Па нормално дека предност има државјанинот. Таму ти си гостин во нивна држава и пологично е тебе да те избркаат од работа,отколку него. Што е во случајов дискриминација? Или.. дали знаеш воопшто што значи зборот дискриминација? А, што имаше врска тоа јас што те прашав, со ова ти што ми одговори?
^^^ За Leonidicka: Велиш дека си магистер по меѓународна економија... И велиш дека знаеш повеќе за САД, Јапонија и ЕУ отколку за Македонија... Ако ова е точно - браво за тебе... , но некако не ми е верно сето тоа...Магистер си срц, но не знаеш реченица да склопиш како што треба...Не знаеш каде се става точка, а каде запирка..Основен правопис не знаеш, што го учат децата во предшколска возраст, а за терминиве што ги користиш во постот -баш се на "завидно ниво" , како што и доликува за еден магистер по меѓународна економија... Баш сакам да најдеме некоја соодветна тема на форумов и да подискутираме малку за економијата и да ме убедиш дека повеќе знаеш за САД, ЕУ и Јапонија, отколку за Македонија... Ама да не ги чепкаме чичко Гугл и тета Википедија, туку наши лични критички ставови да изнесеме и аргументи... Извинување од мене до модераторите на оваа категорија за офтопик мислењето, но морав да коментирам на магистерот над мене... Впрочем, ај ќе кажам некое зборче и за А1...Тоа што е сервис на опозицијата, ама во сенка - тоа го знаеме сите...Најстрого го осудувам упадот во телевизијата и попречувањето на А1 како електронски медиум, да си ја врши дејноста...Во врска со апсењето на Велија Рамковски, воопшто не се замарам , ако затајувал данок и се бавел со нечисти бизниси, нека си ја одлежи заслужената казна(и тој и неговите најблиски соработници)...Но, попречувањето на работата на А1 и замрзнување на сметката на телевизијата е кршење демократските принципи до максимум...Од друга страна пак, секогаш кога ќе го отворам официјалниот веб сајт на телевизијата, читам како поскапело ова, она, власта ова, опозијата она...Секаде во регионот се поскапени основните намирници, горивата и сметките за струја, а А1 упорно и упорно ја обвинува владата за тоа...Исто така имав една голема замерка, неделава што измина - почина г-ѓа Доста Димовска и само еднаш се изјави на А1 и тоа беше се...Според мене, требаше малку повеќе да и дадат простор на сајтот(ниту известија за погребот, ниту ништо...) Сепак таа беше дел од политичката сцена во Македонија и имаше удел во многу работи...Сега за сега, ми се тоа замерките за А1, а се останато ми е ОК и натаму ми е најомилен медиум...
Неможам да сватам како може да работат со блокирана сметка. Спојлер Се случи еднаш да ни ја блокираат сметката на фирмата заради неподмирена РДТ... неможевме да функционираме ни еден ден
Велија и компанија се во притвор, но не се сеуште осудени .Се додека не ги осудат, т.е. не ја докажат нивната вина - невини се Иако звучи небулозно, ама така е...Така да блокирањето на сметката е апсурдно се додека не се донесе судска пресуда.
Окккк, но кажуваат дека им е блокирана сметката....КАКО РАБОТАТ???? од дома ли носат пари за превоз, комуналии, материјали.....
Тоа во Оддел за финансии да прашаме, во телевизијата Знам дека во 2-3 наврати им ја блокираа и сериозно им ја попречија работата, а дали и во моментов им е блокирана сеуште - не знам...Значи дури и на еден ден да им била блокирана, не е во ред, додека со цврсти докази не се докажат валканите бизниси на Велија и соработниците...Колку и да му одредат казна, ќе треба да стисне заби и машки да си ја одлежи и тој и останатите во "друштвото" , а не пред време да упаѓаат во телевизијата, да прават скандали, да им блокираат сметки итн...
Да, сметките им се сеуште блокирани, дел од комбињата што ги разнесуваат печатените медиуми низ градовите се исто така одземени (тајно) итн...
