И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    да да, горе-долу,лево-десно, му го спопикаа на народот :D а тој кутриот офка,ама не од задоволство,туку од сиромаштија :)
    и за време комунизам беше едноумие и не смееше да се збори против власта,ама барем народот убаво живееше,имаше добар стандард,и немаше потреба да се буни..а сега?? почна по којтенери да збира..тики ајде да не должам многу,да не ми се закачи некоја вжештена главичка па да треба да се расправам. ;)
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    [/quote]
    овде се зборува конкретно за случајот на А1 го спомнав Никола Груевски бидејќи нивните вести не се состојат од ништо друго освен од плукање и оцрнување на владата а конкретно ако зборуваме за политичарите да не почнам да именувам кој на овај ако му се потребни 5 години да плати тоа што здрешил на другите нема да му стигни животот да ги отплатат грешките кои ги направиле спрема народот и неправдите...[/quote]

    Факт е дека кој и да биде на власт секогаш ке има некој кој ке пати. Како што од предходната власт имаше луге кои патеа така има и од оваа власт, јас сум "обоена" и во мојот град во кој има најниска стапка на невработеност јас, 20 годишна образована личност неможам да најдам работа. А многу јасно ми рекоа повеке луге, извади си црвена книшка и имаш работа. Пусто срце не ми дава. Тоа е, за некој мајка за некој макеа. :) како и да е кој и да биде на власт ке има само за нив 10 луге убав живот. Ке си останеме ние со кавгите а тие со парите. :D
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Смири се се брукаш. Секој кој го брани Велија и се вади на тоа дека ради одмазда е уапсен, е или многу глуп или има богата фантазија.Да сака владата да казни некој ради одмазда ќе му најде во секој момент нешто незаконско како што сдсм и наоѓаа на сител на времето.Казни ги за ова, казни ги за она, но тука милиони се во прашање неплатен данок, организиран криминал... И немој со патетики, бремени жени да спомнуваш...за неа не коментирам, а сите други хронично болни испаднаа...зошто не се разболеа додека користеа украдени пари него сега сите болни во домашен притвор сакале...почекајте, може и ќе добиете...секој нека си одговара за стореното. И засрами се што колнеш како стара жена!
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    Срце смири се ти! јас во времево на господинот Груевски сум видела многу лошо бидејки моите родители беа избркани од работа веднаш штом тој дојде на власт. Со двајца студенти и ниеден вработен знаеш како се излегува на крај?? Претпоставувам НЕ затоа замолчи, тоа е мојот став и го бранам и ни ти ни никој друг неможе да ме убеди дека она што и се случува на а1 не е чиста политика. А некој да мисли дека градењето споменици и проектот скопје 2014 е многу побитно од невработеноста, тогаш многу е јасно дека станува збор за ПЕРЕЊЕ ПАРИ и не му одговара тие работи телевизијата а1 да и ги открива на народот. Тука престанува мојата дебата по ова прашање мојот став е повеке од јасен, секој кој мисли поинаку од мене, негово право...
    п.с. Можеби да не ми ги избркаа родителите од работа ке немаше да чувствувам таква омраза ама ова се зборови на 20 годишна девојка што има поминато низ сито и решето за многу кратко време. Мојот главен проблем потекнува од политиката на нашата Земја.
    Сите го напагате Велија Рамковски и телевизијата а1 а 8 часот се ближи, ке почнат лисјата пак сите ке бидете нацртени пред екраните ;)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    хахаха ма каква црна сиромаштија, глупостииии ! све си имаме.. :?: да, бе да :lol:
    Него, еј сега, Триумфалната порта коа ќе ни ја направат у Скопје, ма има прва да отидам дотерана таму у фустанот од матурата ми.. осечачу се као дама из Париза :rofl:
    Туку, без караници девојки. Не вреди ради Грујо и Бранко и на ними сличните да си расипувате ден баш на Фемина при тоа бе да си се карате... не вие ќе ја зимате нивната плата, нити пак вашите родители. А, дал е СДСМ дал е ВМРО, па и едните и другите ти се исто с***е, различно паковање !!!
     
