е ова се вика култура на ниво, па најде тука ти да кажуваш што, кој, како направил. Прво среди си го речникот кој by the way ти е на многу ниско ниво или го сведуваш на минимум кога незнаеш и немаш што да одговориш! Основна култура Ашлинг прво, после докажувај се на други полиња. Поздрав
Ах бе златно. Не беше платена, никаде не пишеше. Си гледала ли воопшто "Меѓу народот" или онака само ми реплицираш? Фала што се грижиш толку за мојот речник. Едноставно алергична сум на тардови и навистина ми е мака да дискутирам со некои за кои нема поента ни самата дискусија пошо се нели паметни. На тоа што всушност и ти реплицирав obviously? И после да сум била покултурна. Ах бее