Јас само ти пишав да ја викнеш сител тв, а ако ти според тоа се чувствуваш партиски определена незнам што да ти кажам, па викни ги А1 тогаш ама па нели Велија не го сакаш, затоа ти викам сител викни ги, а ти одма партиски сама си се определуваш! А да имаше речник драга моја немаше да користиш навредливи зборови, ама тоа е кога неможеш на друг начин удри со навреди најлесно е така да се испукаш. Ти посакувам пријатна вечер...секако со програмата на А1
Ја читам темава и се чудам.....речиси пола мислења во неа се однесуваат на тоа која форумџика каков речник имала . А Велија не мора да дава толку пари за да го плати М. Вујиќ како адвокат, може да си најде доволно адвокати и овде, и тоа за многу помали пари . "Кој ја мати водата на коњите?"-That is the question. Како што кажаа неколку форумџики неколку страни понапред, јас не сум А1, не сум Сител ниту која друга ТВ, јас сум Стела. Размислувам со своја глава и не дозволувам да ми мачкаат очи ниту со маченички патетики, ниту со еуфорична розева (не)реалност! Објективно новинарство во Македонија, тоа е одличен пример за мисловен, апстрактен поим!
Јас мора да си кажам нешто што ме изнасмеја Син ми ме прашува „Мамо, дали и јас сум А1?“ Јас му кажувам „Не, злато, не си“, а тој мене „Па зошто оние на телевизија викаат „И јас сум А1?“. Зошто тие се, а јас не сум?“ Мислам...
Јас сум секој да плака данок на државата кој е крив ке си одговара, но не и по шеријатско право , туку со позитивна правна регулатива и почитување на законите и целата судска постапка, па ние ги осудивме сите вклучувајки ја и А1 пред време. Кај нас пресумцијата на невиност е само мртво слово на папир, а мерката притвор за обезбедување на сведоци е казнена мерка , наместо мерка за обезбедување. Сакам само да има правна држава и толку а кој е крив нека лежи затвор.
ја читам темава и се чудам... сите само се навредувате и партиски се обојувате а Велија крадел од сите нас и така си станал богат. Наместо сите тоа да го осудиме ние одма партиски се обојуваме.Во Америка се важни две работи кој чоек мора да ги направи едната е да умри а другата да плати данок.. Плаќањето данок е една од најважните работи за да опстои една држава. убаво му било него ние сни плаќале данок купуваќиги неговите производи а тој не и го префрлал данокот на државата. Велија не ја укради државата туку нас. п.с Данокот секогаш го плаќа крајниот потрошувач зошто е вклучен во цената на производот а не го плаќаат фирмите.
Страшна е таа посветеност, на толпа јадни и напатени новинари, што работат за цели 10 илјадарки, а уз пат едно брдо тужби ќе си нарамат за нивните безпристрасни коментари и текстови, али БЕЗприСТРАСНИ колку и ѕех-от со првата ти и највелика љубов.. Жал ми единствено за нив, бидејќи и што друго можат да направат во држава во која само академскиот граѓанин работи за плата од вошливи 200 евра ИФ ЈУ ХЕВ ЛАК дед ис. Знаеш, како во вицот за Македонецот што живее во Германија па си го пратил сина си да поднаучи што е тоа живот во родната му грутка и тоа не кај други туку кај родбињето му. Па, се убедувале тој и братучед му за платата на синот Македон-Немец, бидејќи таткото сакал син му да работи за помала и од 250 евра плата, на што братучедчево морало да му признае на загрижениот родител дека син му ќе мора да има диплома од фах за да го вработи за помала од 200 евра плата.
Се гледа дека ова е чиста одмазда на владата за Велија бидејки а1 е телевизија која ја критизира власта и открива секакви работи кои очигледно г-динот Груевски такозвани Гвујо, не сака да бидат познати на народот. Прво и прво ако а1 телевизија имала неплатен данок инспекцијата е должна да (законски) даде рок за измерување на истиот а не право во затвор и кој треба и кој не треба. И оноа копилето кој "не бил а1 бидејки плакал данок" се виде колку плакал... И едно нешто не ми е јасно, како можат да спијат мирно кога невин човечки живот е изгубен заради нив? (зборувам за нероденото дете) Пууу не им е срам!!! Сето ова можеше да помине и со домашен притвор барем за бремената жена!!! ѓубриња. И овој нашиот ни македонски народ каде гледа бе? Ако го изгласат пак грујо да даде господ аир да не видат цел живот!!! Спојлер можеби заклучивте како сум политички определена, и баш ми е гајле нема да го кријам тоа
откриени се 14 дела мислам ви се молам дали вреди воопшто да се коментира на темата незнам зошто уште овај народ верува во луѓе како Велија Рамковски апсурдно а што сакаат затвор со 5 ѕвезди ви се молам на кратко речено ШТО СИ ДРОБЕЛЕ ТОА НЕКА СИ СРКАТ има суд во ова држава има правда и Никола Груевски постојано го плукаат и критиковаат него и неговата влада него и неговата работа тој што се погрижи таа правда да излези на виделина А1 ја кажува само вистината а другите медиуми сите измислуват информации или на ливче си пишат дома што ќе кажат пред камера смешно па редно беше да се откријат нивните'поштени работи' и ми се смачи од нивните кукачки исфилмани реклами мислам ги потекоја гледачите сега му се лоши во затворот имаат здраствени проблеми тоа постојано го потенцираат собираат сожалување од народот а не им се лошеше кога ги дрпаја парите кога си ги полнеа смеките мрш онаму све што заслужија нека си добијат...