    На lolyta777 и creshicka им се допаѓа ова.
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    zhap4e,кога ке биде капијата чекај ме идеме заедно :D ја ке го облечам фустанот од апсолвентска,ама и фризури ке си напраиме нели,шминка ова она да бидеме ептем дами из париза :D па ко ке прошетаме покрај споменикот на александар,фонтаните абе рајски убавиниии.. ке заборавам дека сум невработена професорка која мора да работи како продавачка затоа што не е партиско полтронче и роднина на некој функционер..лелеее шо убаво ке си поминеме zhap4e уште сега се радувам :D
     
    На zhap4e и lolyta777 им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Баш ме интересира кога веќе ја одведовме темава во овој правец, да го слушнам мислењето на Мскорпионка во врска со документите од фамозниот проект Скопје 2014 што исчезнаа мистериозно. И ако не те мрзи сакам конкретен одговор, да не ме напаѓаш дека гледам и слушам вести само на А1 па оттаму сум дознала, пошто доволно сум информирана и пратам вести насекаде (само не на Сител). И ако може да ми одговориш во веќе постоечката тема за Скопје 2014, за да не ја тераме оваа оф топик. Ете, конкретно за тоа ме интересира. Зарем тоа не е криминал, и тоа дикректно крадење од ДРЖАВНИОТ буџет? Тебе те повикувам затоа што ти реагираш одбранбено на секој што ќе покаже аргументиран став против вмро. Па ако бидеш љубезна чекам одговор.
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.968
    :rofl: :rofl: Се гледа колку си упатена.
    Сител е секогаш со власта. Знае Ѕинго како да си го заштити гзот. Кога дозволи социалистичка партија да оди во коалција со националистичка, јасно е ко ден колку голема е неговата желба за власт.
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Ајде еве еден апел до сите феминки кои се ЗА присуство пред Триумфалната капија...Доаѓам и јас дефинитивно...дипломиран правник невработен, без партиска книшка од ниту една партија (може тоа ми е грешката :?: ), без афторитетни роднини и пријатели, дефинитивно доаѓам...
    А штикла 12-ка нели за да гледаме поубаво како се сече лентата, тешко дека ќе најдеме место во првите редови.. :lol:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    сдп темата е И ЈАС СУМ А1 или триумфална капија? се коментира за телевизијата и за грабежот а не за спонемиците и капиите, а најмалку за штиклите и за фризурите!
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Како прво темата е а1 а Скопје 2014 е друга тема. Друго искрено не сум запозната со ова но претпоставувам од каде си ти запозната. Доколку ги прегледаш моите коментари во политика ќе видиш дека никогаш не сум зборувала за сдсм од типот рекла казала.Такви чаршиски муабети во стилот овој украл од овој проект, оној украл од не знам каде има колку ти душа сака и за едните и за другите. Само јас не сум бајче па да се вжештувам за секоја информација што ќе ја слушнам. ако некој има сомнение за криминал фино лепо нека си поведе постапка, нека си оди по правен пат да си бара правда...па после можеш да ме прашаш што мислам за исчезнати документи...затоа што во оваа тема зборуваме за конкретен случај, не се работи за измислици од потплатени новинари...
     
  12. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    lina24,е добро де,малце скршнавме од темата,се нашаливме малце,немој па ти да се тепаш одма.. :D
    ако треба да се бришат мислења,има модератори,си ја знаат работата,ке си ја завршат..
    а шо се тиче исчезнатите документи од проектот 2014,тоа не се измислици на потплатени новинари,туку вистина се случи.самата министерка за култура си призна јавно на телевизија дека има исчезнати документи.и беше пренесувано на сите телевизии,не само на а1..или можда и направиле фотомонтажа? :D
    и да се навратиме на темата за телевизијата,јасно е како бел ден дека случајов е намонтиран и дека обвинетите ги осудија уште со самиот почеток на истрагата.не велам дека немало никаков криминал,јас како аутсајдер неможам тоа да го знам,ниту сум поврзана со а1 тв по било кој начин(освен како гледач),ниту пак со обвинителството, мегутоа очигледно е дека на обвинетите не им се овозможува фер истрага и фер судење,туку се иде кон тоа да се осудат по секоја цена..обвинението го напишаа уште пред да биде завршена истрагата.сумите за кои ги обвинуваат ги мењаваа од ден во ден..еднаш беа 3 милиона па 4 милиона,па 9 милиона,па два милиона...незнам дали на обвинителите не им иде математика или шо е проблемот? :D
    мислам дека и на малите деца им е јасно дека нешто нештима во овој процес..сигурно некој ке одговара за тоа,сега кој ке биде судии,истражни судии,обвинителот ли,незнам кој,ама некој сигурно ке поднесе одговорност..
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Еве јас знам кој ќе одгавара...обвинетите и никој друг (уствари не знам али од срце се надевам) 8)
    Монтиран случај :rock: Јавна тајна беше уште одамна, дека Велија е криминалец заштитен од тогашната власт (сдсм)
    За милионите - па не се малку да се избројат се прават грешки луѓе сме-да крадел помалку можеби немало да се мачат толку :D
    А за министеркава велиш излезе и кажа дека исчезнале документи...да не кажа отворено и дека самите ги затаиле документите за да стават некој денар во џеб? Бравос сама си извршила самоубиство...
     
