И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    [​IMG] :wasntme:
     
    На zhap4e, Hipica и DivineChaos им се допаѓа ова.
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Мислам дека сите овие работи кои се од "основна" потреба за граѓаните ќе ги направеше било која влада да беше. Тоа им е должност. Значи во овој период какви биле патиштата, каква била состојбата во здраството, како се однесувале службените работници... Сето тоа го извојувал народот. Па сега мора и нешто корисно да се сработи...
    Мислам дека недостасува нешто големо, некоја инвестиција , нешто од што граѓанинот ќе има корист, а и целата држава ќе профитира и ќе напредува (ете такво нешто немаат да искористат во предизборие), а тоа да ги пополнат дупките на патот за јас да не си ја кршам колата, или да ме игнорира партиски вработената секретарка (зашто така без мака ја вработиле затоа и така би се понашала) или во јавна болница да одам заради грип а недај боже би закачила незнам што-мислам дајте луѓе за тоа би се погрижил секој кој е на власт.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Епа тоа и сакав да кажам, кога веќе се било средено од тие основни работи, сега дошло време да се инвестира во нешто големо, а не во споменици кои се непрофитабилни, се крајно срамни зашто се кичерајски и веќе видени. Туризам нема во никој случај да привлечат, тој што сака да види такви работи има каде да отиде за да ги види, барем ќе ги гледа во оригинална верзија. Тогаш, за што ни се? Само лапаат пари уште толку зашто некои позеленеле па морало да се поправат.
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    139.609
    Видовте вчера ЕКПЕРТ викнале, кој е асистент на факс, а го имануваа со ПРОФЕСОРЕ за да им дадат на значење. Асистентот или демостраторот на професорката носител на листа на сдсм делеше ЕКСПЕРТСКИ мислења. Денес секој може да биде експерт. без разлика дали е.
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Дечкото се што си кажа беше права вистина.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.108
    Допаѓања:
    257.623
    Дечкото ми предаваше и се работи за паметна и интилигентна личност, прекрасен е и убаво предава, а пред се си ја познава работата. Затоа не зборувај само така и не трчи да оцрниш некого. И не и ассистент на Ана туку тој е ассистент по Уставно право и Политички систем, а Ана Данева- професорката што ја спомнуваш предава Административно право.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    139.609
    Moже тебе ти е прекрасен како дечко, ама експерт не е , ниту пак професор. Плус не по уставно туку управно право, а Данева тоа и предава. еве види
    Во март 2006 година со одлука на Наставно научниот совет на Правниот факултет е избран за демонстратор на предметот Јавна управа, по што во јануари 2007 година е избран за демонстратор на предметите Управно право, Теорија на управувачки системи, Управно право-применета програма и Јавна управа, како и Административно право и Јавна администрација (ЕКТС) и активно учестувал во изведувањето и подготовката на наставата и вежбите по наведените предмети. На 23.4.2008 година со одлука на Наставно научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје е избран во наставно звање помлад асистент, а на 26.4.2010 за асистент на научната област административно право и јавна администрација на политичките студии на Правниот факултет.


    До сега има објавено стручен труд на тема „Целта на ООН, живот во свет на поголеми слободи!?“ во зборник на Правниот факулет (2006), научен труд на тема „Е-Управа, примјена и предности ИКТ-а у управном поступку Републике Македоније“, објавен во зборник на Копаоничката школа на природно право во коавторство со проф. Д-р Борче Давитковси и проф. Д-р Ана Павловска-Данева (2009) - преземено од pf.ukim.edu.mk