па функционираат со блокирани сметки тука е синчето Хеди да се погрижи за тоа од некоја државичка каде што е закован се труди да си течат работите во нормален тек исто како ништо да не се случува се разбира
ова е форум и не се замарам да пишувам правилно а во тоа што го кажав и зборот дискриминација има логика ама за разлика од тебе јас немам многу време да пишувам овде цели реферати и не ми е целта да се докажам се имам докажано онаму кај што треба а овде искрено немам таква цел. убаво ти имам напишано читај меѓу редови тоа ќе ти користи. а на гугал и на википедија многу не верувај
Во контекстот каде што го спомна зборот дискриминација нема АПСОЛУТНО никаква логика. Јас ти кажав зошто нема, ти не се ни трудиш да кажиш зошто ние грешиме, само кажуваш дека има логика. Која е логиката на странски државјанин да му се дава поголемо право отколку на свој? Која е тука логиката и дискриминацијата молим те? Секој си има начин на изразување, го ценам твојот. Но, зошто ако си магистер по меѓународна економија не' не просветлиш со тоа каква е економската ситуација во САД или уште подобро направи ми една паралела со онаа на Јапонија. Барем да видиме ние Македончињава напатени во кој век сме застанале. Ти реплицирам на овој коментар иако нема врска со темава,зошто ти го наметна тоа твое образование на тема која што нема врска со тоа. Гугл и википедија за тебе се БО-ГО-ВИ! Неповикана ти реплицирав,ама ми изгледаш како интересен лик. Само сега да си продолжиме со А1. И викаш ја поддржуваш А1 ?
во никој случај не ја подржувам. кој си направил прекршок нека си одговара. а за зоборот дискриминација има затоа што една компанија треба да ги бира кадрите по нивната квалификација а не по тоа од каде тие доаѓаат( " постои во сатутот на сите поголеми компании") ама никаде тоа не е така.а ако те интересира за САД и Јапонија има една книга меѓународни односи се вика милам е преведена од владава не ми текнува од кој автор беше
Баш дека е јавен форум ова и илјадници читаат - треба да се потрудиш да пишуваш како што треба, посебно еден магистер како тебе, по меѓународна економија... Друга работа, тоа со Google и Wikipedia - беше наменето за тебе...Трето, после точка новата реченица започнува со голема буква...
Како еден магистер мислам дека треба веќе да ти е вкоренето правописното пишување. Не знам, мене се така ми се чини, нема потреба да си мислиш, еј треба тука голема буква да ставам, или запирка, си знаеш веќе каде и што треба да се стави... Нема везе, секој сам се лаже, нас тука сигурно не. А во врска со темава, јас си имам кажано за а1, не ја поддржувам и Велија треба да си остане кај што му е местото. И Ашлинг не напиња воопшто, си има некои ставови си ги брани, па така и се развива дискусија. Да не беше она пола од темите во Политика немаше ни да заживеат
Хаххахахаххахааа...Ова делче не сум го прочитала од "магистеров"...Закони до Врховен суд... Добра е...Ej, Leonidicka - а замисли го ова - јас гледам 15 години во минатото, сегашноста и 50 години во иднината...
Хихихи као воспаление на слепо црево си. И те молам кажи дека погреши кога си напишала дека закони се ставаат на процена пред врховен а не пред уставен суд. Ако пак не било грешка запали си ја дипломата. Во врска со "темава", мене ми изгледа како една реклама, за која не вреди да се зборува ниту пишува, ова е наметнато со политичка цел, кампања која трае предолго. Што е тоа и јас сум а1, кој е а1? Зошто да сум а1, не сум јас тв бре. Зошто едноставно не си направија реклама-јас сум Велија, поддржете ми го криминалот, кажете да за непочитувањето на законот. Покрај турскиве серии кои чат пат ги загледувам не пуштам а1, иритира обидот за труење мозочиња.
Јас пак откако сум си го научила правописот секаде и се што ќе напишам го пишувам како што треба. Не дека се замарам како ќе изгледа туку едноставно тоа е веќе стекната навика. Како на пр. воспитанието, стварно не ми е јасно.