1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. Gjavolce

    Gjavolce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Пааа види вака....што сака нека гласи....реченицава ја „откраднав“ од баба ми :rock: и воопшто не ме занима точноста нејзина!!!!
    Со тоа сакав да кажам само дека воопшто не сум политички определена, дека темата не беше за политика (колку што сфатив) и дека мене и Груевски и Б.Ц. ми се исти, ама потполно исти. Што сакат нека си прават!!! Темата е во врска со случајот пајажина....случувањата со А1 телевизија (повторно ке кажам...колку што сфатив)
    Па боже мој...можеби и јас сум грешка...па ако ти штрумфета си во право...супер (човек учи додека е жив) 8) Пооозззз ;)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856

    Да да ептен отидовме офф-топик, некоја форумџика нека ни каже како е точно ова со комунизмот, а со оваа пајажината ама ништо не сум упатена и не разбирам, ама А1 си ја подржувам :lol:
     
  3. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    61
    На мене стварно не ми е јасно што гледа овој народ..Која власт, кој упад, кој грабеж...? Таа вечер кога влегоа на перо наков инспекторите имаат целосно право да ги истерат новинарите и да проверуваат онаму каде што треба... така е на секоја инспекција, на новинарите не им беше забрането да си одат, не им дозволуваа да си одат со своите автомобили, бидејќи на тој начин можат да прошверцуваат нешто, како што излезе подоцна дека носеле документи и пари токму новинарите во некој стан. Полицијата не ги ни допираше тие сами пискаа за џабе дури ми беа смешни.А1 е само една од фирмите таму ама единствена што е медиум па може медиумски пропаганди да шири. И другите фирми од Перо Наков ке ги затворат и тие краделе и таму ке останат луге без работа...Што се овие циркузи јас не знам...
     
    На al-vik, mina и viki44e им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Е ама сум си досадна самата себеси како крлеж, ама морам уште еднаш да се повторам - до кога во Македонија и каменчињата ќе бидат поделени за една или друга партија? До кога ќе има големо бројче на луѓе чиишто „мозоци се испрани со Еко Гонг“ (цитат преземен од Дафне)?
    Јас би рекла дека се испрани со Первол Маџик по се изгледа, затоа што некако многу луѓе прогледаа во бои а сепак останаа далтонисти.
    Секоја чест на останатиот дел од граѓаните чиишто погледи опфаќаат и поинакви бои од сета таа постоечка палета :)

    Ама ај, да зборам и гледам обоено. Јас СУМ А1. Зошто? Затоа што сум приврзаник на сивилото на македонскиот етер (ако тргнам од нивното лого). Сивилото е пријатно и неизбежно, секојдневно можеби но знае убаво да се искомбинира со што и да е.
    А1 е за мене прва буква, прв број. Кога имам време да вртам по македонските канали, А1 ми е првиот избор. Е добро де, не го гледам Али Риза ниту не знам тие останатите турски ликови како се викаат, не ги следам, ама гледам А1 и им ја следам програмата т.е. она што мене ми се допаѓа од неа.
    И пред се сум А1 затоа што оваа телевизија е знак на избор во Македонија - единствено ако не сакам да гледам или слушам оди на премиерот кои се презентираат на други места.
    Делумно сум А1 и заради носталгијата по првите емисии и новинари кои се појавија таму и дури и тогаш немаа влакна на јазикот, настапуваа солидно и критикуваа работи кои не чинат.
    Не гледам портокалово, ниту сино. Не барајте политички тон во ова што го пишувам. Само кажувам зошто сум А1. А тоа нема никаква врска со политиката.
    И не, Велија не ми платил за ова :D Само не сакам државава да му прави друштво на еден Туркменистан. Да речеме. Ете тоа.
     
    На KuklickaSk, BoaVista и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  5. Latinna

    Latinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    108
    Еве вака,ќе одам по ред.Штрајкуваат и протестираат луѓе со членски книшки од СДСМ.Откде знам?Имам семејство во Пелагонија,кое заработува од тутунот.Прееезадоволни се од цените!Истиот млекар,истиот тутунар!Имаше и уште нешто не ми текнува :?: ...И секогаш штрајкува истиот човек.Истите тие ,,тутунари,, ги повикуваа јаболкарите да излезат на портести.А зошто?Сите си беа задоволни и не излегоа на протести.За сметките и прехрамбените производи,тоа се приватни фирми.Приватниците можат што сакаат да прават со цените.Не им може никој ништо.За социјалната помош.Тоа беа Роми кој го предале тутунот,во џеб 5000 евра и соцјанлна помош?!Па ај тогаш и мене нека ми ја дадат.Јас цела година нема да заработам 5000 евра! :D Каков е тој хаос во образованието,во здраството? :?:
    За поплавите,затоа постојат осигурувачки компании кои при некоја непогода ти даваат оштета.
    Леле забегавме од темава :tmi:

    Туку за темата:Не знам зошто се протестира пред влада него пред суд? :?:Што има врска владата?!Не ми е јасно!
     