  14. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    да,излезе и сама кажа дека се изчезнати документи,и тоа се пренесуваше на сите телевизии.сега ти ако не гледаш вести и не си видела шо да ти праам :D а ваму се правиш дека многу пратиш политика демек..или ти само по весниците беше а по телевизија не.. :D ако не ми веруваш мене прашај кого сакаш,прашај и во партијата ти ке ти кажат.
    е сеа нормално дека нема да рече ние си ги земавме парите,ние ги изгоревме документите кој е будала да го направи тоа,нормално дека некој друг од надвор им го направил тоа,или пак мистериозно изчезнале..
    тики доста отидов јас на работа..имам и попаметна работа него да се заминавам со тебе скорпионче мое мило :* :D
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски

    их драга моја зар се сомневаш во убавиот провод низ Скопјево... без гајле за работата јас ќе те честам од мојата голема плата, чунки... ние со мастер имаме некако по ксмет веројатно, па, понекад и неволонтерски си поработуваме :lol: и Лолитката со 7ци ја вклучуваме и да не бидам оф топик да не се жалите и пред Влада ќе поминеме баш во време на вестите на А1... па и ние сме А1 и ние сме за слобода на говорот... :x
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    11.054
    Пол:
    Женски
    Дај ве молам малку настрана од политиката.Одговорете ми зошто да бидам А1,дали воопшто сте се запрашале што и прави А1 на нашата држава?Јас овде сум израснала,исто и моите најдраги,државава ми значи нешто,како може да ја напаѓа некој воопшто?Прашањето ми беше,што и прави А1 на државава?Тотален линч драги мои,тотален линч! Како би се чувствувал странец доколку би ги гледал вестите на А1?Пример,странец се наоѓа во Македонија и слуша вести на А1.Веројатно ќе се почувствува дека се наоѓа на минско поле,грдо поле кое во секој момент ќе го снема.Вашата драга ем ценета А1 нема кажано барем ЕДНА позитивна вест во последните неколку месеци.Не мора да е поврзана со политика,нека биде со било што,барем да е убава...
    Како може да ви е убаво додека ги пратите вестите на а1?Не живееме во сјајна држава,напротив,ситуацијата е мнооогу лоша овде=факт,но тоа не значи дека сме еквиваленција со Етиопија,нели?Каква е таа македонска телевизија што ја осакатува државата?Јас барам една убава вест од А1 и ќе престанам да зборувам за ова.
    Пробувам да бидам објективна,да не заземам ставови ниту политички бои.Пробувам да зборувам од аспект на новостите што ги соопштува А1.Не се срамам да кажам дека си ја сакам државава и глупо ми е да гледам дека А1 пробува да ги истакне нејзините негативности,ама онака баш сите па дури и тие што не постоат.
     
    На al-vik и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    :bow: се согласувам за тоа со тебе :lol: умеат и сивото да го направат црно, а од црното уште поцрно да му извадат, и богами умеат да го погодат моментот кога не му е времето :) знам како се прават вести :x фала богу не правам повеќе :)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Јавно извинување за офф топик...не се нервирај толку ;)
     
  19. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Како тоа мислиш дека фирмите неплаќаат данок??? Само да се кажело нешто[/quotпа фирмите на Велија се обвиинети дека не плаќаат данок ако не .. изгледа не сте доволно информирани
     
  20. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    не знам колку све информирани ама овај прекшок да беше во друга држава немаше да постои повеќе а1 и судот го одредува притворот а не владата или премиерот кој и да е на влас. прочитајте малце која институција што ингеренции има