    Ете затоа ТИ не трчи пред да пофалиш кога не знаеш. Тој може е интелегентен, се ок за него, ама за експерт или професор треба време и искуство.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.108
    Допаѓања:
    257.623
    Моја грешка, го помешав со другиот ассистент, фала што ме исправи. Поентата ми беше дека не е битно која партија е, и иако не се работи за професор, сепак дечкото има познавање од таа област, сепак закон си е закон, не можеш да смениш ништо, ниту пак да измислеш нешто што не е така, па затоа далеку од тоа дека не беше компетентен да зборува за ситуацијата.
    Инаку покрај тоа што тој е асс. на професорката, тој е асс. и на деканот, а деканот не се наоѓа на пратеничката листа на опозицијата. ;)
    Така да не држи место ако е асс. на Ана Павловска- Данева, се што зборува не е соодветно и точно.
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    139.609
    Ниту пак дека е експерт или професор. За експерт треба многу искуство, не читање еден закон. А за професор....ехеее уште колку. Ама а1 мора да напумпа за гграѓаните да мислат дека е така.
     
    На al-vik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. princesssss

    princesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Супер се а1, без добри кога власта ги покриваше украдените пари преку нив, а сега се лоши затоа што ја кажаа вистината на глас. Се тоа што го кажуваат на телевизија е точно, дека вмро дпмне ги принудува луѓето да носат членови, и конечно некој докажа, епа сега ние џабе тука расправаме, ке видиме сега што ќе кажат амбасадорите и ЕУ, кршењето на човековите права мора да престане!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    139.609
    Вистина е кога ги кажуваш двете страни. а1 никогаш не објавуваат демант. Сите телевизии и весници викаат едно, они само друго. Не може сите да лажат а они да се вистинити. Се знае дека независното новинарство умре со нив. Види им пратенички листи, па види им вести, лажни писма од ФУЛЕ (ЗАМИСЛИ),
    јави се ИВО, па после исклучи го, листи на кои земаат плати на рака за да не платат данок(ако сакаш слики иам од ФБ) се се знае за нив.
    Плус и пробај прати коментар кој е за нив неубав каде икаш дека не е точно(ни вреѓаш ни пишуваш невкусни зборови) види дали ќе ти објават. Се кладиме у било што ако објават коментар кој ќе го напишеш а да пишува дека Владата е ок, или дека Пајажина е супер акција. Селективност до бескрај.
    Ама за жал, кај нас има такви што веруваат во пропаганмди, освен сервирани информации не знаат да размислат подалеку и да истражат барем за своја наобразба, па им веруваат.
    Додека има овци, нека Ве стрижат
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Па нема да објавуваат деманти кога владата незнае што е демант и во секој ,,демат,, уствари ги клевети и навредува новинарите на А1, а ништо не демантира. А за ова дека само А1 објавива различно од другите медиуми, и не е баш точно. А1, Алфа, Телма, неделникот Фокус објавуваат едно исто, а Сител, Канал 5 и Вечер нешто сосема различно. Пушти Сител и теши се дека живееш во Швајцарија.
    За необјавувањето на коментарите на официјалните веб страни, не се буни и не скокај, кога истото го прават и Сител и Канал 5 и Вечер.
    За пратеничките листи не ни пишувај подобро, зошто Сител и Канал 5 се бетер - 6 години коалициони партнери на Грујо, објективност на ниво.
    А за ова последново болдираното во право си. Додека има овци ќе Ве стриже власта како што сака!
     
    На Offspring, tanja6 и DivineChaos им се допаѓа ова.
  13. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Вести на А1 одбегнувам, значи со каква негативна енергија те полнат тоа е неверојатно, свесни сме сите дека не сме сјајна држава ама лошто да се прави катастрофално,и на доброто секогаш да се бара лоша страна. А не ви е јасно зошто? Не сакаат Груевски да ги добие изборите за тоа што ќе дојде полош период за нив :) ,си водат тие своја кампања бре луѓе за нивна корист.
    Боа Виста-се изгуби во дискусијата, и пишуваш мислења со кои сакаш да ја одбраниш власта,ама за жал се заплеткуваш и несвесно пишуваш контра власта.
    П.С. Не се губам во дискусијата, не сум потпарол да Владата, за да ги бранам во секој поглед, тоа што ги подржувам во некои работи и не го обвинувам Груевски за тоа што цвеќето што го посадив во дворот ми се исуши :) , мислам до таму дојде А1 со нивните прилози. Нели треба реално и објективно да гледаме, кога гледаш така ќе видиш и добри и лоши работи, ама вие не го признавате тоа.