  6. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Јас НЕ сум А1 !!! :!:
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    А бе Грујчо толку е простичок ?
    Оф , па овој внука ми ќе го продаде, каква шупелка е...ццц страшно.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Дефинитивно, нема ништо полошо од испран ВМРО-вски мозок!!! :puke:
     
    На julie77 и BoaVista им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Аууууууу, сите оние тутунари, сите лозари, сите градинари, стечајци, сите корисници на социјална помош, сите универзитетски професори, лекари и стоматолози се СДСМ.
    Епа тогаш предлагам да му кажеме на Бранко дека нема потреба ни од предизборни кампањи ни од митинзи ни маршови, по вашите кажувања цела Македонија е со СДСМ.
    Е алал да им е на овие од СДСМ, а тешко на Грујо ако стварно е така :lol:
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Вистински игра :rofl: :rofl:
    PRASENJE ZA MILION DENARI

    KOJ E NAJUPOTREBUVANIOT ZBOR NA PREMIROT ZA VREME NA VESTITE NA A1?
    a) SUDOT
    b) A1
    v) VLADATA
    g) DAJTE MI SANSA DA KAZAM
    Брав бе Грујчо наш :clap: :devil:
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Хахааа , јас гласам за " НЕ Е ТАКА, АМА АЈДЕ НЕКА ВИ БИДЕ " :rofl:
     
  12. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    ^^(Наменето за девојката што напиша дека штрајкувале само луѓе со членски од СДСМ)
    Еден од господата тутунари што штрајкуваа пред собрание ја покажа својата членска книшка...и погоди што??? Беше од ВМРО! Како бе така??? Како ли смеел да штрајкува против своите?!?! 100% е наместено а??? Аааах бед бооој! :^)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    А ти гледаш ли вести како тутунарите си ги покажуваат своите вмровски членки или пак и тоа е некоја местенка? Нема проблеми во здравството? Во Македонија нема услови за некои критични операции, луѓето одат да се оперираат во странство а од државата неќат да им дадат ни денар. Пред некоја недела имаше недостаток на вакцини на хормон за раст. Пред извесен период имаше оценување на здравството во Македонија, сите дадоа оценка 0 голема. Тоа не се проблеми? Во образовнието нема проблеми? Професори нови вработени по партиска линија (читај вмровци), немаат блага веза од настава или материјал дошле во училиштето мене да ме учат, да ги гледаш и да им се смееш, па после и неписменоста завладеала во Македонија. Не тоа не се проблеми, на Грујо џепчето му е полно со парички, што има него главата да го боли за граѓаните?

    Ептен забегавме. Темата беше И јас сум А1.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    И би додала
    д) јас сум претседател на влада :D |(

    Во врска со темава...И јас сум А1.
     
  15. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Јас сум за д)-то од Џули. Мој конечен одговор! |(
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    И јас НЕ сум А1! :P
     
    На Stam, angelce1 и UbavkaBube им се допаѓа ова.
  17. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Хахахаха.... Што објасни нашиот 'претседател на влада' во интервјуто пред неколку минути на А1? Ќе може некој да ми каже????
     
  18. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166

    Латина Штрајкуваат тие кои не се задовлни од власта а такви ги има многу во Мак...никој не е улав ако му е се пно и рамно да иде да штрајкува и да мрзне на студот....ама сигурно не им е, па са излегнали да протестираат......Викаш Зошто протестираат пред владата а не пред судот......судот и така извршува наредби на власта (игра како што им свири владата) па за џабе ќе идат пред судот...а тутунарите, лозарите, стечајците секако дека ќе протестират пред владата...нели таа е одговорна за проблемите на граѓаните (само што не си ја врши одговорноста како што треба) наместо да им помогне таа си гради скапи споменици кои за мн кратко време позеленеа..... и како сега Скопје да цвета со тие споменици тоа е страшна работа...а со тие пари на колку луѓе ќе им помогнеше и колку проблеми ќе решеше во здравството,барем малку од невработеноста ке се намелеше, а подобро малку од николку... :^)
     
  19. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Значи не сум јас единствената што се чуди... :^) :^) :^) :^) :^) Како може само една личност во рок од неколку минути да изнатреска толку многу глупости??? Не можам се уште да сфатам што сакаше да каже дека тој не е крив, дека само за тоа барал интервју....хахахахахахаахха :^) :^) :^) :^) Срамота
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    за Латина...

    Си била на Клиника да видиш како е? Знаеш колку се чека за обично снимање? Знаеш колку доктори се излезени од Клиника и отидени по приватни болници? (изглеа за сдс се и тие, па си одат за инат на Груевски)
    Знаеш дека им каснат со плати?
    Знаеш како се вработуваат административци?
    Знаеш дека затворање на медиум, и повици од типот на * НЕ МУ ВЕРУВАЈТЕ НА А1* е еднакво на диктатура?
    Знаеш дека НИКАДЕ ВО СВЕТ, позиција не штрајкува против ОПОЗИЦИЈА?


    Се е супер во Македонија бе. Уште фали медов од пред влез да го соберам. Бар да имам лебов со што да го намачкам


    Се извинувам за офф.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.