И што треба да докаже ова дека законов е укинат или не е укинат? потегни-повлечи работава. Грст глупи закони се донесоа тоа е ФАКТ и тоа ќе ви го каже секој академски граѓанин што живее у земјава, бидејќи сите ги трпиме последиците. Еве ..визиве пак ќе ни ги уведат. Мора да е тоа од добрата тактичка стратешка евроинтеграциски ориентирана политика. И едните и другите се за никаде. Да не зборам ич па дека ова што ме трујат по телевизии и доживувам катаклизмични разочарувања и сум на раб на хистерично смеење и лудило од неверојатната количина на глупости што држи нашево кутро мало парчосано македонско тло. Ова на кампања ли личи бе? Ова е обична ферка и ништо повеќе. Уште на клоци да се кренат фали. Ренесанса на малограѓанство и уште еден доказ дека ПОЛИТИКА у земјава е апстрактна именка.
Абе овие уште од кога се вратија во студио изгледа се сигурно оти СДСМ заедно со сватот на Влија Цановски ќе ги добијат овие избори. Така изгледа.
Сеа дали се политички определени или не тоа си е нивно, ама срамота е да ги напаѓаат новинарите и камерманите Ццц така ли после треба да им враќаат ако ја изгубат власта овие од строго вмровските медиуми? За срамови се... Примитивизам...
ЈАС НЕ СУМ А1, ЈАС ПЛАЌАМ ДАНОК!!!!! Ќе ја нема, ќе ја нема, може не од утре, ама у најскоро време и те како!!
И јас сум А1 ! И јас сум Сител ! И останатите телевизии ! па нели е срамота бе да се плука по новинарите и телевизиите! да не не знаеме кој сме и што сме ? да не не знаеме за кој работи сител за кој работи А1? да не не ни е јасно за однесувањето на Латас тоа негово претерано однесување? изјавата прееска на сител ајде нека завршат побрзо вклучувањата па и јас да одам да славам? да не не ни се јасни игрите и на велија и сите? ах бре македончее.... само омраза и гнев меѓу младината постои !
Јас не сум А1 пошто јас сум си јас, а А1 нека си останат А1. Знам само дека моите ќе се среќни дур го гледаат Алириза, нема да им даваат по преку пола саат чинам РЕКЛАМНО ПРОПАГАНДНИ ПОРАКИ ! па на два пати да им го сецкаат Доста беше.
За данок или не што и да направил Велија нека си го казнат, ама него лично, а А1 и било која друга телевизија нека си постои. Па каде ќе ги гледаме лисјата Јас не сум ниту А1 ниту Сител јас сум Ана бре, ама немам ништо против ниту една телевизија.
ВЕЛИЈА ВЕЛИЈА толку бе човече ти делија си ја славеше победата од судницата ги покажа гордо неговите вилици. Дојде крај и на твоето крадење евети премиер кој ќе ти суди...
Јас не сум А1, бедни ми се. Велија си заслужи затвор (ситна роба, дуќанчина КАКО НЕ!), само да беше друга влада може немаше така брзо да го здрпа туку ќе ја ублажеше работата нели штом Заев беше помилуван ај некако и Велјо ќе го смотаме ај сите криминалци да ги остаиме на слобода, па на А1 и смета што Грујо апла го брцна во затвор. Ако му е, нека си седи баш ми е мило. А1 лично баш сакам да ги затворат иако тие немаат што друго освен шефот да си го бранат, ама сметам дека знаеле за целава оваа работа и биле соучесници може не новинарине и спикерине ама тие над нив сигурно. Бедни се баш, секакво достоинство изгубија ко питачи некои се сега само лаат, а кога се крадеа пари си ќутеа фино лепо. Па иако видовме малце Али Риза уз сите тие политички рекламирања, доста им беше ајт.
^^^ А глујо кога имаше корист од Велија, тогаш добар му беше, си ќутеше тогаш... Сега ќе го апси, нели? Кога сме веќе кај криминал, знаеш ли дека шефот на обезбедувањето на Мијалков, пред година и нешто усмрти човек на Партизанска во Скопје(го удри со мотор и човекот на лице место умре...) и еве го на слобода е, јаде, пие, шета со државни пари и стојко не му чуе што зави во црно една кутра фамилија...Ве молам не почнувајте за криминал за зборите , барем вие вм..очињата...Ќутете си и јадете си вмровско лепче и чекајте од локалниот штаб да ви се јават, да ви кажат дека ви нашле некоја работичка...
Немојте да глобализирате и да мешате активисти и симпатизери. А што, во Сдсм активистите не трчкараат ? Те молам, се знам со советник од таму колку пари има исподавано за партијата и им обезбедуваат и работни места и си кажуваат, а тука се збори демек само Вмро обезбедувало работни места. Како не, сите го праат тоа. Да не одам офф топик. Колку пати имам слушнато сдсмовци да зборат како само да дојдат на власт нова ера ќе почнела све вмровско од чистач до директор ќе било бркано од работа. Како едните, така и другите не гледам ништо подобро во Сдсм ај да не знаев активисти симпатизери ајде де, ама знам советник што најреално кажува и не крие. Инаку за А1, стојам на своето. Велија во ќелија.
подршка од мене нека се смират страстите докажано е дека во А1 има тежок криминал и нека не се мешата вмровчиња сдсмовчиња никој не замеша партии да му се суди и ништо поинаку. И на крај краева кој губи има право да се лути...Велија на суд до крај
И СДСМ ќе го апсеа во време на Бучковски, распрашај се кај истите извори кои ти даваат информации и зашто не го сториле. Бучко го имаше досието спремно за газда Велија. А, телевизијата нека си работи, сите новинари сакам да си останат и ниту еден да не испадне без работа. Но, со подобар газда и на нив можеби ќе им е подобро, да не им даваат пола плата на рака, а пола на сметка, да не им дава плата на новинари некои по 7 илјади на некои сеедно се парламентарци, пак и количиња да возат на негова сметка. Нека им плати придонеси, нека имаат стаж сите, а не само некои, нека имаат здравствено осигурување. Е тоа јас им го посакувам на А1, а не Велија.
Ама тие сироти, пак по него трчкаат наместо да си ја гледаат работата, му го слават ликот и делото наместо да се борат да опстанат тие уште се бунат да излезел од затвор криминалец жив, е тоа ме нервира кај нив. !
во ред ако е Велија лош газда и престапник ако заслужил казна нека ја одлежи, но поентата е дека во МК лежат во затвор само некои од престапниците а останатите си уживаат на слобода, а нивното криминално досие се чува во фиока.
Немам јас против Интересна да се уапсат сите, кои го прават истото. Ама ако тие не се уапсени, нема заради тој факт јас да барам слобода за Велија. Тоа е тоа што јас го посакувам за А1, време, шпиц, за сите новинари... а нека си дојде време и во останатите телевизии да се направи истата чистка. Ама за Велија да застанам и да го бранам, ма јок! Никогаш.