    Оффспринг-Јас те немам ни забележано на форумов, вака искрено ќе ти кажам, ама фино од твоја страна што ти мене си ме забележала :)
    Не се ни трудам некој да ме забележува,најмалку па овде, а зошто да го брукам твоето име, само дадов коментар на твои коментари,ете си била баш забележителна, па си ми влегла во очи.
     
    На SanjaKirchner и unlucky им се допаѓа ова.
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па мора сите тие сложно, дружно и договорено да ги презентираат информациите освен А1 оти им е страв што ли ќе им се случи ако ВМРО изгуби на овие избори.
    :D :D :D :D :D :D :D :D
     
  15. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    80
    Јас не сум А1 и во ниокј случај нема да бидам.. плус си плаќам данок..
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Јас не сум А1!
    Како може на обичниот граѓанин, да му стигнува неплатен данок од 3 ипол денари и да мора да се плати тој долг, инаку камати следуваат, а тој господинот Велија не плаќа милиони денари и пак да си седи дома? Е не може. Ич не го жалам, ни него ни вработените негови.
    Порано имаа ептен добра програма,ама сега.. :puke:
    И + со свои уши имам слушнато како кажуваат лажни информации на вести, како она дека владата го укинала тоа за трето дете, а нема врска до ден денешен земаат луѓето по 8 илјади и она дека тутунарите не земаат субвенции, како да не мижи Митре тулумби паѓаат, во такво нешто може да поверува само тој што нема никаква допирна точка со тутунарите, си земаат луѓето по 60 ден. за килограм тутун, можеби не навреме, но за еден месец, месец ипол највеќе.
    Ова од лично искуство го кажувам, татко ми одгледуваше тутун пред 2-3 год. убави пари си земавме тогаш.
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    какви бе субвенции земале?ланските субвенции уште ги немаат земено земјоделците,само ги маткаат ке биде,ке биде,сега ке ги пуштиме,наредниот месец ке ги пуштиме и ништо од тоа..само ветувања,а пари нема..и jaс ова го кажувам од лично искуство,од луге што ги познавам..
     
  18. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    денес случајно слушнав на А1 незнам во која емисија наутро ке зборувале за пензите-демек пензите растат но нема пари да се исплатат....се јавувам вечерта дома на скајп и додека зборуваме со моите се качува баба ми горе и и велам шо бе бабо пензијата ви касни? И она ваква :О не бе бабино ја зедовме и ја велам па така слушнав на тв и она вели нееее никогаш не ни касне пензија дури им ја и накачиле минатата година изгледа...ми станаа јасно многу работи...една од нив-дека многу лажат А1....
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.917
    Тања тоа важи за тие со јасна определба. :D

    И јас чув дека селективно се делеле убави пари...како ли како,веројатно многу чесно.По успех и поведение! :D

    Пензиите не каснат затоа што мора да има гласачко тело,разумеш?!А оваа влада на пензионери ќарува најмногу,место на студенти.Финтата е што пензиите на време се,ама оние буџетарине каснат до последен рок и плус додатоци кои им следат им ги делат со задоцнување од повеќе месеци за старциве да ги намират.Ама ок,ќе гледам на светлата страна,демек стари се и сами се издржуваат,а немоќни за друга заработка...ова со розеви очила и ако ги оправдуваме нештата.Значи да,пензиите растат,не каснат,а пари нема,а зошто нема,затоа што според нашиот систем кој е заостанат вработениот го плаќа пензионираниот,арно ама безработица итн итн да не го дрвам...се нема бе луѓе,се нема,од другите приливи пензии носат...не лажат,тоа е вистината.
     
  20. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    јас сум а1