Велија пред да ја одвори тва1 садеше тутун во дебрештај. после доби помош за тв и наместо да ги потроши на тв тој се впетка со бизнис за продажба на копани... и таму имаше несто матно во тој бизнис... а белуѓр кој се збогатил за толку кратко време а да не украл од државата.е сега го фатија тоа е нека се помири и нека лежи
Да ингеренции има судот, на тоа алудираш. Ама прочитај малце кој ги именува и разрешува судиите и кој е член во Судски совет. Судството не може да биде независно кога Министерот за правда е член во Судскиот совет и одлучува за избори, именувања и разрешувања на судии, одлучува за дисциплински постапки на судии. Судството не може да биде независно кога Министерот за правда е член на Советот за јавни обвинители и учествува во изборот именувањето и разрешувањето на јавните обвинители. Сума сумарум, целото судство е под контрола на оние кои се на власт. Типичен пример е случајот со судиката Виолета Дума, со претседателот на Апелациониот суд во Скопје и многу други случаи во кои судии биле разрешени само затоа што не постапиле по налог некој од горе. Судиите се под притисок на власта тоа е факт. Тоа само слеп не може да го види.
А што не се погрижи тој да излезе на виделина и нешто за ТВ Сител или Канал 5? Велија имал, Велија крадел. А Ѕинго не крадел? Него парите од небо му паѓале. Еееееее бре партиски обоени мислења
Колку е убаво сите да си ги оставиме да крадат и да спијат во милиони,само затоа што неправедно е еден од нив да заврши зад решетки. Ма,што се секирате вие,ко ќе дојди Бране на власт, ко ќе ја подбери Сител и Канал5...
па очигледно сител и канал 5 не ја претерале со полнење на сметките касите и џебовите а овие ги поминале границите а се разбира нивните гадни работи нема сами да ги извадат на виделина туку за тоа мора да се погрижи некој друг не зборуваме овде кој во која партија е обоен пак ќе пофторам конкретно случајот А1 е случајот е откриен а понатаму ќе го води судот и ќе видиме кој дела се направени а кој не добро е што и во судовите се спроведуваат нови реформи за да се исчистат судиите кој поголем дел се корумпирани и знаеме како судат а и по колку време излегуваат делата на виделина (не умри коњу до зелена трева )работата како и да е ќе му се суди и пресуди ако има правда во оваа држава
^ Секоја мафија ги контролира највлијателните медиуми во која било држава -.- Не се само Ѕинго или Велија.
Епа кој бе Миме треба да се погрижи за нив а? Јас, ти или надлежните органи? И зошто надлежните органи не се позанимаваат со Сител и Канал 5 како што се занимаваат со А1? Си напишала дека Сител и Канал 5 не ја претерале си полнење на џебовите Незнам баш дали не ја претерале, ама битно и тие полнеле џебови така? Епа што не одговараат? И пак доаѓаме до истото. Не е проблемот кој претерал со крадење, а кој не. Нити пак проблемот дали некој крадел, а некој не. Основниот проблем во државава е - ако си контра власта ќе бидеш затворен, а ако и го лижеш задникот, слободно ќе си крадеш и ќе си крадеш и ќе си крадеш....
кога би се откриле и кај нив повеќе од 14 дела нема проблем и за нив ќе коментираме случајот е предаден во рацете на судот па ќе видиме како ќе се одвиваат работите и понатаму ќе коментираме но незнам кој напомена и тотално се согласувам дека ваков случај да се откиеше во друга држава со толку отстварени дела и неплатени даноци до сега катанецот на врата ќе беше ајде да видиме што ќе кажи судот :up:
Епа тоа е проблемот, што не се сака да се открие! Не дека нема дела, има и тоа како, ама не сакаат да постапуваат по нив. Исто како што не сакаа да постапуваат по делата на А1 цели 5 години, зошто си го имаа со Велија на ти го- дај ми го. Е сега кога ги помрсија конците со Велија, оп кривични постапки, дела, притвори. Јасно како бел ден.