Јас мислам дека ако изгуби нема да биде крива ниту А1 телевизија ниту еден друг медиум.Ќе си биде крив тој самиот и неговите постапки.Со неговите постапки народот изгубил доверба па престанал да гласа за него,а не заради А1. Јас еднаш се изјаснав дека сум за Груевски ради лични причини така што ако изгуби ќе биде тешко за мене,затоа сакам да победи. Сепак да не забегуваме,темата не е за Груевски него за А1 што во ниеден случај не ја оправдувам.Претераа до максимум,ем шуто ем боде.Нека го видат прво газдата какво ѓубре им е па после нека коментираат за другите,демек неправедно е во затвор,глупости! Само ми е жал за новинарите,се смрзнуваа додека беше ладно за еден Рамковски кога во нив има потенцијал да се вработат во други телевизии.
не сум за никоја партија со членска книшка определена,ама овие а1 претераа нели не се за сдсм што туку напаѓаат владата на груевски та владатат на груевски ме отечија и мене и целиот народ,велија велија,компанија на велија 3 4 месеци само тоа и сега??? опп??? излезе се на виделина, па нормално дека треба време за да се дознае цел случај, сега што си дробеле тоа нека сркаат, па лошо му било во затворот а кога го полнеше џебчето тогаш не ти беше лошо, со фирми што не се во функција колку да стојат во регистар луѓето плаќаат по 6000ден данок, тој полн пари паметен се правел,и веќе аман ми е од нив стисни лајк та стисни лајк се молат како кучиња! може не се праведни во некои погледи вмро ама во никој случај не сум за а1, дробеа дробеа се молеа сега ќе ги видеме за некој месец од кај ќе водат вести и што ќе им биде на репертоар дали ќе ги прикажат велија и компанија со крадените пари и неплаќањето на данок, со отворање на фирми на нелегален начин, ќе кажат межеби икаде е син му? пребега,ако е прав зошто не си седе дома???
Не, никако! А1 беше најпопуларната телевизија и веројатно ќе остане таква. Долго време беше водечка, од аспект на вестите, кои ги прикажуваа и како медиум, тие беа главните што го креира јавното мислење во државата. Но, скандалот со газда Велија, колку што му наштети на Грујо, толку и наштети и на телевизијата, на нејзиниот углед. Прво, оние што и можеби начуле за мучките на газда Велија, а не биле сигурни сега, им се потврдија сомнежите. Второ, оние кои и немаа претстава за газда Велија како таков, сега тие тоа го разбраа. Трето, оние кои што ги ценеа новинарите на А1 и ги сметаа дека се тоа најобјективните новинари во фелата, дека нивните вести се најточните, најпрецизните и секогаш засновани на проверени факти, после целата оваа кампања нивна... оф мори мајко (која и ја разбирам донекаде, поради се она кое што некаде погоре го наведов). Но, како и да е, кога си новинар, имаш определени должности кон професијата која ја претставуваш, исто онака како што и лекарот... истото важи и за новинарот - да е аполитичен, секогаш со проверени информации, вестите што ги пласира да доаѓаат од повеќе извори, поткрепени со факти... а не празно тресење слама и мижење. Дека рејтингот на Грујо паѓа и ќе паѓа поради случајот да. Колку, како што и јас немам претстава, бидејќи многу, многу и не им верувам на анкетите на нашиве тинк-тенг организации. Но, единствена причина поради која Грујо би изгубил на избори би било, обединета опозиција... што, пак мене некако се потешко ми се чини дека ќе се случи (освен ако се опаметат сите што и не ми е па и некој мити избор искрено ), бидејќи сите се раскарани меѓу себе ко кучиња, мачиња и глувци. Работата е дали кучето ќе се спои со повеќе глувци, па мачето да биде принудено да не остане само без да го играат и оно да си легне на брашното. А, друго прашање е пак, колку таквата влада ќе опстои.
откриени се дела.... ако некој направил криминал нека одговара,сите сме за тоа,никој не е против. она што ме плаши е што на секој што ке се побуни,критикува а има маса народ позади себе,одма му откриваат дело..на млекарот душко му открија канабис у нивата.произведувал дрога.. .на водачот на тутунарите му открија силување..(изгледа не можеле да му најдат ништо во домот ни во нивата па му пришиле силување)...како луге што немале претходно никаков проблем со законот,одеднашка штом ке проговорат на телевизија против владата, стануваат криминалци??им претресуваат по домовите без причина,во обид да пронајдат нешто за кое би можеле да ги обвинат.зарем не е тоа правење притисок,замолчување. зарем со тоа полека не се претвораме во држава во која не е пожелно да го кажеш своето мислење на глас,во телевизија,во весник,зошто можеш да си го окркаш убаво..каква демократија е тоа?
овде се зборува конкретно за случајот на А1 го спомнав Никола Груевски бидејќи нивните вести не се состојат од ништо друго освен од плукање и оцрнување на владата а конкретно ако зборуваме за политичарите да не почнам да именувам кој на овај ако му се потребни 5 години да плати тоа што здрешил на другите нема да му стигни животот да ги отплатат грешките кои ги направиле спрема народот и неправдите...
Десничарско-социјалистичка, со мали примеси на капиталистичко-моноцентристичка идеологија.. е сега можни се варијации но главно се движат горе-долу , лево-десно...