Мислиш власта... Никој не го спори криминалот што се направил, свесни сме дека го имало, но зошто да биде селективно? Мене ниту ми е гајле за Велија, ниту пак ќе ми биде, директно не ме оштетил во никој случај а и да го поднел тој данок што го затаил немало ние обичниот народ да видиме некој аир, ќе виделе ташаците на Букефал. Пак ќе речам, никој не го брани Велија, ниту пак на некој му е гајле за него (освен на блиските и на вработените во А1), ама муабетот е зошто да биде селективно? Нека истражуваат насекаде каде што има криминал, а не да ги апсат оние што се контра власта за да ги замолчат па после да се фалат колку они се борат против криминалот. Незнам од каде си, ама прашај ги кратовчани како живеат на денешницава, како резултат на газда Ѕинго.
Луѓе, колку и да спориме се ќе остане исто. А1 пак сите ќе ја гледаме, другите телевизии не вредат колку неа. Друго, тоа дека Велија краде нема да се промени. И да си одлежи, кога ќе излезе пак ќе краде. Ова е Македонија. Секогаш ќе има крадци. Очигледно е дека никој од политичарите нема чист професионален бизнис, па така и овој Велија...
за Ѕинго погоре го дадов моето мислење јасно ми е за него све дали е селективно откривањето на делата на А1 или едноставно таму се прели чашата незнам а и никој од нас незнае пишав јасно доколку се откријат вакви дела и во другите медиуми слободно нека се коментира во секој слувај каков и неред да настане во државата последиците ги понесува на свој товар народот тоа така од секогаш било и така и ќе остане но преку глава му е на луѓето од нивните кукачки реклами треба да смислат нешто подобро што мене ме засега за А1 или за Велија Рамковски па да учествувам во неговата избледена кампања и јас сум А1 смешки а вработените ќе ги засега оти се вработени логично семејството ќе го засега оти ги наполни странските сметки со пари и за неговите прафнуци се разбира па што има тој да ме засега мене па уште и правда човекот ќе делеше во државата мислам страмота
кај нас барем поќе опозицијата цима ингереции одколку владата. врховниот суд секогаш ја подржува опзицијата така да ова само во книга ти со го велиш го пишува. тој што крадел ќе си лежи по0ран о или подоцна а сите во еден момент нема шанси...
а бе на сите што краделе ќе му дојди денот порано или подоцна. без разлика кој ќе дојди на власт. кај нас некој друг кажува што ќе се случува и каде ќе оди државава...
Пред да реплицираш едуцирај се малку! Врховниот суд бил на опозицијата, како па да не. Отвори ја страната на Врховниот суд и прочитај кој е претседател, во кое време е поставен, кој го поставил и слични работи,кои се судии, во кое време се поставени, па после реплицирај, ок? И не треси зелени, ако опозицијата има повеќе ингеренции, сите ќе сакаат да бидат во опозиција, никој нема да сака да биде на власт. И да, разграничи ги ингеренциите на Врховниот суд, на Апелационите судови, на основните судови, на Уставниот суд и на Судскиот совет, зошто очигледно мешаш баби и жаби.
Ашлинг, не сите ама повеќето во Врховен се. За Судски совет па да не зборуваме. Уставен суд го споменав зошто девојката на која и реплицирав најверојатно мислеше на Уставниот суд, зошто единствено во Уставен повеќето судии се од опозицијата. Ама Уставниот суд за жал не е судски орган, тој е републички орган и е надлежен за преиспитување на уставноста и законитоста на актите во државата(закони, статути, подзаконски акти и сл). Најбитниот орган кој разрешува и избира судии е Судскиот совет, кој е под целосна контрола на власта(кој и да е на власт) и во кој член е и министерот за правда. По правило, судството треба да е независно. По правило судството е третата независна власт во државата. Епа кој може да поверува дека судството е независно кога лично и персонално Министерот за правда е член на органот кој ги избира и разрешува судиите во целата држава?!? А плус тоа е член и во советот на обвинители, орган кој ги избира и разрешува обвинителите во целата држава! Тоа не е мешање на извршната власт во независното судство? Тоа не ли ствара притисок врз судијата кој можеби ќе сака да одлучи спротивно на власта? И да, ова го пишувам, не само за актуелната власт, општо за сите што биле и што во иднина ќе бидат на власт. Судството мора да биде независно.